Спорт
Менаџерот на Олмо негира дека преговара со Манчестер сити

Шпанскиот фудбалер Дани Олмо се повеќе се поврзува во странските медиуми со трансфер од Барселона во Манчестер сити. Поранешниот играч на Динамо пристигна во Барселона минатата година за 55 милиони евра.
Менаџерот на фудбалерот, Енди Бара за германски „Скај Спорт“, откри какви се плановите на неговиот клиент.
„Во моментов не разговараме со ниту еден друг клуб освен со Барселона. Дани е среќен во Барселона. Тој освојува трофеи и е важен дел од тимот. Гласините не се точни. Но, секако, никогаш не знаете што носи иднината“, рече Бара.
Манчестер сити имаше сезона под очекувањата. Тие ќе завршат далеку зад новиот шампион Ливерпул на табелата.
Успех за тимот на Пеп Гвардиола ќе биде доколку избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Главниот плејмејкер на Гвардиола, Кевин де Брујне, ќе го напушти тимот по завршувањето на сезоната и Сити бара замена.
Еден од кандидатите за таа позиција офанзивен играч за врска е Олмо, заедно со германскиот репрезентативец Флоријан Вирц, кој го напушта Баер Леверкузен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ужасен инцидент во Имола, Цунода леташе со болидот

Со срашен инцидент започнаа квалификациите за трката на Големата награда на Емилија Ромања.
Јуки Цунода, возачот на Ред Бул Рејсинг, доживеа ужасен инцидент за време на првиот дел од квалификациите за Големата награда на Имола.
Во првиот брз круг, Јуки излета во заштитната зона, во п еттата кривина, удри во заштитната бариера, а потоа неговиот болид се вртеше во воздухот.
За среќа Цунода веднаш излезе од автомобилот без повреди.
Инциденти како овој уште еднаш нè потсетуваат на важноста на системот Хало, кој спаси многу животи, а сега му го спадси и животот на Јуки Цунода.
Како изгледаше самиот инцидент можете да видите подолу:
Grateful to see Yuki Tsunoda walk away from this enormous shunt in Q1#F1 #ImolaGP pic.twitter.com/hsviPlI66P
— Formula 1 (@F1) May 17, 2025
Спорт
Салах го кани Де Брујне да дојде во Ливерпул

Кевин Де Брујн денес го игра своето последно финале во дресот на Манчестер сити. „Граѓаните“ во финалето на ФА купот за противник го имаат Кристал Палас.
Де Брујне ќе го напушти како слобиден играч, а се очекува по завршувањето на сезоната да објави каде ќе ја продолжи кариерата.
Најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах го кани Белгиецот на „Енфилд“.
Египќанецот даде интересна изјава во која јавно му оддаде почит на Кевин Де Брујн за сè што направи за Премиер лигата во изминатата деценија. Патем, тој се пошегува дека на „Енфилд“ има место за играч од негов квалитет.
„Сакам да му честитам за сè што постигна во кариерата досега. Тој заврши фантастична работа во Манчестер сити и имаше неверојатен придонес во развојот на Премиер лигата и навистина му посакувам се најдобро. И секако имаме место тука за него“, рече Мо Салах низ смеа.
Салах и Де Брујне беа соиграчи пред една деценија во Челси.
Сепак, во моментов нема навестувања дека Де Брујн би можел да оди во Ливерпул, а Наполи во моментов се споменува како најреална опција.
Де Брујне одби трансфер во Саудиска Арабија и САД бидејќи верува дека сè уште може да игра на најголемата сцена.
Спорт
Анчелоти: Барса е најдобра, титулата е заслужена

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ѝ честиташе на Барселона за заслужено освоената титула.
Со победа од 2:0 над Еспањол, Барселона официјално стана нов шампион на Шпанија во четврток, на две кола до крајот.
Пред натпреварот со Севилја, на денешната конференција, Карло Анчелоти ѝ честиташе на Барселона за заслужениот трофеј.
„Барселона играше брилијантно и затоа треба да им честитаме. Тие беа најконзистентниот тим во текот на целото првенство и во исто време играа прекрасен фудбал. Да, заслужено ја освоија титулата“, рече Анчелоти и дополни.
„Никогаш нема да ги критикувам моите играчи, бидејќи знам дека дадоа се од себе и ме направија толку среќен во изминатите четири години. Тие секогаш ќе бидат најдобри за мене. Во тој период, клубот донесе играчи како Камавинга, Чуамени, Ридигер, Белингам, Мбапе… и дали можев да побарам повеќе? Не. Што се однесува до Мбапе, неговата прва сезона беше одлична. Знам дека ќе биде уште подобар, ќе постигне над 40 гола“.
Анчелоти официјално ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на Ла Лига на 25 мај, но веќе го чека нова работа, бидејќи ќе стане нов селектор на Бразил.