Спорт
Мбапе двоен стрелец против Анже
Пари Сен Жермен оствари нов триумф во Лига 1 откако рутински славеше против Анже на гости со 1:2. Тимот на Кристоф Галтие брзо обезбеди предност, но потоа како да подзастана.
Килијан Мбапе беше двоен стрелец за „светците“. Го отвори резултатот во деветтата минута, а потоа уште еднаш стрелаше во 26.минута.
Анже во финишот постигна почесен гол преку Сада Тиуб во 87.минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ и Мусети играа до три сабајле – Светскиот број 1 победи во пет сета
Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети одиграа спектакуларен меч во третото коло на Ролан Гарос. Мечот траеше четири часа и 29 минути, заврши во три часот и седум минути. Ѓоковиќ славеше со 7:5, 6:7, 2:6, 6:3, 6:0.
„Ова е можеби мојот најдобар меч во кариерата на Ролан Гарос“, рече Ѓоковиќ по победата над Мусети.
Поради пренатрупаниот распоред, мечот започна два часа подцна од предвиденото во 22:35 часот. Оние кои останаа, а ги имаше доста присуствуваа на најдобриот меч во досегашниот тек од турнирот.
Блескаше Мусети, спаси сет топка за предност на Ѓоковиќ 2:0, го освои сетот изедначи на 1:1, а потоа во третиот сет издоминира против свеетскиот број 1. На крајот третиот сет Мусети имаше 12 винери повеќе и 10 неизнудени грешки помалку.
Но Мусети потона по 2:2 во четвртиот сет. Веројатно клучниот момент се случи при резултат 40:30, кога Италијанецот направи дупла грешка, а потоа Ѓоковиќ направи брејк.
Тука играта на Мусети се распадна, до крајот на мечот тој освои само еден гем, а Ѓоковиќ 10.
Противник на Ѓоковиќ во четвртото коло ќе му биде Аргентинецот Франсиско Серундоло.
Спорт
Дон Карло, апсолутен рекордер во Лигата на шампионите
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти стана најтрофејниот тренер во историјата на Лигата на шампионите.
На „Вембли“, петти пат во кариерата стана европски првак. Реал во финалето ја победи Борусија Дортмунд со 2:0.
Дон Карло трипати го освојуваше овој трофеј со Реал, а уште два пати со тимот на Милан.
По натпреварот тој имаше интересна изјава за тоа како ќе го прослави овој апсолутен рекорд и уште еден трофеј во низа.
„Ќе славам во карактеристичен стил, со уште една пура на плоштадот Цибелес во Мадрид“, беше одговорот на Анчелоти во изјавата за шпански „Мовистар“.
Секако, имаше и неколку зборови за самиот натпревар.
„Малку го турнавме Винисиус понапред, бидејќи во првото полувреме бевме малку мрзеливи, ја губивме топката. Играа како што сакаа, влегоа во многу опасни ситуации и многу опасно не нападнаа“, изјави Анчелоти.
Имаше што да каже и за Тони Крос кој со оваа титула се збогува од Реал Мадрид.
„Малку е тажно што Тони вака не остава. Но тој е на врвот на кариерата и тоа мора да се почитува“, заклучи Анчелоти.
Спорт
Модриќ е играчот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид
Лука Модриќ стана фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид.
Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 на „Вембли“ во Лондон и ја освои Лигата на шампионите. Тоа е 15-та европска титула во историјата за „кралскиот клуб“.
Стрелци за Реал беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута.
Капитенот на Хрватска влезе во игра во 85. минута и го освои својот шетти пехар во ЛШ и на клупската листа се изедначи со Пако Хенто.
Воедно, ова е 26. титула за Модриќ во дресот на Реал, што значи дека тој е фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на Реал.
Модриќ ги претекна поранешните соиграчи Карим Бензема и Марсело.
Актуелниот капитен на Реал, Начо Фернандеш е изедначен за првото место со Модриќ.
Модриќ стана и најстариот играч кој некогаш играл за Реал во финалето на Лигата на шампионите. Рекордот доаѓа од фактот дека Модриќ е најстариот играч на Реал во ЛШ воопшто.
Тој го собори овој рекорд во полуфиналето против Баерн, кога настапи на возраст од 38 години и 234 дена.
Модриќ е и играчот со најмногу настапи во финалето на ЛШ откако елитното натпреварување се игра во овој формат.
Тој по шести пат играше во финалето на Лигата на шампионите, што досега го имаат постигнато само Паоло Малдини и Кристијано Роналдо и неговите соиграчи Начо и Тони Крос.
Досега, со пет настапи во финалето, Модриќ беше изедначен со Бензема, Патрис Евра, Кларенс Сидорф и Едвин ван дер Сар.