Спорт
Мерцедес го покажаа наследникот на шампионот, Ред бул со радикален дизајн во 2019 (галерија)
Мерцедес го претстави својот нов болид W10, со кој „сребрената стрела“ сака да го повтори успехот од последните пет сезони кога тимот ја освојуваше двојната титула, кај возачите и кај конструкторите.
Иако се очекуваше поголема промена на дизајнот, очигледно победничката формула не се менува со малку отстапувања од нормата. Сепак, деталите како покривката на моторот мораа да бидат сменети поради сменетите технички регулативи и шефот Тото Волф вели дека ги очекува голем предизвик.
„2019 ќе биде голем предизвик за нас, бидејќи правилата се сменети и почнавме со дизајнот на болидот од нула. Сите почнуваме без поени и ништо нема да ни биде подарено“, вели Волф.
Светскиот шампион Луис Хамилтон потоа го возеше болидот на патеката во Силверстоун пред стартот на зимското тестирање следната недела. Тимот останува со непроменет возачки состав, со Хамилтон и со Валтери Ботас.
It’s here ? What do you all think of the new livery this year?! ?? I am seriously excited to be driving this car for the first time today! Stick around for more…✨ #WelcomeW10 @MercedesAMGF1 pic.twitter.com/lb2IkwK3TV
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) February 13, 2019
First laps in the bag ? W10 looking right at home on track! #WelcomeW10 ✨✨✨ pic.twitter.com/M41Ns0oTHe
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) February 13, 2019
Додека Мерцедес се одлучија за континуитет, Ред бул рејсинг претставија радикално поинаков болид за 2019 година, во која се надеваат дека ќе ја сопрат доминацијата на Мерцедес. „Бикот“ оваа сезона почнува со соработката со Хонда, по долгото партнерство со Рено, а покрај тоа Пјер Гасли ќе го замени Даниел Рикардо како партнер на Макс Ферстапен.
Иако се работи за специјални бои на шасијата, кои најверојатно нема да бидат користени во сезоната , сепак, мора да се забележи дека се работи за прекрасна варијанта.
Адријан Њуи, славниот дизајнер кој освојуваше титули со Вилијамс, Мекларен и Ред бул, повторно е водечка сила на дизајнот на тимот, и сега е време да се оправдаат очекувањата.
The new #RB15 ??. Your thoughts? #RedBullRacing pic.twitter.com/rP0LPfSX07
— Max Verstappen (@Max33Verstappen) February 13, 2019
Unleashing the #RB15 for the very first time! ?? pic.twitter.com/YVJKbNxvUo
— Red Bull Racing (@redbullracing) February 13, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот: Поредата на Вирц е удар за него и за клубот
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, пред натпреварот со Вест Хем изјави дека десниот бек Џереми Фримпонг е подготвен да се врати на теренот по едномесечна пауза, но дека натпреварот ќе го пропушти Флоријан Вирц.
Шампионот на Англија ги пречекува „Чеканите“ во натпреварот од 28-то коло од Премиер лигата, кој ќе се игра на „Енфилд“ попладнево од 16 часот.
Фримпонг, последниот натпревар го одигра на против Карабаг на 28 јануари.
„Џереми ќе биде во конкуренција за Вест Хем. Тој тренираше со нас неколку пати оваа недела и ќе биде во ростерот. Не очекувам Флоријан да биде во тимот, што секако е разочарување“, рече Слот, додавајќи:
„Секој пат кога некој играч не е достапен, тоа е разочарување, а ова е нешто што не го очекував по минатата недела. Сепак, понекогаш работите се развиваат на таков начин и, за жал, овој пат не на позитивен начин.“
Тренерот на Ливерпул нагласи дека не е јасно кога точно репрезентативецот на Германија би можел повторно да игра.
Фото/ depositphotos
Спорт
Започна сезоната во Мото ГП – Спринтот во Тајланд му припадна на Акоста
Возачот на КТМ рејсинг, Педро Акоста, ја забележа првата победа во кариерата, откако славеше во спринтот за Големата награда на Тајланд, со кој започна годинашниот шампионат во Мото ГП.
Шпанецот триумфираше по неверојатна битка со актуелниот шампион, Марк Маркез што траеше неколку круга. Актуелниот шампион беше подобар во нивниот дуел, но во моментот кога успеа да го мине ривалот, имаше контакт меѓу нив двајца, поради што му беше наредено да ја врати позицијата, што и го направи, а потоа немаше шанса да возврати.
На двајцата на подиумот им се придружи Раул Фернандес од Тракхаус, а трката беше обележана и со падот на освојувачот на пол-позицијата, Марко Бецеки.
Извиредниот спринт за Трехаус ја комплетира Аи Огура. јапонецот трката ја заврши на четвртото место, беше подобра од шампионот од пред две сезони, Хорхе Мартин на Априлија.
Големата награда на Тајланд во кралската класа започнува во недела во 9 часот наутро, а акцијата во Бурирам започнува во 6 часот наутро со првата трка во сезоната во категоријата Мото3.
Спорт
Чоло Симеоне сака да го види синот на Дејан Станковиќ во Атлетико
Александар Станковиќ е еден од најбараните млади фудбалери во Европа, по Борусија Дортмунд, интерес за српскиот играч од средниот ред покажа и Атлетико Мадрид.
Како што стојат работите сега, Клуб Бриж би можел да заработи огромна сума пари од продажбата на 20-годишниот фудбалер кого го доведоа од Интер на почетокот на сезоната за 9,5 милиони евра.
Нероаѕурите имаат клаузула што им овозможува да го откупат назад својот поранешен играч, се шпекулира дека цента за Интер е околу 23 милиони евра, но цената на Станковиќ постојано расте и веќе достигна 40 милиони евра.
Шпанското радио „Марка“, објави дека тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, побарал од спортскиот директор, Матеу Алемани, да почне да работи на трансферот на Станковиќ.
Тренерот на Алетико, во кариерата беше соиграч со таткото на Александар Станковиќ во Лацио. Квалитетите на синот на актуелниот тренер на Црвена звезда, Аргентинецот можеше да ги види неодамна кога Атлетико и Бриж играа во плејофот од Лигата на шампионите.
Александар Станковиќ постигна седум гола и пет асистенции на 41 натпревар за Бриж оваа сезона.
Минатата година против Латвија тој го имаше дебито во репрезентацијата на Србија.

