Спорт
Мемфис ќе го пензионира дресот на Марк Гасол

Мемфис Гризлис во чест на Марк Гасол ќе го повлечат дресот со број 33. Свечената церемонија ќе се одржи во сабота пред натпреварот против Филаделфија, објави франшизата.
Гасол го носеше дресот на Мемфис од 2008 до 2019 година. Тој ќе стане третиот играч на клубот чиј дрес ќе биде под сводот на арената, по Зек Рендолф (50) и Тони Ален (9).
Шпанскиот кошаркар е осмиот Европеец на кого му била укажана ваква чест во НБА.
Најпрвин Њу Џерси Нетс ја пензионираа „тројката“ на Дражен Петровиќ, потоа Сакраменто Кингс ги пензионираше 21 на Владе Дивац и 16 на Предраг Стојаковиќ, а Кливленд Кавалирс ја повлекоа 11. на Жидрунас Илгаускас.
Сан Антонио ја пензионираше „деветката“ на Тони Паркер, Далас бројот 41 на Дирк Новицки, а ЛА Лејкерс го пензионираа бројот 16 кој го носеше братот на Марк, Пау Гасол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Витсел како слободен играч се пресели во Џирона

Аксел Витсел (36) како слободен играч го напушти Атлетико Мадрид. Се очекуваше да потпише договор со Удинезе, но во последен момент ја смени одлуката. Белгиецот реши да остане во Шпанија.
Аксел Вотсел наредната сезона ќе го носи дресот на Џирона. Тој ќе потпише двегодишен договор со каталонскиот клуб. Изминатите три сезони ги помина во Атлетико Мадрид, за кој одигра 116 натпревари и постигна три гола.
Спорт
Спарс замената за Сон ја најдоа на „Етихад“

Тотенхем експресно најде замена за Сон. Клупската легенда по 10 години го напушти клубот и се пресели во Лос Анџелес. Замената за Сон треба да биде крилниот напаѓач на Манчестер сити, Савињо.
Бразилецот дојде во Сити минатата сезона. Во 48 натпревари постигна само еден гол, но запиша 13 асистенции.
Тотенхем ја испрати првата понуда. Таа изнесува 50 милиони евра, двојно повеќе од сумата што „граѓаните“ му ја платија на Троа минатото лето. Сити ја одби првата понуда со образложение дека сака повеќе.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, бидејќи Бразилецот сака трансфер, со оглед на тоа што не му е загарантирано место во првата поставата.
Спорт
Ѓоковиќ мора да сруши делови од вилата
Новак Ѓоковиќ и шпанските власти најдоа решение, за вилата на тенисерот во Марбеља.
Покрај казната што српскиот тенисер ќе мора да ја плати, тој ќе мора да отстрани одредени помошни објекти за кои немал градежна дозвола.
„Ла Опин де Малага“ пишува дека проблемот е всушност тремот, надворешниот туш и пренамената на подрумот во гаража.
„Во февруари 2025 година, општината го предупреди српскиот ас да ги отстрани неправилностите во рок од два месеци – што не се случи. Ова е трета казна откако купи вила во Марбеља во 2020 година, а вкупната сума сега изнесува 15.000 евра“, пишува „Нова“.
Ве потсетуваме дека Ѓоковиќови се заљубиле во вилата додека престојувале во Марбеља како закупци, плаќајќи околу 10.000 евра неделно. во 2024 година.