Спорт
Мбапе во трка со времето, сака да игра пртив Холандија

Килијан Мбапе, најдобриот француски фудбалер и еден од најдобрите играчи во светот, сепак би можел да се најде во тимот на триколорите во второто коло од групата Д против Холандија.
Иако првите информации беа крајно песимистички и француските медиуми пишуваа дека новата ѕвезда на Реал сигурно нема да биде во тимот против Холандија, РМЦ денеска пишува дека Мбапе сака да игра и дека сега е во трка со времето.
Мбапе во понеделникот го повреди носот, во самиот финиш на натпреварот од првото коло од групата Д, во Франција ја совлада Австрија со 1:0.
Ден по средбата со Австрија, Француската фудбалска федерација соопшти дека Мбапе нема да оди на операција за време на ЕП, туку ќе добие заштитна маска и ќе продолжи да игра.
РМЦ, пишува дека Мбапе денеска ќе добие заштитна маска, која би му овозможила да тренира со неа вечерва. Самиот најдобро ќе оцени дали ќе може да игра. РМЦ, додава дека Мбапе, со фластер на носот одработи лесен тренинг во средата. тенираше лесно во средата со завој на носот, но не учествуваше со остатокот од тимот, туку вежбаше сам. Она што ги охрабрува француските навивачи е фактот дека Мбапе сака по секоја цена да биде во тимот во петок навечер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Меси со спектакуларен гол ја режира победата на Интер

Со спектакуларниот гол на Лионел Меси, Интер Мајами го победи Порто со 2:1 и дојде на чекор до пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави.
Еден од најдобрите играчи во историјата ја намести топката во 54-та минута и изведе совршен слободен удар од околу 20 метри. Аргентибецот го погоди левиот горен агол од голот на Клаудио, кој не можеше да се одбрани. Тоа беше клучен момент на натпреварот.
Во првото полувреме, Порто беше подобриот тим. Тие поведоа веќе во осмата минута кога шпанскиот репрезентативец Сама постигна гол од пенал. Португалците можеа да водат поубедливо, но не ги искористија своите можности.
Сè се промени за осум минути во второто полувреме. Прво, Сеговија го израмни резултатот по додавање на Вејнгант, а потоа волшебникот од Росарио реши сè.
Палмеирас и Интер сега имаат по четири бода, додека Ал Ахли и Порто имаат по еден бод.
Спорт
Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Шпанскиот крал Фелипе VI денеска му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати.
Надал отсега ќе ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а тоа е наследна титула.
За време на својата богата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 беа на Ролан Гарос, и без сомнение е најдобриот играч во историјата на земјена подлога.
Покрај Надал, кралот ги почести и поп-рок пејачката Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.
„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка на вредности што треба да го инспирираат нашето општество“, објави шпанската кралска куќа.
Спорт
Мбапе е хоспитализиран!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис и е задржан на понатамошни тестови.
Во превод, Мбапе има стомачен грип, а оваа информација официјално ја објави неговиот клуб, Реал Мадрид.
„Нашиот играч Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран на дополнително тестирање и лекување“, се вели во соопштението.
Parte médico de Mbappé.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 19, 2025
Реал и Мбапе моментално се во Соединетите Американски Држави, каде што ремизираа со Ал-Хилал во првото коло од Светското клупско првенство на ФИФА.
Мбапе не беше дел од тој натпревар поради повреда, или поточно болест, а сега е откриено точно за што се работи.
Следниот натпревар на Реал е во недела навечер против Пачука, но големото прашање е дали Французинот ќе биде подготвен за тој дуел.