Спорт
Меси и Мбапе следната сезона ќе носат дрес со „GOAT“ на ракавот
Пари Сен-Жермен го објави својот нов домашен дрес за сезоната 2022/23, на кој првпат ќе има два спонзори – „Катар ервејс“ на предната страна од дресот и „GOAT“ на ракавите.
Ова значи дека првата ѕвезда на тимот Килијан Мбапе, но и аргентинската легенда Лионел Меси ќе носат дресови на чиј ракав ќе пишува „GOAT“, кратенка која честопати се толкува како „Greatest of All Time“, нешто што за фановите на Меси е нормално поврзана со него. Сепак, овојпат се работи за спонзорство со компанијата за произвоство на уникатни патики, спортска опрема и облека.
??️?
Check out our new @nikefootball home kit for the 22/23 season ??
For the first time, our partners @QatarAirways and @goatapp appear on the first team kit.#????????????
? https://t.co/lIr1GOBRzw pic.twitter.com/h3G9YaazOx
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) June 29, 2022
??️? #????????????
Our new 22/23 ???? kit is available ?
?▶️ https://t.co/lIr1GOBRzw pic.twitter.com/b8O7HwlAs1
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) June 29, 2022
???
Our new ???? 22/23 kit is also available at the Megastore and official shops ???#???????????? pic.twitter.com/rFu9GsMtB7
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) June 29, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Пафос ремизираше со Монако, Копенхаген го победи Каират
Фудбалерите на Пафос и Монако ремизираа 2:2, а Копнхаген го победи Каират со 3:2, во петтото коло од Лигата на шампионите.
На Кипар, гостите од Монако два пати водеа, на крајот Пафос успеа да освои бод.
Започна бурно од самиот почеток, а иницијативата гостите и го отворија резултатот во петтата минута со голот на Минамино.
Потоа Пафос се ослободи и почна да се заканува кон голот на Храдецки. Андерсон ја затресе пречката, а по неколку минути стигна израмнувањето.
Оршиќ изведе квалитетен центаршут од корнерот, а Давид Луиз потсети на брилијантните денови од Челзи и ја погоди мрежата со глава.
Монако ја врати предноста, кога голманот на Пафос Михаила клуб направи грешка, а Балогун сето тоа го искористи за 1:2
Гостите пропуштија шанси да го решат атпреварот, а кога не успеаја во тоа казната ги стигна во 88-та минута. докрајчат противникот и следеше пенал. Повторно прекин,
Мислав Оршиќ повторно испрати одличен центаршут, Шуњиќ ја погоди гредата, а топката од Салису заврши во голот.
Сега двата тима имаат по шест бода по пет одиграни кола.
Копенхаген ја оправда улогата на фаворит и го победи Каират – 3:2.
Данците водеа со 3:0 и се чинеше дека се упатуваат кон рутински триумф. Дајасон, Ларсон и Роберт ја погодија мрежата на гостите, но Казахстанците не се предадоа.
Преку Сатпајев и Бајбек, внесоа неизвесност во Паркен, но Копенхаген ја одбрани предноста на крајот.
Спорт
Партизан ја потврди оставката на Жељко Обрадовиќ
Кошаркарскиот клуб Партизан објави писмо од Жељко Обрадовиќ упатено до јавноста во кое тој се збогува со црно-белите.
Официјално – Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на Партизан и клубот го потврди ова со објавување на писмото на најтрофејниот тренер во Европа, кое тој го испрати до сите навивачи и јавноста.
Го објавуваме писмото во целост и без редакциски измени:
„Драги навивачи на Партизан,
Пред четири и пол години се вратив во мојот сакан клуб и тргнав заедно со вас да го живеам најубавиот сон. Имав желба и цел по 10 години нашиот Партизан повторно да стане дел од Евролигата, сите заедно успеавме во тоа.
Игрите на нашиот сакан клуб станаа нешто повеќе од кошарка, благодарение на вас кои сте најзаслужни за тоа. За жал, дојде моментот кога морав да ја преземам одговорноста за сите лоши работи што се случија оваа сезона и да поднесам неотповиклива оставка.
Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе што му помогнаа на нашиот клуб сите овие години, на претседателот на клубот и на сите членови на Управниот одбор, на сите луѓе од работната заедница на клубот, како и на сите спонзори.
Многу сум благодарен на сите играчи што беа со нас во овие четири и пол години, на членовите на мојот стручен штаб (многу пати сум истакнал, најдоброто што го имав) и секако голема благодарност до сите навивачи на Партизан! Ви благодарам за вашата безрезервна поддршка, почит и љубов што ни ја дадовте. мене сите овие години во секоја можност!
Секогаш еден од вас, вечно благодарен!
Жељко Обрадовиќ“, пишува тој во писмо објавено на официјалната веб-страница на КК Партизан.
Спорт
Жељко Обрадовиќ понудил оставка
Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, понудил оставка на функцијата по серијата порази на тимот во Евролигата, објавија српските медиуми. .
Неуспехот на Партизан во Атина против Панатинаикос беше седми во последните осум натпревари, тимот изгледаше летаргично, без идеи, дозволувајќи му на противникот серија 25:0 во третата четвртина со која мечот беше решен.
Очигледно, Обрадовиќ нема начин да ја сврти ситуацијата, како што правел многу пати откако дошол во клубот, па затоа решил да го крене сидрото и да ја препушти работата на некој друг.
Управата на клубот сè уште треба да ја разгледа одлуката на Обрадовиќ, но се чини дека е конечна.
Наводно, Жоц дури и не се вратил со тимот од Атина во Белград.
По 13 натпревари во Евролигата, Партизан е на дното на табелата со учинок од 4-9, а само Асвел и Макаби имаат полош резултат…
За потсетување, Обрадовиќ е на клупата на Партизан од 25 јуни 2021 година, во својот втор мандат во клубот со кого ја освои првата (1992 година) од деветте титули европски клупски првак. Останатите титули го освоил со Панатинаикос, Реал, Хувентуд и Фенербахче.

