Спорт
Мбапе и Камавинга го напуштија кампот на репрезентацијата
Француските фудбалери обезбедија пласман на Светското првенство едно коло пред крајот на квалификациите, откако остварија убедлив триумф од 4:0 над Украина.
Килијан Мбапе беше еден од најзаслужните за пласманот на „триколорите“ на Светското првенство, но во меѓувреме се здоби со лесна повреда.
Станува збор за воспаление на зглобот, а со оглед на тоа што визата за САД, Канада и Мексико е веќе обезбедена, нема потреба најдобриот играч на Франција да се изложува на ризик во натпреварот од последното коло од Групата Д со Азербејџан (недела, 18.00 часот).
26-годишникот веќе се врати во Мадрид, каде што ќе се одмори и ќе ја санира повредата пред да ги продолжи клупските обврски.
Заедно со Мбапе, во Мадрид се врати и Едуардо Камавинга, неговиот соиграч од Реал.
„Камавинга претрпе истегнување на тетивата на левата нога. Мбапе сè уште страда од воспаление на десниот глужд, што бара дополнителни тестови. Тие ќе бидат подложени на нови тестови денес во Мадрид“, се вели во соопштението на Француската фудбалска федерација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар
Ландо Норис и Оскар Пјастри водат голема борба за титулата во шампионатот во Формула 1.
Двајцата се возачи на Мекларен и тоа ја прави борбата уште поинтересна. Моментално, Норис има предност од 24 поени, а до крајот на шампионатот остануваат уште три трки.
Многумина мислат дека постои големо соперништво меѓу Норис и Пјастри надвор од патеката. Сепак, младиот Австралијанец го негираше тоа.
„Ландо и јас одлично се согласуваме. Мислам дека нашиот однос никогаш не бил подобар. Причината е едноставна. Три години сме клупски колеги и секој ден се запознаваме сè подобро и подобро“, рече Пјастри.
Следната трка во шампионатот е на 22 ноември, во Лас Вегас.
Спорт
Гатузо им се налути на навивачите
Селекторот на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, остро одговори на критиките, бидејќи неговиот тим го скрши отпорот на Молдавија (0:2) во квалификациите за Светското првенство во финиошт с голови во 88-та и 93-та минута.
Додека резултатот сè уште беше 0:0 кон крајот на натпреварот, мала група италијански навивачи почна да протестира, скандирајќи им на играчите „да одат на работа“. Гатузо не се согласи со нивните критики, нагласувајќи дека тимот играл добро.
„Протестите на навивачите се срамота, жал ми е за она што го слушнав. Ова не е време да им кажуваме на играчите да одат на работа. Мора да останеме обединети бидејќи тимот се мачи на теренот, а да слушам 500 навивачи кои зборуваат секакви работи е нешто што не го прифаќам“, рече Гатузо.
Италија сè уште може, во теорија, да се квалификува за Светското првенство како победник во Група И. Тие се три бода зад Норвешка, нивниот следен и последен противник во групата, но ќе им треба многу убедлива победа (со разлика од девет гола) за да ја поништат гол-разликата. Затоа, „аѕурите“ ќе ја бараат својата шанса преку баражот.
Италијанската репрезентација последен пат учствуваше на Светското првенство во 2014 година. Ги пропушти турнирите во 2018 и 2022 година по тешките порази во плејофот од Шведска и Македонија.
Спорт
Роналдо ќе биде суспендиран за првите два натпревари на Светското првенство?
Кристијно Роналдо го доби првиот црвен картон во неговата репрезентативна кариера од 226 натпревари. Тој беше исклучен за време на квалификацискиот пораз за Светското првенство 2026 против Република Ирска (2:0).
Во 60-тата минута, тој ја удри Дарен О’Ши со лакт од фрустрација. Доби жолт картон, а откако судијата ја прегледа снимката, ја смени одлуката и го исклучи Португалецот.
Во моментот кога Роналдо доби црвен картон, Ириците водеа со 2:0, со головите на Трој Парот. Иако петкратниот освојувач на Златната топка е познат по тоа што ги губи нервите низ годините, тој никогаш не добил црвен картон во дресот на националниот тим.
Роналдо сигурно ќе го пропушти последниот квалификациски натпревар против Ерменија во недела, кога доколку не се случи уште една сензација, Португалија треба да го завери пласманот на Мундијалот.
Останува да се види колку ќе трае конечната суспензија, бидејќи може да добие суспензија од три натпревари поради насилно однесување.
Дисциплинските правила на ФИФА налагаат суспензија од „најмалку три натпревари или соодветен временски период за напад, вклучувајќи удирање со лакти, тупаници, шутирање, гризење, плукање или удирање на противник или лице кое не е службено лице на натпреварот“.
Дисциплинската комисија ќе одлучи за неговата судбина. Доколку му биде изречена забрана од три натпревари, Роналдо би можел да ги пропушти првите натпревари на Португалија на Светското првенство следното лето.
Со оглед на тоа што легендарниот напаѓач, кој ќе наполни 41 година во февруари, потврди дека СП 2026 ќе биде неговиот последен голем турнир, тој се надева дека казната ќе биде што е можно поблага.
Во кариерата, ова е 13-то исклучување на Роналдо, девет пати добил директно црвен картон.
Тој беше исклучен шест пати во Реал Мадрид, пет пати во Манчестер Јунајтед и еднаш во Јувентус.
Foto/ EPA

