Спорт
Мекларен и Ферари најбрзи на првиот ден од тестирањето
Лендо Норис во Мекларен беше најбрз на првиот ден од зимското тестирање во Барселона во кое на патеката се вратија лутите ривали Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, а тимовите завршија повеќе од 1.000 круга.
Норис беше повеќе од една секунда побрз од конкуренцијата возејќи на помеки гуми од другите ривали и оставајќи ги од Ферари на второто и третото место по што следуваше двојката на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон.
Шарл Леклер беше најбрз во утринската сесија, но, по ручекот, имаше повеќе промени на возачите кај сите тимови.
Мерцедес, Ферари и Ред бул беа трите тима што надминаа 100 извозени кругоави добивајќи драгоцени податоци за своите болиди, но другите тимови немаа толку среќа – Хас имаше само 8 круга со Мик Шумахер во текот на утрото, а Никита Мазепин попладнето извозе само 20 круга. Ист случај беше и со Алфа Ромео, каде што Валтери Ботас имаше само 23 круга.
Новиот светски шампион, Макс Ферстапен, беше само деветти најбрз, но комплетира 147 круга или далечина од две ГП-трки за продуктивен ден за Ред бул.
Catch up on all the proceedings from our first day of pre-season running in Barcelona#F1 https://t.co/HwNYvU9h62
— Formula 1 (@F1) February 23, 2022
Pre-season Day 1 = DONE ?#F1 pic.twitter.com/YN3vPMVmAp
— Formula 1 (@F1) February 23, 2022
Catching those last drops of sunlight as the day nears its end! ?#F1 pic.twitter.com/UtiHFTBsB8
— Formula 1 (@F1) February 23, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кристал Палас напаѓач најде во Вулверхемптон
Јорген Странд Ларсен е нов член на Кристал Палас.
Норвежанецот му се приклучи на клубот од јужен Лондон од Вулверхемптон, кој е на дното на табелата во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Според медиумите на Островот, вредноста на трансферот е 52 милиони евра плус шест милиони што може да ги заработи преку бонуси. Ова е втор најголем трансфер во овој преоден рок, по оној на Антоан Семењо. Репрезентативецот на Гана за 72 милиони евра од Борнмут замина во Манчестер Сити.
Ларсен одигра 63 натпревари за Вулверхемптон и постигна 20 гола. Оваа сезона, тој ја погоди противничката мрежа шест пати во 25 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Реал добил понуди од 100 милиони евра за Белингем
Реал Мадрид се соочува со неочекуван сценарио околу една од своите најголеми ѕвезди. Џуд Белингем, доведен како стратешко засилување и клучен играч на проектот, оваа сезона не игра добро, едноставно не може да се вклопи во тимот.
Клубот е свесен дека англискиот играч за врска не поминува низ најдобриот период и, иако официјално не е на продажба, сериозна понуда би можела да го натера Флорентино Перез да се премисли, пишуваат шпанските медиуми.
Во последните недели, клубот добил понуди од Премиер лигата кои надминуваат 100 милиони евра.
Водечките англиски клубови веруваат дека британскиот репрезентативец е сè уште пазарна можност и се подготвени да инвестираат многу пари во летниот преоден рок.
Таа сума би му овозможила на Реал Мадрид да ја врати инвестицијата и да ослободи простор за реконструкција на средниот ред. Во моментов, ставот на раководството е цврст: Белингем не е на продажба, но целокупната ситуација во клубот внимателно ја следат.
Во клубот постои загриженост бидејќи фудбалерот не се чувствува целосно удобно во својата моментална улога. Неговите напаѓачки перформанси се намалени, барањата во одбраната се поголеми, а статусот во тимот се промени со доаѓањето на нови ѕвезди. Сето ова предизвикува одредена фрустрација кај него.
Реал Мадрид го поддржува, но ако не се подобри до крајот на сезоната, ниту една опција нема да биде исклучена. Клубот го цени неговиот талент, возраст и комерцијално влијание, но дава приоритет на рамнотежата во соблекувалната и спортската конзистентност на проектот.
Прифаќањето на продажба за повеќе од 100 милиони евра би му овозможило на Мадрид да зајакне неколку клучни позиции или да бара профил на играч кој подобро се вклопува во моменталниот систем.
Белигем постигна шест гола и забележа четири асистенции во 27 натпревари оваа сезона.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рибакина преку Пегула до финалето на АО
Елена Рибакина ќе и се спротивстави на Арина Сабаленка во финалето на Австралија Опен.
Казахстанката, родена во Русија, ја победи Американката Џесика Пегула во два сета 6:3 и 7:5 за еден час и 42 минути во второто полуфинале.
Сабаленка претходно, да потсетиме, убедливо ја победи Украинката Елина Свитолина.
На патот до финалето, Рибакина и Сабаленка, не загубија ниту еден сет.
Финалето во сабота ќе биде реприза од финалниот меч во 2023 година, кога Сабаленка победи во три сета.
Последниот пат Рибакина и Сабаленка играа во финалето на завршниот турнир во Ријад минатата година, кога победи Казахстанката.
Во мечот против Пегула, Рибакина, добинираше се до финишот на вториот сет, а потоа влезе во серија грешки, па го доби во драматична завршница.
Рибакина на 5:3, во вториот сет имаше три брејк, односно меч топки. Пегула се извлече, а потоа Казахстанката не успеа, во два наврати на свој сервис да го заврши мечот.
Во тај-брејкот, Пегула пропушти две сет топки, а потоа Рибакина со три брилијантни поени го заврши мечот.
Foto/ depositphotos

