Спорт
Мекгрејди: Мајка ми прерано ме родила, баш сакав да ја пробам денешната кошарка
Поранешниот НБА-ас, Трејси Мекгрејди, не беше доволно добар да биде сместен меѓу 75-те најдобри НБА-играчи во историјата на лигата, но секако беше еден од најдобрите во своето време. Поради тоа, дури седумпати беше повикуван на олстар-меч, двапати беше дел од најдобрата петорка во лигата, а двапати го подигнуваше пехарот за најдобар стрелец.
Во 2017 година доби место во Куќата на славните – таму влезе со просек од 17,1 поени во лигашкиот дел и 22,2 поена во плејофот.
Бројките, според него, би биле далеку подобри доколку тој играше сега во НБА-лигата.
„Разговарав во мајка ми и ѝ реков: `Прерано си ме родила. Дали разбираш што сакам да кажам`. Би сакал да се пробам во денешната кошарка. Има помалку физички контакт, многу повеќе шутови за 3 поени и повеќе простор. Тоа би ми дало огромна предност како кошаркар, кој сака да напаѓа и да игра еден на еден. Во просек постигнував по 32 поена од меч кога имаше многу повеќе физички контакт и борба. Замислете што би правел сега, во модерната кошарка“, изјави Трејси Мекгрејди за Sports Ilustrejtid.
Најблескавите моменти ги имаше во Орландо и во Хјустон, а настапуваше и за Њујорк, Детроит, Атланта и Сан Антонио.
15 години беше дел од НБА – од 1997 до 2012 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ал Келаифи полуде на прашањрто за тренерот: Дали вие го разбирате фудбалот?
ПСЖ не успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Среќата ги напушти „светците“ во натпреварите со Борусија Дортмунд. Во реваншот упатија 31 удар кон голот на Кобел, четири пати ја погодија стативата.
Сезоната, ПСЖ ќе ја заврши само со титулата во домашното првенство, која по доаѓањето на катарските газди се подразбира.
Сепак, со доаѓањето на Луис Енрике, клубот ја смени трансфер политиката. ПСЖ повеќе не ги купува најскапите суперѕвезди, туку се фокусире на собирање супер таленти. Така на реваншот со Борусија имаше тим со просечна старост од 24 години и 157 дена. Тоа е најмладиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите во последните 10 години.
Поради сето горенаведено, претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи полуде на новинарско прашање по испаѓањето од Борусија, каква е иднината на Енрике во клубот.
„Чекај, сериозно ме праша ли тоа? Навистина, дали знаеш нешто за фудбалот и дали воопшто го разбираш? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа. Ни претстои светла иднина. ”
Спорт
Орсато означи крај во Париз и се расплака
Еден од најдобрите судии во светот, Даниеле Орсато, синоќа без грешка го водеше полуфиналниот реванш меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд. Натпреварот заврши со победа на германскиот тим 0:1, а Орсато откако означи крај на натпреварот се расплака.
Орсато (48) повеќе од една деценија суди натпревари од Лигата на шампионите, а во 2020 година го судеше финалето Баерн – ПСЖ. Истата година Институтот за фудбалска историја и статистика го прогласи за најдобар судија во светот. Следната година го водеше полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Реал Мадрид.
Италијанските медиуми открија зошто Орсато плачел.
Натпреварот ПСЖ-Борусија Дортмунд беше негов последен натпревар во европските купови. Тој ќе суди на претстојното евро, а потоа ќе се пензионира.
Спорт
Реал богато ќе ги награди фудбалерите доколку ја освојат ЛШ
Реал и Баерн од 21 часот во Мадрид ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Минхен заврши 2:2. Вечерва ќе го дознаеме вториот финалист на Вембли откако синоќа место во финалето обезбеди Борусија Дортмунд која со вкупен резултат 2:0 го елиминира ПСЖ.
„Марка“, денеска ја објави сумата што секој играч на Реал Мадрид ќе ја добие од клубот како награда доколку ја освои Лигата на шампионите. Тоа е дури 1,4 милиони евра по фудбалер, што е за 500.000 евра по фудбалер повеќе отколку што за истиот успех беа наградени фудбалерите на Реал во 2022 година.
Со богата сума ќе бидат наградени и членовите на штабот, па се проценува дека Реал во случај на освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите ќе плати издвои околу 40 милиони евра за да ги награди фудбалерите и стручниот штаб.