Спорт
Меси: Глупави се муабетите дека јас ги кројам тимот и трансфер-листата
Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, во опширно интервју за „Марка“ говорел за многу актуелни теми дека го составува тимот, дека ја крои трансфер-листата, дека може да го смени тренерот кога и да посака…
Деновиве сепак најактуелна е тема околу неговиот договор со Барселона кој истекува во јуни 2021 година и можноста да го напушти клубот.
„Клаузулите и парите ништо не ми значат. Најважно е во клубот да постои победнички проект, а очигледно постои. Во моментов нема никакви преговори околу мојот договор. Тие преговори би ги водел мојот татко, а тој не ми кажал дека нешто се случува. Нема преговори“, рекол Меси и потоа го коментирал лошиот старт на Барселона во Ла Лига.
„Засега нема причини за паника, иако не е пријатно кога вака ќе ја отворите сезоната. Имавме доста повреди и тоа е нормално. Мораме да „кликнеме“ веќе од наредниот натпревар“.
Барселона последен пат триумфирала во Лигата на шампионите во 2015 година, четири сезони клубот чека нов трофеј во ова натпреварување.
„Мина доста време откако последен пат ја освоив ЛШ. Искрено би сакал да ја освојам уште неколку пати во кариерата. Но не би потпишал да ја освоиме титулата во ЛШ пред онаа во Шпанија. Минатата сезона извлековме поука, дека во секој натпревар мора да постигнете гол““, рекол Меси и потоа ги издвоил најголемите ривали во Шпанија и ЛШ.
„Атлетико има добар, балансиран тим, купија добри играчи. Реал заврши голема работа со трансферот на Еден Азар. Јувентус и Манчестер сити се најголемата закана во Европа. Сите си јаки, Лигата на шампиони ќе биде многу израмнета“.
Потоа проговорил и за шпекулациите дека за се што се случува во Барселона се прашува тој.
„Веќе навикнав луѓето да зборуваат што сакаат. Секако дека тоа не е точно. велат дека го составувам тимот, дека бирам кој ќе дојде, а кој ќе замине, дека менувам и именувам тренер…Или дека тоа го прави мојот татко. Навстина не вреди да се зборува за ова. Знам која е мојата работа, а во туѓата не се мешам“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

