Спорт
Мекалистер е пред трансфер во Ливерпул
Алексис Мекалистер, аргентински репрезентативец и фудбалер на Брајтон е подготвен да го напушти клубот. Како што пренесуваат медиумите во Англија, 24. годишниот фудбалер ќе се пресели на северо-западот на Англија.
За услугите на Мекалистер се заинтересирани двата клуба од Манчестер, Јунајтед и Сити, но според информациите тој ќе се пресели во Ливерпул. Преговорите ги води неговиот татко Карлос.
Англиските медиуми шпекулираат дека Мекалистер го известил Брајтон дека на лето ќе се пресели во Ливерпул.
Јирген Клоп планира да го обнови тимот во летниот преоден рок, Мекалистер е една од главните цели, откако клубот се повлече од преговорите со Џуд Белингем, кој се очекува да му се приклучи на Реал Мадрид.
Мекалистер оваа сезона постигна десет гола и забележа две асистенции за Брајтон. Синоќа го постигна единствениот гол во победата на Брајтон над Манчестер јунајтед.
Брајтон има право автоматски да го продолжи договорот за уште една година, бидејќи неговиот сегашен е до 2024 година, но се верува дека понудата од околу 70 милиони фунти би била доволна тој да добие дозвола да го напушти „Амекс“ стадионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Брансон ја испрати Филалделфија на летен одмор, Милвоки без Јанис немоќни против Индијана
Кошаркарите на Њујорк Никс и Индијана Пејсер се изборија за меѓусебна пресметка во полуфиналето на Источна конференција, во НБА лигата. Изминатата ноќ Никс и Пејсер ги забележаа победите број 4 против Филаделфија односно Милвоки.
Пред една деценија, Филаделфија го избра Џоел Ембид како прв пик на драфтот. Со него Сиксерси се уште немаат финале на Истокот.
Брилијантниот Џејлен Брансон го предводеше Њујорк до победата 118:115 во шестиот натпревар.
Брансон забележа 41 поен и 12 асистенции (трет последователен натпревар со најмалку 40 поени), Донте ДиВинченцо постигна 23 поени со седум асистенции, а О Џи Ануноби имаше 19 поени и девет скока.
Џош Харт додаде 16 поени, 14 скока и седум асистенции и ја постигна клучната тројка за победа на 24,4 секунди до крајот.
Во тимот од Филаделфија најефикасен беше Џоел Ембиид со 39 поени и 13 скока. Бади Хилд додаде 20 поени, Тајрис Макси имаше 17 поени, пет скока и пет асистенции, Кели Оубре имаше 17 поени и пет скока, а Николас Батум заврши со 16 поени и седум скока.
Индијана Пејсерс славеше против Милвоки 120:98 за вкупни 4:2 во серијата. Без Јанис Адетокумбо и со повредениот Демијан Лилард, Милвоки немаа шанса против Индијана. Шестиот меч го решија играчите од клупата. Резервите на Индијана постигнаа 40 поени.
Оби Торпин со 21, Ти-Џеј Меконел со 20 поени и девет асистенции, односно Паскал Сијакам со 19 ја предводеа Индијана.
На спротивната страна Лилард, кој го припушти претходниот меч постигна 28 поени, Боби Портис додаде 20 поени и 15 скока, а Брук Лопез 20 поени.
Спорт
Тонали повторно е казнет поради обложување
Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали (23), повторно е казнет за нелегално обложување.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го казни со двомесечна суспензија условно и 20.000 фунти поради кршење на правилата поврзани со забраната за обложување во Англија.
Оваа казна значи дека Тонали ќе може да се врати на терените откако ќе му истече 10-месечната забрана што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) на 27 октомври минатата година, со услов да не направи нов прекршок.
Минатата есен, ФИГЦ го казни Тонали за обложување на натпревари во Италија, а поради тоа овој талентиран играч за врска нема да може да игра на Европското првенство во Германија, каде Италија ќе ја брани шампионската титула.
Тонали на почетокот на оваа сезона се пресели од Милан во Њукасл за 70 милиони фунти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „страчките“.
Сепак, набрзо следеше суспензијата на ФИГЦ, па младиот Италијанец забележа само осум настапи, на кои постигна еден гол во дресот на Њукасл.
Спорт
Уште еден голем пријател на Меси пред трансфер во Интер
Уште еден пријател на Лионел Меси наскоро би можел да пристигне во Интер Мајами. Како што пренесува ЕСПН, Анхел Ди Марија ги започнал преговорите со Дејвид Бекам.
„Ди Марија сериозно преговара со Мајами и можеби тој ќе стане челн на тимот веќе во јули. Таа опција му се допаѓа на Фидео (прекар Ди Марија)”.
На Анхел Ди Марија договорот со Бенфика му истекува на крајот од сезоната.
Ди Марија и Меси долги години се соиграчи во репрезентацијата на Аргентина, со која го освоија Светското првенство во 2022 година.
Интересно е тоа што Ди Марија отсекогаш имал голема желба да игра со Меси, а уште додека играше во Реал Мадрид заедно со Кристијано Роналдо велеше дека Меси е најдобриот фудбалер на светот.