Спорт
Мерцедес: Ферари е половина секунда пред нас
Шефот на Мерцедес, Тото Волф, по првите три дена тестирање пред новата сезона во Формула 1 призна дека според сегашните показатели Ферари има најбрз болид, со дури половина секунда по круг преднот пред актуелниот шампион.
Ферари импресионираа со најбрзо време на првите два дена на „Каталуња“, а дали оваа изјава на Волф е само тактичка игра или „криење“ на вистинската форма на Мерцедес, останува да се види. Покрај тоа, тој не сакаше да ја отфрли и можноста Ред бул да е побрзи од Мерцедес на почетокот на сезоната и покрај новото партнерство со Хонда.
„Се согласувам со шефот на Торо росо, Франц Тост, реално изгледа дека Ферари с половина секунда пред сите. Не можете да бидете фаворити засекогаш. Но, мислам дека уште не сме покажале што умееме“, вели Волф.

Една од причините за предноста на Ферари е дизајнот на предното крило, откако за новата сезона повторно има нови аеродинамички правила.
„Го цениме нивниот концепт на болидот, но ние сме сигурни во нашиот избор и во работата во текот на сезоната. Ако треба да го смениме приодот, ќе го направиме тоа“, додава Волф.
Дури и шефот на Ферари, Матија Биното, потврди дека тие се напред, но не сакаше да го потцени тимот што ги освои последните пет титули во Ф1.
„Мерцедес е добар во решавањето проблеми. Ако заостануваат, ќе нè стигнат бргу“, вели Биното.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

