Спорт
Меси: Дојдов да ја освојам ЛШ, Нејмар влијаеше врз мојата одлука да ја прифатам понудата на ПСЖ
Лионел Меси прв пат и се обрати на јавноста како играч на ПСЖ. Аргентинецот, синоќа, потпиша двегодишен договор со „светците“. Во ПСЖ дојде како слободен играч од Барселона. Меси, во новиот клуб, на грбот, ќе го носи бројот 30.
Меси, во ПСЖ, ќе го формира најсилниот трилинг во светот на фудбалот. Тој заедно со Нејмар и Килијан Мбапе, ќе го предводи нападот на „светците“.
„Тоа е лудо, среќен сум поради тоа. Драго ми е што ќе бдам секој ден со оваа екипа. Клубот реализираше некои неверојатни трансфери, мтимот е неверојатен. Ќе играм со најдобрите играчи во светот“.
Меѓу новите соиграчи се и неговите сонародници Анхел Ди Марија и Леандро Паредес. Овие двајца заедно со Нејмар имале големо влијание врз одлуката на Меси, да ја прифати понудата на ПСЖ.
„Имам пријатели и сонародници во ПСЖ. Тоа е една од причините зошто ја прифатив понудата. Атмосферата е добра, во соблекувалната имам пријатели и луѓе со кои се познавам од порано. Нејмар? Секако дека влијаеше на моето доаѓање. Бев во контакт со него, со Ди Марија и Паредес. Имаме страшно добар тим:“
Меси проговорил за тренерот Маурицио Покетино и го пофалил Марко Верати.
„Прво разговарав со него, јасно е дека разговаравме. Се познаваме од порано, имаме добро односи. Верати е еден од најдобрите во светот на својата позиција. Тој сакаше да дојде во Барселона, но работите се сменија, јас дојдов кај него. Тој е феномен. Лично го познавам“, рекол Меси.
Дали смета дека на ПСЖ може да му ја донесе титулата во Лигата на шампиони.
„Некогаш можете да го имате најдобриот ти м во светот и да не ја освоите ЛШ. Тоа е натпреварување каде што играат најдобрите. Потребна е и среќа за да се освои. Ова е посебно натпреварување, не победуваа секогаш најдобрите. Моја цел е повторно да ја освојам ЛШ, ова е најдобриот тим за мене.“
Што ќе се случи доколку во ЛШ се сретне со Барселона.
„Тоа е мојата куќа. Би било убаво доколку би играле против Барселона. Исто така ќе биде чудно да играм против Барса, како играч на друг клуб, во друг дрес“.
Дали Меси ќе дебитира против Стразбур за четири дена?
„Не знам, штотуку се вратив од одмор. Еден месец бев на одмор. Ќе морам добро да се подготвам пред да се вратам на теренот. Се надевам дека тоа ќе биде во најкус можен рок“, рекол Меси.
„Прес конференцијата заврши со извиците: „Меси, Меси, Меси“.
They started chanting Messi in the press conference ?
(? @TNTSportsAR)pic.twitter.com/QsiQUqRJgr
— B/R Football (@brfootball) August 11, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Помалиот“ клуб од Париз го елиминира ПСЖ од Купот на Франција
Фудбалерите на Пари Сен Жермен, во 1/16-финалето доживеаја елиминација од Купот на Франција, што, само по себе, претставува вистинска сензација.
„Џелатот“ на европските шампиони и беше градскиот ривал, Париз ФК, чиј стадион е оддалечен само 20 метри од „Паркот на принцовите“.
Интересно е што овие два тима одиграа натпревар од Лига 1 на истото место пред осум дена и тогаш „светците“ победија со 2:1, но сега помалку познатиот тим од „градот на светлината“ беше подобар со минимален резултат – 0:1.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Џонатан Иконе, напаѓач кој беше принуден да влезе во игра во 40-та минута, наместо повредениот Гори.
Во 74-та минута, по додавање од Кебала, Иконе им донесе предност на гостите, на што ПСЖ немаше одговор.
Иако Луис Енрике ги имаше на теренот Хвича Кварацхелија, Бредли Баркола, Гонзало Рамос, Фабијан Руиз, Витиња, Усман Дембеле и Дезире Дуе од 65-та минута, никој не успеа да најде пат до мрежата.
Foto/ EPA
Спорт
Астон Вила извиси, Галагер се сели во Тотенхем
Конор Галагер го напушта Атлетико Мадрид, но кариерата нема да ја продолжи во Астон Вила туку во Тотенхем.
Играчот редот за врска, за чии трансфер пред 18 месеци од Челзи, „јорганџиите“ издвоија 42 милиони евра, не се снајде во системот на Чоло Симеоне.
Атлетико даде дозвола трансферот да биде реализиран.
Инаку, во текот на вчерашниот ден информациите говореа дека Галагер ќе оди кај Унаи Емери во Астон Вила.
Планот се смени во последен момент, бидејќи Тотенхем се јави да го октупи договорот на Галагер, нешто што Вила не сакаше да го направи. Клубот од Бирмингем понуди два милиони евра за позајмица, со право на откуп по завршувањето на сезоната.
Англиските медиуми тврдат дека Галагер во текот на денот ќе пристигне во Лондон, а кога ќе ги заврши лекарските прегледи ќе потпише договор со Тотенхем.
Спорт
Реал скапо ќе го плати отказот на Алонсо
Чаби Алонсо (44) повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42).
Отказот на Чаби Алонсо скапо ќе го чини Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата помеѓу осум и девет милиони евра по сезона.
Шпанскиот весник „Ел Дебете“, пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо.
За потсетување, минатото лето Реал му плати 15 милиони евра на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.
Алонсо го водеше тимот во 34 натпревари, во сите натпреварувања, оствари 24 победи, четири нерешени резултати и шест порази.
Реал остана на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот се во осминафиналето, каде што во среда ги чека Албасете.
Токму против Албасете на клубата ќе дебитира новиот тренер.

