Спорт
Меси на новинарот Ромеро му порача дека е лажго
Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси остро ја демантираше информацијата на шпанскиот новинар Херардо Ромеро дека ќе се врати во Барселона.
Ромеро изјави дека Аргентинецот разговарал со претседателот на Каталонците Џоан Лапорт, откако по осми пат ја освои Златната топка на „Франс фудбал“.
„Повторно лажеш“, му порача Меси на новинарот преку социјалните мрежи.
Меси најголемиот дел од кариерата го мина во Барселона, со која освои се што е вредно во светот на фудбалот. Потоа, две сезони настапуваше за Пари Сен Жермен, а од оваа година е фудбалер на Интер од Мајами.
После се, Ромеро јавно се извини и јасно посочи дека добил лажни информации за Меси:
„Извинете. Повторно ме излажаа во врска со Лео. Не научив. Извинете. Многу страшна ситуација. Прифаќам се што ми е кажано и ветувам дека ќе работам вакви работи повеќе да не се повторат“, напиша Ромеро.
Gerardo Romero reponds to Lionel Messi calling him a liar. https://t.co/ntBPUQHIQC
— Roy Nemer (@RoyNemer) October 31, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Руиз ќе го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен и Фабијан Руиз се согласија за сите услови во врска со продолжувањето на соработката.
Новинарот Матео Морето, денес потврди дека сè е подготвено Фабијан Руиз да потпише до летото 2029 година.
Репрезентативецот на Шпанија беше поврзан со бројни клубови, го канеа во Турција, дури и Реал Мадрид беше споменат претходно, но впечатокот е дека на Руиз му е најдобро во Париз.
Тој пристигна во ПСЖ, во летото 2022 година за 22.500.000 евра од Наполи и сега е легенда на „Светците“. Одигра 155 натпревари за ПСЖ, постигна 16 гола со 24 асистенции и ги освои сите можни трофеи.
Заедно со Витиња и Жоао Невес, тој е дел од трио во средината на теренот и Луис Енрике не сакаше да го остане без сонародникот.
Договорот на Руиз истекува во летото 2027 година, и затоа ПСЖ сакаше да ја затвори приказната на време, за да не му дозволи да влезе во последната година по завршувањето на сезоната.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ал-Итихад му нуди на Меси бланко чек
Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, повторно ја изрази својата желба да го доведе Лионел Меси, наведувајќи дека е подготвен да му понуди на аргентинскиот фудбалер бланко чек. Светските медиуми објавуваат изјави во кои Ал Хаили истакнува дека парите нема да бидат пречка за реализација на овој трансфер.
Ал Хаили наводно е подготвен да му дозволи на Меси самиот да ги одреди финансиските услови и времетраењето на договорот.
„Доколку Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек на кој може да напише која било сума, со договор за кој било период што ќе го избере, дури може договорот да биде доживотен“, рече Хејли.
Тој додаде дека доаѓањето на Меси би било од големо значење за клубот: „Доколку Меси го носи дресот на Ал-Итихад тука во Саудиска Арабија, парите немаше да ми значат ништо. Ќе ја славевме лигата пред да започне, бидејќи ќе го имав најдобриот играч во историјата на фудбалот.“
Претседателот на Ал-Итихад потврди дека веќе се обидел да го ангажира Меси претходно, по неговото заминување од Париз:
„Да, го контактирав кога му истече договорот со Париз и му понудив договор од 1,4 милијарди евра, односно 88 милиони евра годишно, но тој одби без дури ни да ја слушне понудата бидејќи неговото семејство ја претпочиташе Америка. Го почитувам тоа и вратите на Ал-Итихад секогаш му се отворени кога и сака да дојде“, рече Ал Хаили и дополни:
„Повеќе нема да се насочуваме кон бројки, едноставно ќе му дадам на Меси бланко чек да напише што сака. Тоа е најдобриот начин“.
И покрај великодушната финансиска понуда, се смета дека преселбата на Меси во Саудиска Арабија е малку веројатна. Аргентинскиот фудбалер се прилагоди на животот во Соединетите Американски Држави, каде што живее со своето семејство, а неодамна тој го продолжи договорот со Интер Мајами.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рома за 19-годишник ќе плати 25 милиони евра
Рома, помалку неочекувано по првиот дел од сезоната е легитимен кандидат во борбата за титулата во Серија А, но нивната примарна цел е да изборат место во Лигата на шампионите.
Во Рим открија дека им е потребно освежување во нападот, па почнаа да бараат засилувања. Главни мети беа Џакомо Распадори и Џошуа Зиркзе, но тие завршија неуспешно. Распадори ќе се пресели во Аталанта, додека нема назнаки дека Манчестер Јунајтед ќе прифати понуда за Зиркзе.
Во меѓувреме, Рома, најде засилување во нападот. Изборот е талентираниот 19-годишен, Рибинио Ваз. Играчот блесна сезонава во Олимпик Марсеј. Рома се согласи да плати 25 милиони евра.
Останува да се дефинираат личните услови и 19-годишниот напаѓач официјално да стане играч на италијанскиот клуб.
Во исто време, челниците на клубот од Рим преговараат и со Дониел Мален од Астон Вила. Холанѓнецот би требало да пристигне во Рома на позајмица, со право на откуп.
Foto/ depositphotos

