Спорт
Мбапе за првпат јавно проговори за својот трансфер: Речиси сѐ е решено

Килијан Мбапе сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата – напаѓачот на Пари Сен Жермен сè почесто се поврзува со Реал Мадрид. Во неделата новинарот Фабрицио Романо објави дека 23-годишникот е „многу блиску до конечната одлука каде ќе ја продолжи кариерата“.
„Не можам дефинитивно да зборувам за мојата иднина, ќе дознаете наскоро. Сè е речиси решено“, изјави Килијан Мбапе за француските медиуми и дополни.
„Сега не е вистинското време, но да… Одлуката е практично донесена“.
Романо пренесува и дека голем оптимизам има во Реал Мадрид. На „Сантијаго Бернабеу“ се убедени дека момчето од предградието на Париз кариерата ќе ја продолжи на Реал.
Мбапе постигна 25 гола за „светците“ на 34 натпревари во сите натпреварувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан сериозно заинтересирани за Дарвин Нуњез

Милан е заинтересиран за напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез.
Раководството на Милан го контактирало уругвајскиот фудбалер и сериозно сака да го засили нападот со квалитетен играч.
Милан е заинтересиран и за Душан Влаховиќ, Арно Калимуенде и Расмус Хојлунд, но Нуњез е прв избор на клубот од Милано.
Уругвајецот одигра 30 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, постигна пет гола и имаше две асистенции.
Ливерпул го доведе напаѓачот Уго Екитике ова лето и се обидува да го доведе Александар Исак од Њукасл, па затоа е подготвен да слушне понуди за Нуњез.
Саудискиот Ал Хилал е исто така заинтересиран за Нуњез, но клубот не испратил официјална понуда.
Спорт
Флорентино Перез сака да ги дознае плановите на Винисиус

Реал Мадрид ќе се врати на тренинзите во клупскиот камп во понеделник, но темата за Винисиус Јуниор (25) сè уште не ги напушта насловите страници. Проблемот со Винисиус лежи во несовпаѓањето помеѓу неговите зборови и постапки, според шпанските медиуми специјализирани за настаните во Реал. Имено, додека за време на турнејата во Соединетите Американски Држави јавно ја изрази својата желба да остане во клубот долгорочно, неговото однесување сугерира спротивно, според шпанските новинари.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез, планира лично да се појави во клупскиот камп во Валдебебас следната недела, каде што, покрај посетата на тимот, ќе разговара и со Винисиус, објавува „Дефенса Централ“.
Причината е информацијата што протече во јавноста во последните недели, а се однесува на наводната желба на Бразилецот да има иста или поголема плата од Килијан Мбапе.
„Перез, познат по блискиот однос со Винисиус, сака да има искрен, личен разговор лице в лице со играчот за да дознае од прва рака што всушност планира и како ја гледа својата иднина“, пишува „Дефенса Централ“.
Според истиот извор, претседателот верува дека Винисиус грешил с тајмингот кога ги испорачал барањата.
Неговата моментална форма е далеку од онаа што го стави во конкуренција за Златната топка. Затоа Перез планира да го советува прво да го подигне нивото на својата игра на препознатливо ниво, а дури потоа повторно да седне на маса и да разговара за евентуално продолжување на договорот што трае до јуни 2027 година.
Спорт
Рафиња за Нико Вилијамс: Мислам дека е подобро што не дојде

Нико Вилијамс беше блиску до договор со Барселона на почетокот на летото, но на крајот се предомисли и одлучи да остане во Билбао. За пропаднатиот трансфер зборуваше и Рафиња, кој немаше пофални зборови за постапката на Вилијамс.
Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао во два преодни рока ја извиси Барселона. Лани имаше преговори меѓу двете страни, но потоа Вилијамс одлучи да остане уште една сезона во Билбао. На шпочетокот на ова лето преговорите беа интензивни, Барселона
закажа медицински прегледи, но одеднаш се случи нов пресврт.
Вилијамс повторно се предомисли и ја извести Барселона дека решил да ја продолжи соработката со Билбао. Овој потег ги изненади челниците на Барселона, кои беа шокирани од фактот дека Вилијамс повторно ги изигра.
За неуспешниот трансфер зборуваше и Рафиња, кого новинарите го прашаа за целата ситуација, а Бразилецот не го поштеди младиот човек од Билбао.
„Бев смирен во текот на целата ситуација. Играчите кои сакаат да дојдат во Барселона мора да се борат за овој клуб. За мене, најважно е што имаме луѓе во тимот кои навистина сакаат да бидат тука“, рече Рафиња и додаде:
„Оние кои не сакаат да бидат тука, подобро е воопшто да не дојдат. Добрата работа е што имаме млади таленти кои сакаат да бидат во овој тим и да го носат дресот на Барселона. Оние кои не сакаат, подобро е да не дојдат. Затоа мислам дека е подобро што тој не дојде“.