Спорт
Меси, Мбапе и Бензема во трката за најдобар играч според ФИФА

Освојувачот на Светското првенство, Лионел Меси, неговиот соиграч од Пари Сен-Жермен и актуелниот освојувач на „Златната топка“, Карим Бензема се во скратениот избор за ФИФА БЕСТ наградата за најдобар играч во 2022 година.
Трите фудбалски мегаѕвезди се издвоени од првичниот список од 14 фудбалери по гласањето на селекторите на репрезнтациите членови на ФИФА, нивните капитени, новинарите и фановите. Изборот не е изненадувачки, бидејќи изборот на ФИФА се одвива од август 2021 до 18 декември 2022 година.
Прв фаворит, апсолутно, е Лионел Меси, кој на Аргентина и ја донесе третата светска титула на Мундијалот во Катар. Мбапе, пак, беше во поразениот тим, репрезентацијата на Франција, и во финалето постигна хет-трик. Неговиот сонародник Бензема, отсутен во Катар поради повреда и контроверзи, пак, во октомври ја освои својата прва „Златна топка“ по фантастична сезона во Мадрид.
Резултатите ќе бидат објавени на посебна церемонија на 27 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сензација на 3.000 метри „стипл-чез“, Бимиш во солзи го остави фаворитот Ел Бакали

Георди Биниш од Нов Зеланд забележа сензационална победа на 3.000 метри „стипл-чез“ на Светското првенство во Токио.
Биниш во спектакуларен финиш, во последните пет метри успеа да го победи Софијан Ел Бакали, инаку двократнен олимписки и трикратен светски шампион.
Делуваше дека Ел Бакали ќе забележи лесна победа. Како и многу пати во кариерата, тој беше на задните редови, па полека забрза. На 150 метри пред целта, се проби на првото место и се чинеше дека ќе ја одбрани титулата.
Бимиш не мислеше така, кој неверојатно забрза и почна да се приближува до Мароканецот. На крајот, го помина и славеше со време од 8:33.88.
Бакали беше во апсолутен шок по трката. Легна на патеката и плачеше. Никој не можеше да го утеши за златото што му избега за пет стотинки.
Кениецот Едмунд Серем успеа да ја освои бронзата во втор план со 8:34.56.
Немаше изненадувања во финалето на фрлање кладиво за жени. Олимписката и светска шампионка Камрин Роџерс рутински ја одбрани својата круна.
Го фрли кладивото најдалеку оваа сезона 80,51, а нејзините втори и трети најдобри резултати беа повредни од постигнувањето на второпласираната Кинеска Жао (77,60) метри. Третата беше уште една репрезентатвка на Кина Жанг со 77,10.
Foto/ EPA
Спорт
Бекер: Новак, зошто играш? Не можеш да ја освоиш 25-та Гренд Слем титула

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, се сомнева дека Србинот некогаш ќе стигне до 25-та Гренд слем титула.
Бекер гостуваше во подкастот, кој го води со Андреа Петковиќ, меѓудругото рече дека 2026 година вероајтно ќе биде последна во кариерата на Ѓоковиќ.
„Тој игра против Синнер или Алкараз и не знае колку долго ќе трае неговата кариера на Гренд слем турнирите. Ова е прв пат отворено да зборуваме за 2026 година како негова последна кога станува збор за четирите најголеми турнири“, рече Бекер, додавајќи:
„Тој спомена дека сè уште може да се натпреварува со најдобрите, тоа е вистина, но зошто сè уште игра тенис? Да ги освои Рим и Монте Карло или 25-та титула на Гренд слем? Мислам дека е второто. Верувам дека не може да го постигне тоа, со оглед на возраста и силата на помладите играчи.“
Во 2025 година, Ѓоковиќ играше во полуфиналето на сите четири Гренд слем турнири, но не успеа да се бори против водечкиот дуо на светскиот тенис.
Тој ја освои 100-та титула во кариерата (турнирот во Женева) и со тоа стана првиот играч кој кренал барем еден трофеј 20 години по ред.
Спорт
Панатинаикос го отпушти Руи Виторија

Португалскиот стручњак Руи Виторија повеќе не е тренер на Панатинаикос, објави клубот од Атина.
„Ти благодараме Руи. Ти посакуваме се најдобро во следната поглавје од твојата кариера“, се вели во објавата на Панатинаикос објавено на социјалната мрежа „Икс“.
Виторија (55) доби отказ по лошиот влез во сезоната. Панатинаикос освои само еден бод во првите две кола од грчкото првенство.
Следниот викенд, Панатинаикос го пречекува Олимпијакос во најголемото дерби на грчкиот фудбал, а клубот подоцна ќе објави кој ќе го наследи Виторија на клупата.
Претходно, атинските зелени беа елиминирани од Глазгов Ренџерс во квалификациите за Лигата на шампионите, но успеаја да се квалификуваат во главната фаза во Лига Европа.
Во второто најсилно европско клупско натпреварување, Панатинаикос ќе игра против Јанг Бојс, Го Ахед Иглс, Феенорд, Малме, Штурм, Викторија Пилзен, Ференцварош и Рома.