Спорт
Мбапе тренира со соиграчите од ПСЖ

Килијан Мбапе потврди дека е голем професионалец. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата се појави на тренингот на ПСЖ само два дена по поразот од Аргентина во финалето на Светското првенство.
Во решавачкиот меч Килијан постигна три гола, но и тоа не беше доволно за триколорите да ја одбранат титулата светски првак.
Bonjour @KMbappe ! 👋☺️ pic.twitter.com/eQzV6F6Mz4
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) December 21, 2022
Мбапе реши да ја залечи тагата со тренинг. Ова враќање е вистинско изненадување бидејќи играчите кои беа на Светското првенство во Катар добија десет дена одмор пред да им се приклучат на своите клупски другари.
ПСЖ не проговори детално за тренинг програмата на Мбапе. Не е исклучено најдобриот стрелец на Мундијалот да го заземе местото во тимот веќе на дуелот против Стразбур на 28. декември на „Паркот на принцовите“.
🔙 Les retrouvailles entre @KMbappe et le coach Christophe Galtier 🔴🔵 pic.twitter.com/c1obTdeuFV
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) December 21, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Првиот човек на УЕФА за Србија – Албанија: Треба да се ослободиме од идиотите…

Александар Чеферин, претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), го коментираше претстојниот натпревар меѓу Србија и Албанија во рамките на квалификациите за Светското првенство.
Србија ќе игра против Албанија на 11 октомври (20:45 часот), најверојатно на малиот стадион во Лесковац (капацитет 8.000 седишта), а пред тој натпревар Чеферин испрати силна порака.
„Мојата порака, не само за овој натпревар, туку за сè, е дека фудбалот и спортот треба да ги зближуваат луѓето, а не да ги разделуваат. Треба да се ослободиме од тие идиоти кои го користат фудбалот за своите апсурдни идеи. Тие не го сакаат фудбалот, тие се сакаат само себеси и го користат за да ги шират своите бесмислени идеи“, рече Чеферин од Тирана.
Поранешниот словенечки судија беше во главниот град на Албанија на состанок на Извршниот комитет на управното тело, каде што беа решени прашања поврзани со градовите и стадионите домаќини на финалето на европските купови во 2027 година.
Таму беше направена промена во врска со терминот на почетокот на финалниот натпревар во Лигата на шампионите, кое повеќе нема да се игра од 21 часот.
Првото финале, кое ќе се игра од 18:00 часот, ќе биде на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, каде што ќе се игра следниот натпревар за титулата европски шампион.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Донарума: Најдобро што може да му се случи на еден фудбалер е да го тренира Гвардиола

Џанлуиџи Донарума се пресели од ПСЖ во Манчестер сити во финишот на преодниот рок. Дебито треба да г има против Манчестер јунајтед, дербито е в недела.
Италијанскиот голман не можеше да најде заеднички јазик со Парижаните во врска со продолжувањето на договорот и се пресели во Премиер лигата. Донарума би можел да биде на голот на Сити во недела во 17:30 часот против Манчестер јунајтед, а по потпишувањето рече:
„Да бидеш трениран од некој како Пеп Гвардиола е најдоброто нешто што може да му се случи на еден фудбалер. Тој сакаше да дојдам. Горд сум на тоа“, рече Донарума.
Донарума ја започна својата кариера на многу млада возраст, на 16 години стоеше на голот на Милан, пред да се пресели во ПСЖ во 2021 година. Таму остана четири години и ова лето потпиша за Манчестер сити во трансфер вреден 30 милиони евра.
Спорт
И Мото ГП сега има Куќа на славните

Мото ГП шампионатот и досега имаше посебно место за своите легенди, а од четврток има и официјална Куќа на славните, која беше откриена во пресрет на Големата награда на Сан Марино во Римини оваа недела.
На посебен настан во Римини, се собраа најголемите ѕвезди на мотоциклизмот кои повеќе не се активни, а кои меѓусебно имаат 23 титули и повеќе од 300 победи. Легендите кои повеќе не се со нас: Умберто Масети, Џеф Дјук, Џон Сартис, Мајк Хејлвуд, Фил Рид и Бери Шин, први беа примени во Куќата на славните.
Присутните ги предводеше најтрофејниот возач во историјата – Џакомо Агостини, кој во текот на својата кариера освои неверојатни 15 титули и забележа рекордни 122 победи.
По него следеа Кени Робертс, Фреди Спенсер, Еди Лосон, Вејн Рејни, Мик Дуан, Кејси Стонер, Дани Педроса и човекот кој е најзаслужен за најголемата популарност на Мото ГП шампионатот, Валентино Роси.
Сите тие добија медали во чест на влегувањето во Куќата на славните, но и плакети што одат во Кулата на шампионите, која му се доделува на шампионот од кралската класа.
Кулата на шампионите, патем, претрпе измени во однос на оригиналната верзија, во согласност со новиот идентитет на најспектакуларниот спорт во светот, како што го промовираат оние што го водат.
Секако, првиот сопственик на новиот трофеј ќе биде Марк Маркез, кој не може да ја обезбеди титулата овој викенд, но ќе ја има својата прва шанса за две недели, во Јапонија.
Вниманието сега е насочено кон самата патека, бидејќи акцијата за Големата награда на Сан Марино и Римини започна во Мизано и продолжува до недела.
Foto/ motogp.com