Спорт
Мбапе: Јас сум играч на ПСЖ, за Реал можам само да навивам
Килијан Мбапе, во изјава за „Канал+“, по натпреварот со Монако, рекол дека и наредната сезона ќе игра во ПСЖ.
Напаѓачот, кој синоќа постигна хет-трик, против својот поранешен клуб, рекол дека ќе остане во Париз, а во Мадрид може да оди само како некој што има голема почит кон Реал.
„Ќе останам во ПСЖ, му се приклучив на овој проект. Среќен сум што Зизу се врати во Реал, но таму можам да одам само како навивач“, рекол Мбапе.
Пред еден месец, неколку европски медиуми, објавија дека Реал биле подготвени да издвојат 280 милиони евра за младиот напаѓач.
Инаку, Зидан покажа интерес за Мбапе уште во 2017 година, кога напаѓачот блесна во Монако. На крајот тој заврши во ПСЖ за 170 милиони евра, а има договор до 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лука Јовиќ сепак ќе остане во Милан
Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ ќе остане во Милан до крајот на сезоната, открија италијанските медиуми.
Италијанскиот весник „Тутоспорт“ објави дека Монако и Монца, односно Спартак Москва покажале интерес за 27-годишен напаѓач, но нивните понуди биле одбиени.
Тренерот на „росонерите“ Серж Консеисао во разговор со српскиот фудбалер истакнал дека е задоволен од она што го покажува на тренинзите и му ветил шанса во остатокот од сезоната.
Јовиќ е член на тимот на Милан од септември 2023 година, а неговиот договор истекува на 30 јуни годинава.
Спорт
Нејмар потврди дека се враќа во Сантос
Прашање на време е кога Нејмар и официјално ќе се врати во Сантос. Фудбалерот неодамна го раскина договорот со Ал Хилал.
Нејмар во последните месеци не крие дека сака да се врати во Сантос. Бразилецот објави интересно видео кое е краток преглед на неговата кариера. Во него тој откри дека ќе потпише договор со Сантос.
„Се чувствувам како времето да се вратило назад. Овде сум со пријателите и семејството, кои веќе ја знаат мојата одлука да потпишам за Сантос, со што се исполни мојата голема желба. Како вчера да беше кога пред 12 години го напуштив Сантос. Моите чувства кон клубот и навивачите никогаш не се сменија“, рече Нејмар во видео пораката.
Нејмар последните 18 месеци беше во Ал Хилал, но одигра само седум натпревари за клубот. Неодамна го раскина договорот и доби 62 милиони евра. Помеѓу Сантос каде што ја започна фудбалската кариера и Ал Хилал играше и за Барселона и Пари Сен Жермен, а сè уште го држи рекордот за најголем трансфер, кога Пари Сен Жермен во 2017 година плати 222 милиони евра.
🤍🖤 🇧🇷 pic.twitter.com/iuZZ2ggE1J
— Neymar Jr (@neymarjr) January 30, 2025
Спорт
Дувњак: Сега можам да се пензионирам
Хрватскиот ракометар Домагој Дувњак беше особено емотивен по победата над Франција и изборениот пласман во финалето на Светското првенство.
Хрватската ракометна репрезентација одигра брилијантен натпревар, во преполната Арена Загреб, избраниците на Дагур Сигурдсон ја совладаа Франција со 31:28.
„Голема благодарност до момците и прекрасната публика. Она што го одигравме денес беше совршенство во одбраната. Срцето ќе ми пукне. Всушност, шокиран сум што овие млади момци одиграа храбро и паметно. Среќен сум поради нив. Се надевам дека нема да чекаме толку долго за следниот медал.
Неверојатно е колку проблеми имаме во текот на целиот турнир. На крајот никој не се пожали. Се плашев дека ќе изгорат. Се восхитувам колку паметно одиграа. Како да имаат не знам колку години искуство. Хрватскиот ракомет има иднина. Мене светот ми се распадна по натпреварот против Аргентина.
Благодарност до тренерот што иако сум повреден ме трпи на клупата. Можам мирно да ја напуштам репрезентацијата. Ова е победа за сите луѓе кои не поддржуваат. Јас сум пресреќен. Ќе бидеме подготвени за финалето“, изјави Дувњак.