Спорт
Мечот на Мејведер откажан поради смртта на шеикот на ОАЕ

Егзибицискиот меч на Флојд Мејведер Јуниор против Дон Мур е откажан само 24 часа пред закажаниот термин поради смртта на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Халифа бин Зајед.
73-годишниот шеик почина во петокот по долга борба со болест, по што беше објавена 40-дневна жалост во емиратите и целосен прекин на работата во следните три дена.
Токму поради ова, мечот на Мејведер против својот поранешен спаринг партнер, кој требаше да се оддржи на хелипадот на врвот на славната зграда Бурж Ал Араб во Дубаи, е откажан. На мечот требаше да присуствуваат само 40 ВИП фанови, кои своите билети требаа да ги купат како НФТ-токени во вредност од 175.000 евра.
Самиот Мејведер се јави на социјалните мрежи со посвета за претседателот: „Праќам сочуство до сите во Обединетите Арапски Емирати. РИП Шеик Халифа бин Зајед“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Херта со голема победа во Хамбург за опстанок во Бундеслигата

Херта Берлин, „старата дама“ на германскиот фудбал ќе игра бундеслигашки фудбал и следната сезона, откако на „Фолкспарк“ во Хамбургер стигнаа до 0:2 победа во реваншот во баражот за опстанок во елитата.
ХСВ во првиот меч во Берлин успеа да стигне до 1:0 победа, така што фановите на клубот од северна Германија се надеваа дека на домашен терен само ќе го потврдат враќањето меѓу најдобрите, меѓутоа тимот на Феликс Магат уште во 4. минута дојде во водство преку Дедрик Бојата за поништување на предноста. Марвин Платенхарт во 63. минута го потврди опстанокот на Херта.
Шалке и Вердер Бремен претходно обезбедија директен пласман во Бундеслигата, додека нови второлигаши се Гројтер Фирт и Арминија Билефелд.
Спорт
Канело ќе одбие римеч со Бивол за „трилогија“ со Головкин

Едно од најголемите боксерски ривалства на денешницата ќе ни донесе нова епизода, откако Саул Канело Алварез потврди дека ќе избегне римеч со ВБА шампионот Дмитриј Бивол за во септември по третпат да влезе во рингот со својот најлут противник, Генадиј Головкин.
Алварез „скокна“ категорија во средно-тешка за да боксува со Бивол за титулата, но доживеа убедлив пораз на поени, покажувајќи дека оваа категорија не е за него. Сега, тој се решава за трилогија со Головкин, со кого имаше ремиво средна категорија во 2017, пред да го победи на поени следната година.
„Веќе имав договор со Головкин, така што продолжуваме според планот. Мислам дека тоа се двата најголеми боксерски мечеви на денешницата, мечот со Головкин и реваншот со Бивол. За жал загубив, но тоа не значи дека нема да се обидам повторно. Сега се враќам во септември и наскоро ќе го потврдиме датумот“, изјави Канело за „ЕСПН“.
Првите два меча меѓу Алварез и Головкин се сметаат за „класика“ кај фановите на боксот. Првиот меч беше контроверзен поради судиските оценки – едниот судија имаше 115:113 за Головкин, а вториот 114:114, додека судијката Аделејд Бирд оцени дека Алварез добил 10 од 12-те рунди. Ова предизвика истрага и таа беше суспендирана.
Римечот беше закажан за мај, но мораше да биде одложен откако Алварез беше позитивен на кленбутерол, по што Головкин се исмеваше со позитивниот тест. Тогаш, двајца судии го оценија мечот 115:113 за Алварез, а третиот сметаше дека било нерешено 114:114.
Канело го победи Головкин на поени во ри-мечот во Вегас (видео)
Спорт
Му го украде медалот на тренерот, па му пиша на Инстаграм: Фала, Пиоли!

Навивачот на Милан кој го украде медалот за освојување на Серија А на тренерот на Милан, Стефано Пиоли, се пофалил со „пленот“ на социјалните мрежи.
Пиоли остана без медалот во хаотичната завршница на „Мапеи“ во Реџо Емилија по победата над Сасуоло, по што веднаш побара да му биде вратен бидејќи „нема друг медал“, посочувајќи дека ова му е прва титула во кариерата.
Според италијанските медиуми, „крадецот“ се идентификувал преку социјалните мрежи, откако на Инстаграм објавил фотографија од медалот со порака: „Фала, Пиоли“
Лега Серија А веќе објавија дека нема да има проблем да му направат копија од медалот на тренерот.
Sui social spunta la medaglia rubata durante la festa: "Grazie Pioli" #Milan #Pioli #medaglia #scudetto #SportMediaset https://t.co/kg0GolgEqL pic.twitter.com/173v3FsTuJ
— SportMediaset.it (@sportmediaset) May 23, 2022