Спорт
Мбапе го стави потписот на договорот со Реал

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе официјално е нов член на Реал. Откако успешно ги помина лекарските прегледи, Мбапе се упати на „Сантијаго Бернабеу“, каде што потпиша договор со европскиот и шпанскиот шампион.
Во друштво на претседателот на клубот Флорентино Перез, напаѓачот се обврза на соработка до летото 2029 година.
Со тоа ставија крај на долгогодишните шпекулации за тоа кога и дали Мбапе ќе го облече белиот дрес.
Францускиот репрезентативец само за са потписот ќе добие бонус од 130.000.000 евра, додека во Мадрид ќе заработува 26.000.000 нето годишно.
🔴✍️ ¡¡Momentazo que se ha aplaudido con furor en el Bernabéu!! Las pantallas muestran el momento de la firma de Mbappé junto a Florentino Pérez
👉 Sigue en directo la última hora de la presentación https://t.co/5WxynL4hk4 pic.twitter.com/pLLOkWiWno
— MARCA (@marca) July 16, 2024
Мбапе, како и сите други асови на Реал, доби дополнително време за одмор, па ќе ја прескокне турнејата низ САД, каде што кралскиот клуб ќе игра против Милан на 3. август, а три дена подоцна против Челзи, реално е дека на располагање на Карло Анчелоти ќе му биде во битката со Аталанта за трофејот во Суперкупот на Европа, на 14 август во Варшава.
Тој ќе го носи бројот девет на грбот, кој немаше сопственик откако Карим Бензема замина во Саудиска Арабија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Манчестер сити ќе се бори за трофејот во ФА купот

Фудбалерите на Манчестер сити вечерва се пласираа во финалето на ФА Купот откако на „Вембли“ го совладаа Нотингем Форест со 2:0.
Лошата сезона на Сити сепак би можела да заврши со барем еден освоен трофеј, бидејќи момците на Пеп Гвардиола ја оправдаа својата улога на фаворити против „шумарите“ кои 34 години чекаат на трофеј во англискиот фудбал.
„Граѓаните“ го започнаа натпреварот на идеален начин со оглед на тоа што поведоа во втората минута, убава тимска акција по додавањето од Ковачиќ ја круниса Рико Луис.
Второто полувреме започна со непрецизен шут на Еланга, веднаш потоа се истакна голманот на Нотингем, Силс, кој успеа да го одбрани ударот на Луис, а Белгиецот повторно забележа одбрана по ударот на Ковачиќ.
Сепак, Нотингем не беше во можност да го запре налетот на Сити, кој во 51. минута ја зголеми предноста преку Јошко Гвардиол.
Сити 14.пат ќе игра во финалето и ќе се обиде да го освои осмиот трофеј во ФА купот. Во финалето противник на „граѓаните“ ќе им биде Кристал Палас.
Спорт
(Видео) Ливерпул со „петарда“ ја обезбеди шампионската титула

Фудбалерите на Ливерпул во 34.коло и математички ја обезбедија 20.титула во Премиер лигата. На вечната листа Ливерпул се изедначи со Манчестер јунајтед. Ливерпул го победи Тотенхем со 5:1 и на четири кола до крајот на сезоната стекна недостижни 15 поени предност во однос на Арсенал.
Попладнево на „Енфилд“, Тотенхем водеше од 12.минута со голот на Соланке, а потоа се случи дебакл.
Четири минути подцна изедначи Луис Дијаз, Мекалистер во 24. погоди за 2:1, а Гакпо во 34.минута го постигна третиот гол.
Во второто полувреме, најдориот играч и стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах, постигна гол во 63.минута, а пет минути подоцна Удоги со авто гол го постави конечниот резултат.
Спорт
(Видео) Интер ја совлада Рома и му го даде првото место на Наполи „на чинија“

Интер загуби од Рома во 34. коло од Серија А на „Џузепе Меаца“ и со тоа му ја отстапи пол-позицијата на Наполи во борбата за титулата.
Избраниците на Симоне Инзаги одиграа лош натпревар и кон средината на следната недела ќе се борат за финалето во Лигата на шампионите против Барселона.
Во првото полувреме потценување е да се каже дека Рома беше подобриот противник. Сосема заслужено „Вучица“ поведе во 22. минута откако одбраната на „нероазурите“ беше летаргична. Шомуродов му додаде на Суле кој го провери Зомер.