Спорт
Мекси блескаше во Бостон, Вембањама во Далас
Во ноќта помеѓу среда и четврток, во НБА беа одиграни 12 натпревари, а вечерта ја одбележа ѕвездата на Филаделфија, Тајрис Макси, во победата на Бостон над Селтикс од 117:116.
Експлозивен почеток на Истокот во дербито на Атлантската дивизија. Бостон Селтикс ја пречека Филаделфија, која се покажа како тврд орев за кршење и, и покрај прогнозите победи од Ти Ди Гарден.
Имаше многу промени во резултатот, а Селтикс благодарение на одличната трета четвртина, која ја добија со 35:18, пред последните 12 минути имаа +11 – 86:75. Гостите одиграа брилијантна четврта четвртина, добивајќи со 42:30 и на крајот извојувајќи голема победа.
Валдес Еџкомб, можеше да биде трагичар и покрај тоа што одигра одличен натпревар, постигнувајќи 34 поени и земајќи седум скока. Имаше две слободни фрлања на девет секунди до крајот при резултат 117:116. Тој ги промаши двете и му даде можност на Причард да има шанса за победа. За среќа на гостите, тој промаши и на крајот Фила се радуваше на голем триумф.
Херој на победата на Филаделфија беше Тајрис Макси со 40 поени и шест асистенции. Од другата страна, Браун и Вајт запишаа по 25 поени.
Ентони Едвардс блескаше во победата на Минесота на гости против Портланд од 118:114. Атомската мравка броеше до 41. По него следеа Рендл со 19 и МекДениелс со 18 поени. Од другата страна, Грант запиша 29 поени, а Дени Авдија 20 поени со седум скока.
Купер Флаг, првиот избор на драфтот, исто така го имаше своето деби. Неговиот Далас беше поразен дома од Сан Антонио со 125:92 во тексашкото дерби. Флаг ќе го памети своето деби по неговиот дабл-дабл учинок од 10 поени и исто толку скока. Сепак, сето тоа беше во сенка на одличниот Виктор Вембањама кој забележа 40 поени, 15 скока и три блокади.
НБА, резултати:
Шарлот Хорнетс – Бруклин Нетс 136:117
Њујорк Никс – Кливленд Кавалирс 119:111
Орландо Меџик – Мајами Хит 125:121
Атланта Хокс – Торонто Репторс 118:138
Чикаго Булс – Детроит Пистонс 115:111
Мемфис Гризлис – Њу Орлеанс Пеликанс 128:122
Милвоски Бакс – Вашингтон Визардс 133:120
Јута Џез – ЛА Клиперс Клиперс 129:108
Феникс Санс – Сакраменто Кингс 120:116
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

