Спорт
Мбапе: Кога ќе решам веднаш ќе ја објавам одлуката

Фудбалерот на ПСЖ Килијан Мбапе открил дека сè уште не решил каде ќе ја продолжи кариерата. Дополнил дека секојдневно има некои нови елементи во најважната одлука во неговата кариера.
Килијан Мбапе има договор до ПСЖ до крајот на сезоната. Доколку не потпише нов, како слободен играч ќе замине од Париз. Младиот напаѓач најчесто се поврзува со трансфер во Реал.
„Сè уште не сум донел никаква одлука. Размислувам, има некои нови елементи, не сакам да донесам погрешна одлука“, рекол Мбапе.
„Кога ќе решам, јавно ќе ја објавам мојата одлука“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бруно промаши пенал, Јунајтед не успеа да победи кај Фулам

Фулам и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во последниот денешен напревар, одигран во рамките на второто коло во Премиер лигата.
Манчестер јунајтед продолжи онаму каде што застана минатата сезона. Ниту скапите засилувања не ја подбрија играта на „црвените ѓаволи“. Кај Фулам, Јунајтед имаше подобри панси но не успеа да му зададе удар на противникот.
Матеуш Куња во првиот дел ја погоди стативата, а во 38.минута капитенот Бруно Фернандеш не реализира пенал. Ужасно шутираше Португалецот, ударот заврши над голот.
Јунајтед успеаја да постигнат гол, во 58.минута по ударот на Јоро, топката го погоди Муниз го смени правецот и заврши во голот.
Фулам изедначи во 73.минута. Стрелец беше Смит-Роу кој нецели 120 секунди претходно влезе во игра.
Спорт
Го избркаа од Марсеј, тој потпиша за Болоња

Младиот англиски крилен играч Џонатан Роу се пресели од Олимпик Марсеј во Болоња.
Роу претходно беше ставен на трансфер листата во францускиот тим откако се степа во соблекувалната цо соиграчот Адриен Рабио, по поразот во Рен.
И двајцата беа суспендирани поради недисциплина, а Роу веќе си најде нов клуб. Овој поранешен играч на Норич одигра десет натпревари за младата репрезентација на Англија и постигна три гола.
Во Болоња ќе има биде замена за Дан Ндоје, кој замина во Нотингем Форест.
Спорт
(Видео) Грилиш како во најдобрите денови, го водеше Евертон до победа над Брајтон

Фудбалерите на Евертон имаа совршено деби на својот нов стадион. По неубедливиот настап и поразот против Лидс во првото коло, играчите на Евертон значително го подобрија впечатокот со победата над Брајтон (2:0)..
Од самиот почеток на натпреварот, Дејвид Мојс на теренот го испрати најзвучното засилување во летниот преоден рок, Џек Грилиш.
Поранешниот играч на Манчестер сити, забележа две аситенции. Во 23-та минута, брилијантно проигра покрај Ендиае, кој со прецизен удар му донесе водство на Евертон.
Уште една магија на Џек Грилиш во 52-та минута, кога му намести гол на Џек Гарнер.
Брајтон можеше да внесе драма во финишот на натпреварот, но Дени Велбек промаши пенал, поточно, голманот Џордан Пикфорд го одбрани ударот од белата точка.
Во следното коло, Евертон ќе гостува кај Вулверхемптон, додека Брајтон има тешка задача пред себе, бидејќи се соочува со Манчестер сити.