Спорт
Меси ја освои 45.титула во кариерата

Лионел Меси, за многумина најдобриот фудбалер во историјата, синоќа го освои 45-от трофеј во кариерата. Аргентинецот сега е фудбалер со најмногу трофеи освоени во кариерата, на вечната листата го мина поранешниот соиграч од Барселона, Дани Алвеш.
кој освои 44 титули.
Меси беше во солзи го напушти финалето на Копа Америка. Поради поради повреда на скочниот зглоб го напушти теренот во 65. минута, на крајот тие солзи станаа солзи радосници, бидејќи неговата Аргентина го одбрани трофејот.
Севкупно, тој освои шест титули со Аргентина – Светскиот куп до 20 години, Финалисима (КОНМЕБОЛ-Куп на УЕФА), Олимписките игри (2008), две Копа Америка и Светскиот куп во 2022 година.
Со национакниот тим четири трофеи освои во последните три години.
Со Барселона „собра“ 36 трофеи: четири УЕФА Лиги на шампиони, три УЕФА Суперкупа, три Светски клупски првенства, десет титули во Примера, седум трофеи во Копа дел Реј, осум шпански Суперкупа.
Со Пари Сен Жермен освои две титули и Купот на Франција, а со Интер Мајами МЛС Лига Купот.
И тоа веројатно не е крај на трофеите на единствениот човек во Аргентина кој може да му парира на божеството Марадона.
Негова цел е Светското првенство во 2026 година и одбраната на светската круна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вавринка и Гаске добија покани за Ролан Гарос

Трикратниот шампион на Гренд слем турнирите, Швајцарецот Стен Вавринка и легендарниот француски тенисер Ришар Гаске добија специјални покани (вајлд карти) за појавување во главниот ждреб на Ролан Гарос, објавија организаторите.
На женскиот турнир, француските тенисерки Дајан Пари (102-ра на ранг-листата на ВТА), Леолија Жанжан (104-та) и Клое Паке (138-ма) исто така добија покани за директен влез во главниот жреб на турнирот, објави Француската тениска федерација (FFT).
Гаске (38), кој моментално е на 160-то место на светската ранг-листа, уште во октомври објави дека овогодинешниот Ролан Гарос ќе биде последниот турнир во неговата кариера, па затоа неговата вајлд-карта беше очекувана. Имаше малку поголема неизвесност околу Вавринка (132-ри на АТП листата), шампионот на Отвореното првенство на Франција во 2015 година, но организаторите решија и него да го почестат.
Меѓу другите машки играчи, вајлд-карти за главната ждрепка им беа доделени на Французите Артур Казо (116), Валентин Роже (117), Теренс Атман (119) и Пјер-Иг Ербер (148), како и на Австралиецот Тристан Скулкејт (129) и Американецот Емилијано Нава (137), благодарение на договорите за реципрочни покани што ФФТ ги има со австралиските и американските тениски федерации.
16-годишната надеж на францускиот тенис, Моиз Куам, доби посебна покана за квалификациите, кои започнуваат во понеделник.
Ролан Гарос се одржува од 25 мај до 8 јуни во Париз.
Спорт
ПСЖ го тужи Мбапе за 98 милиони евра

Војната помеѓу Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен продолжува, а се појави нова фаза со тужбата што официјално ја поднесе клубот.
Имено, францускиот шампион беше огорчен од начинот на кој Мбапе го напушти Париз, без обештетување откако му беа исплатени 180.000.000 евра на Монако.
Тој му заби нож во грб на Насер Ал Келаифи, со кого наводно имал усмен договор во 2023 година за продолжување на договорот, но тоа не се случи.
„Овој договор не беше обврзувачки бидејќи не беше ниту формален ниту потпишан и нема докази дека постоел претходно споменатиот „џентлменски договор“. Бараме 55 милиони евра отштета од ПСЖ за исклучувањето на Мбапе од тимот откако тој објави дека го напушта клубот на крајот од сезоната“, објавија адвокатите на Мбапе.
Мбапе го направи првиот чекор, откако замина во Реал Мадрид, и го тужеше поранешниот клуб за 55 милиони евра. Тој дури побара од УЕФА да го исклучи ПСЖ од сите негови натпреварувања.
Затоа ПСЖ сега одговори со контратужба, барајќи дури 98 милиони евра од Мбапе.
„Тужбата на играчот против ПСЖ е неоснована. Покрај тоа, тој му должи пари на клубот“, објави ПСЖ.
Исходот сè уште може да се очекува, а спорот сигурно ќе потрае некое време.
Спорт
Една сезона и заврши – Шортс повеќе нема да игра во Евролигата?!

Ти Џеј Шортс, американски плејмејкер со македонски пасош, имаше фантастична дебитантска сезона во Евролигата со Пари Сен Жермен. Се очекуваше дека тој ќе се приклучи на еден од најсилните европски тимови во текот на летото, но тоа најверојатно нема да се случи.
Францускиот „Баскет Јуроп“ објавува дека Шортс ќе ја напушти Европа на крајот од сезоната и ќе им се придружи на Мемфис Гризлис, што значи дека ќе се испроба во НБА.
Според извештаите, постигнат e принципиелен договор, па Шортс повторно ќе соработува со финскиот тренер Томас Исало во Мемфис, под чие водство играше во Бон и Париз минатата сезона. Оваа сезона, тој соработуваше со бразилскиот стручњак Тијаго Сплитер во Париз.
Шортс беше шампион и МВП на Лигата на шампионите на ФИБА пред две години со Бон, минатата сезона беше шампион и МВП на Еврокупот со Париз, а оваа сезона беше избран во идеалната петорка на Евролигата и го водеше Париз до четвртфиналето.
Значи, ситниот плејмејкер ќе ја продолжи својата серија, настапувајќи во Лигата на шампионите, Еврокупот, Евролигата и НБА година по година.
Според истиот извор, бројни тимови од Евролигата му понудиле на Шортс плата и шест пати поголема од онаа што ја имал во Париз, но на крајот веројатно ќе преовлада одлуката за НБА лигата.
Овој играч во просек постигнуваше 19 поени, 2,6 скока и 7,3 асистенции по натпревар во Евролигата.