Спорт
Медисон ги насмеа Англичаните на фотосесијата, глумејќи го Ешли Кол
Фудбалската репрезентацијата на Англија се собра вчера и за неколку дена ќе отпатува за Катар на Мундијалот. Англичаните направија и групна фотографија, а во центарот на вниманието се најде Џејмс Медисон. Тој го „ископира“ Ешли Кол и неговото легендарно поставување на една од фотографиите на гордиот Албион.
Сите играчи и селекторот Герет Саутгејт позираа во нови костуми на „Marks&Spencer“, кој е и официјален спонзор на опремата на репрезентацијата на Англија.
James Maddison giving Ashley Cole vibes 😂 pic.twitter.com/140TNE701f
— SPORTbible (@sportbible) November 14, 2022
Фотографијата од вчерашната фотосесија покажа дека атмосферата во репрезентацијата на Англија е на одлично ниво. Џејмс Медисон, кој вчера пристигна на состанокот иако викендов се повреди на натпреварот меѓу Лестер и Вест Хем, реши да се пошегува со еден поранешен репрезентативец на Англија, Ешли Кол.
На фотографијата тој го имитира Кол кој пред неколку години беше во центарот на вниманието бидејќи истото го направи на фотосесија додека беше член на Рома.
Откако фотографијата беше објавена на социјалните мрежи, Медисон потврди дека се работи само за шега и дека навистина се претставувал како Кол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

