Спорт
Меси го кани Модриќ во Интер Мајами

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ на крајот на сезоната би можел да се пресели во Интер Мајами. Покана добил од најголемата ѕвезда на Интер, Лионел Меси.
Клубот кој е во косопственост на Дејвид Бекам, во последните години е заинтересиран за Модриќ, а сега во приказната се вклучи и Меси, кој наводно го убедува Хрватот да се пресели во Мајами.
Модриќ, најверојатно следната сезона нема да биде дел од Реал Мадрид, а Хрватот сака да има клуб во кој ќе игра, со цел да биде подготвен за претстојниот Мундијал, кој ќе биде последен во неговата кариера, со оглед на тоа што следната година ќе наполни 40 години.
Интер Мајами сака да го ангажира Хрватот во пресрет на Светското клупско првенство кое годинава се игра во Америка. Доколку трансферот се случи, Модриќ ќе им се приклучи на поранешните големи ривали од Барселона, Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Џорди Алба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ: Во наредните денови ќе испијам многу пиво и ќе донесам одлука дали ќе играм на ЕП

Денвер Нагетс ја завршија сезоната во Оклахома. Најдобриот тим во лигата, во регуларниот дел од сезоната, ги декласира Нагатес во седмиот меч од полуфиналната серија во Западната конференција.
Најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ, седмиот меч го заврши со 20 поени, девет скока и седум асистенции. Трикратниот МВП регуларната сезона ја заврши со трипл-дабл просек.
По елиминацијата од плејофот, она што ја интересира кошаркарската јавност, најмногу српската е дали Јокиќ ќе игра на Европското првенство. Се уште под влијание од тешкиот пораз, Јокиќ рече дека „одлука ќе донесе во наредните денови во наредните денови, кога ќе испие многу пиво“.
„Мислам дека Олимписките игри ме направија уште подобар. Играв за мојата земја, со други играчи, под „различни“ правила и тоа навистина ме направи уште подобар играч. Евробаскетот доаѓа, морам да донесам одлука, морам да разговарам со тренерите и главните играчи во репрезентацијата. Ќе видиме, но во следните неколку дена веројатно ќе има многу пиво“, рече Јокиќ со карактеристична насмевка.
На овогодинешното Европско првенство, Србија игра во групата А заедно со домаќинот Латвија, Турција, Естонија, Чешка и Португалија, а на континенталното првенство доаѓа како светски вицешампион и бронзен медалист од минатогодишните Олимписки игри во Париз.
Спорт
Милан нема да го откупи договорот на Ејбрахам

На крајот од оваа сезона истекува позајмицата на Тами Ејбрахам, а англискиот фудбалер нема да ја продолжи кариерата во Милан.
„Корихере дело спорт“, објави дека Милан нема да го откупи договорот на Англичанецот од Рома.
Иднината на Ејбрахам не е во Рим, бидејќи Рома сака да го продаде напаѓачот.
Жозе Мурињо е еден од оние тренери кои го ценат овој фудбалер и би сакале да го видат во своите редови. Исто така, се шпекулира дека за неговите услуги се заинтересирани и челниците на Бешикташ.
Ејбрахам има 27 години, оваа сезона постигна 10 гола и додаде седум асистенции.
Во Милан се подготвува сериозна реконструкција на напаѓачката линија, бидејќи покрај Англичанецот клубот ќе го напушти и Лука Јовиќ.
Спорт
Чаби Алонсо побарал Модриќ да остане во Реал

Доаѓањето на Чаби Алонсо во Реал Мадрид сигурно ќе донесе промени во „кралскиот клуб“, но не и кога е во прашање статусот на Лука Модриќ.
Всушност, промената е во тоа што, и покрај сите најави, Модриќ треба да остане на „Сантијаго Бернабеу“ бидејќи тоа го побарал новиот тренер.
Како што најави новинарот на шпанската „Марка“, Мигел Анхел Ториби, Модриќ ќе остане во Реал уште најмалку една сезона.
„Шпанскиот стручњак го гледа искуството на Модриќ како клучен фактор во тимот. Тој е лидер на овој тим“, пишува шпанскиот весник.
Иако во септември полни 40 години, Алонсо го сака во тимот, дури и ако треба најчесто да биде резерва. Смета дека Модиќ може многу да придонесе со своето искуство.
И покрај годините, оваа сезона Хрватот одигра дури 54 натпревари и постигна четири гола со осум асистенции.
Вкупно, тој одигра 589 натпревари за Реал и играше со Алонсо во 2012 година кога пристигна од Тотенхем.