Спорт
Мекис ќе го замени Тост во Алфа Таури
Алфа Таури, вториот Формула 1 тим на Ред Бул, ќе има нови шефови на почетокот на следната сезона. Актуелниот шеф на тимот, Франц Тост, ќе се пензионира на крајот на 2023 година, а неговото место ќе го заземе актуелниот спортски директор на Ферари, Лоран Макис.
Ова не единствената промена што ќе ја наорави Алфа Таури. Поранешниот генерален секретар на ФИА, Питер Баер, ќе се пресели во Алфа Таури како извршен директор на тимот. Тимот, доцна синоќа, ги потврди сите овие промени.
Ова ќе биде најголемата промена на шефовите во историјата на Алфа Таури, претходно позната како Торо Росо, откако Ред Бул го купи Минарди во 2005 година.
Тост е на чело на тимот 18 години, а под негово водство тимот забележа две победи во Италија, во 2008 и 2020 година.
Инаку, Тост нема во целост да го напушти тимот, туку во однина ќе работи како консултант во Алфа Таури.
Минатата година, Алфа Таури заврши на деветтата позиција меѓу конструкторите, што предизвика гласини дека Ред Бул ќе го продаде тимот. Докторот Хелмут Марко го демантираше ова, но додаде дека ќе има промени во Фаенца.
Лошиот старт на сезоната и само еден бод во првите три трки веројатно ги забрзаа промените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мурињо стигна во Истанбул, на чекор е oд Партизан
Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо и официјално стана нов тренер на Фенербахче.
Двегодишниот договор Мурињо го потпиша пред неколку десетици навивачи на стадионот на Фенербахче „Шукур Сарачоглу“ во Истанбул.
„Сакам да ви се заблагодарам за љубовта што ја чувствував од првиот момент кога моето име првпат се поврзуваше со Фенербахче. Обично тренерот се сака по победата, но во овој момент чувствувам дека сум сакан уште пред да победам. Тоа е голема одговорност. Од овој момент припаѓам на семејството на Фенербахче“, изјави Мурињо, а пренесува „Скај Спорт“.
🟡🔵 Jose Mourinho, Fenerbahçe taraftarını selamladı! #beINSPORTS pic.twitter.com/adl2fXeCKy
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) June 2, 2024
Во својата тренерска кариера Мурињо од клупата ги водеше Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.
Како тренер освои две Лиги на шампиони (Порто, Интер), две Лига Европа (Рома, Манчестер Јунајтед) и Конференциска лига (Рома), а освои и трофеи во првенствата на Шпанија (Реал Мадрид), Англија (Челзи), Португалија (Порто) и Италија (Интер).
Со Фенер ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите, а во второто коло ќе играат против српскиот претставник Партизан или швајцарски Лугано.
Спорт
Грците со Адетокумбo во составот во борбата за Париз
Кошаркарската репрезентација на Грција со полни сили ќе настапи на квалификацискиот турнир во Атина за пласман на Олимписките игри.
Главната ѕвезда на репрезентацијата Јанис Адетокумбо го потврди своето учество и ќе му биде на располагање на селекторот за решавачките игри кои можат да им донесат на Грците пласман на Олимписките игри.
Покрај Адетокумбo меѓу Грците ќе бидат и Митоглу, Папаџанис, Папаниколау, Папапетроу, Слукас и многу други.
Грција за виза за Париз ќе се бори со претставниците на Доминиканската Република Словенија, Хрватска и Нов Зеланд.
Спорт
Доминација на Бањаја во Муџело
Франческо Бањаја, актуелниот сбетски првак го комплетираше совршениот викенд на трката за Големата награда на Италија. Пеко вчера победи во спринтот, а попладнево беше најдобар и во главната трка. Извонредниот викенд на Дукати на домашен терен во Муџело го надополни вториот возач Енеа Бастијанини во спектакуларен финиш дојде до втрата позиција.
бањаја ГН на Италија ја започна од петтата позиција, но имаше фантастичен старт и се проби до првата позиција по само три свиоци. Најголемиот ривал на Бањаја, Хорхе Мартин, го следеше во текот на целата трка.
Долго време водеа Бањаја, Мартин и Маркез, а ги следеа Бастианини и Акоста и се чинеше дека трката така ќе заврши. Сепак, спектакл на крајот приреди Енеа Бастианини.
На четири круга до крајот го престигна Маркез, а во последниот свиок успеа да излезе и пред Мартин.
На крајот Бањаја беше прв, а топ 15 ги комплетираа Бастианини (Дукати), Мартин (Прамак), Марк Маркез (Гресини), Акоста (ГасГас), Морбидели (Прамак), Ди Џанантонио (ВР46), Вињалес (Априлија), Алекс Маркез (Гресини), Биндер (КТМ), Алеиш Еспаргаро (Априлија), Фернандез (Трехаус Рејсинг), Бецеки (ВР46), Оливеира (Трехаус Рејсинг), Ринс (Јамаха).