Спорт
Меси откри кого го смета за најголем спортист на сите времиња
Познатиот аргентински фудбалер Лионел Меси проговори за тоа кого го смета за најголемиот спортист во историјата.
Има многу врвни спортисти, кои би можеле да се најдат на тоа место, но Меси има свој фаворит.
„Кога станува збор за спортот, мислам дека најдобар е Мајкл Џордан. Откако ја гледав серијата „Последниот танц“ се инспирирав и дознав повеќе за тоа кој е тој и што има постигнато“, изјави Лионел Меси, пренесува SPORF.
Меси додаде дека би бил многу среќен да се слика со Џордан.
„Толку луѓе ме побараа за фотографии, зошто да не барам од него фотографија? Би било навистина убаво“.
Нема сомнеж дека Мајкл Џордан е меѓу најголемите спортисти на сите времиња. Славниот кошаркар е двократен олимписки победник и шесткратен шампион во НБА. За време на неговата професионална кошаркарска кариера, тој играше двапати за Чикаго Булс (1984–1993, 1995–1998) и за Вашингтон Визардс (2001–2003).
Познато е дека Џордан двапати го напушти спортот и двапати се враќаше. Славниот Американец беше примен во Куќата на славните на кошарката во 2009 година, а во Куќата на славните на ФИБА во 2015 година. Денеска има 61 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Успешен старт на Вардар во Лига Европа, убедлив триумф над Валур
Ракометарите на Вардар по пауза од две години пауза се вратија на европската сцена. Во првиот натпревар во Лига Европа Вардар го победи актуелниот освојувач на ЕХФ купот, Валур со 33:26.
Црвено-црните сите дилеми околу победникот ги решија уште во таната фаза д првото полувреме. На полувреме имаа водство 19:11. Воо вториот дел рутински ја одржуваа предноста.
На овој натпревар блескаа голманите, Фереира забележа 14, а голманот на Валург, Густавсон 15 одбраби.
Стрелците кај Вардар ги предводеа Борозан и Срдановиќ со по шест гола.
Вардар во второто коло ќе му гостува на Мелсунген. Германскиот тим вечерва победи во Порот со 29:24.
Спорт
Агуеро ја тужеше Барселона, барајќи три милиони евра
Каталонците мака мачат со финансиите, а сега добија и тужба од поранешен фудбалер на Блауграна.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, поранешниот напаѓач на Барселона, Серхио Агуеро, поднел тужба против каталонскиот клуб поради неисплатени плати во износ од три милиони евра.
Аргентинскиот напаѓач се пресели во Барселона во мај 2021 година, но мораше да ја заврши кариерата во декември истата година, откако му беше дијагностицирана срцева болест.
Како што пренесува АС Мадрид, Барселона требало да му исплати на Агуеро плата за првата година од договорот за осигурување, но осигурителната компанија одбила да му плати на фудбалерот со образложение дека тој имал проблеми со срцето уште од детството. Сепак, Аргентинецот смета дека Каталонците му должат три милиони евра обештетување за раскинувањето на договорот и поднесе тужба против клубот.
Агуеро пристигна на Ноу Камп во мај 2021 година, но одигра само пет натпревари на кои постигна еден гол (против Реал Мадрид).
Серхио Кун Агуеро во својата богата кариера настапуваше за Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Барселона. Дресот на репрезентацијата на Аргентина го носеше 101 пат и постигна 41 гол.
Спорт
Раководството (засега) го поддржува Фонсека, ги критикува играчите
Настаните во Милано и понатаму се централна тема во италијанските медиуми, особено во светло на неверојатните сцени во Фиренца на натпреварот против Фиорентина. Тие настани ја обновија дебатата за статусот на тренерот Пауло Фонсека.
Токму кога Милан врза три победи во Серија А и навидум влезе во трката за врвот, се случи Фиренца. Пораз со два промашени пенали, не го остави рамнодушна ниту секогаш прбраниот Фонсека.
Тренерот им се налути на Тео Ернандез и Тами Ејбрахам што ја преземаа „одговорноста“ иако Кристијан Пулишиќ е првиот избор на Португалецот.
Под критики е и Фикајо Томори бидејќи кога беше доседен вториот пенал, тој ја зеде топката и му ја деде на Ејбрахам.
Кога на тоа ќе се додадат сцените од Рим од неодамнешното гостување кај Лацио, кога Рафаел Леао и Тео Ернандез се тргнаа на страна кога тренерот делеше совети, јасно е дека тренерот нема многу авторитет меѓу играчите. Барем не меѓу најголемите ѕвезди.
Тоа го препозна и управниот одбор кој го критикува и го осудува односот на играчите. И засега му даваат целосна поддршка на тренерот, иако резултатите не се најдобри.