Спорт
Меси постави два рекорди, Барса на само 4 поени зад Атлетико
Лионел Меси го одигра својот 767. меч во дресот на Барселона, израмнувајќи го рекордот на својот поранешен соиграч Чави Ернандез, и постигна два прекрасни голови при 4:1 победата над Уеска со која каталонскиот клуб се доближи на само четири поени од лидерот Атлетико Мадрид на 11 кола пред крајот на шпанскиот шампионат. Меси исто така стана единствениот фудбалер во историјата на топ 5 лигите, кој има постигнато над 20 голови во 13 сезони едноподруго.
Исходот на мечот беше одлучен со два прекрасни голови во првото полувреме – прво Меси во 13. минута, а потоа и Гризман во 35. минута, пред фенерџијата Уеска да намали на 2:1 во судиското продолжение од полувремето со гол од пенал на Рафаел Мир. Оскар Мингуеза по асистенцијата на Меси во 53. минута зголеми на 3:1, пред во 90. минута Меси да го постигне и својот втор гол.
Со четвртата победа во низа, Барселона се врати на второто место на табелата со 59 поени, четири помалку од Атлетико Мадрид и два пред Реал Мадрид, и овојпат трите фаворити имаат идентичен број на одиграни натпревари (27). Уеска борбата за опстанок ќе ја бара против друг противник – тие се последни со 20 поени, четири помалку од Елче, кои се на првото место кое нуди опстанок.
Легендите му се поклонија на легендата Меси – го почна 767. натпревар за Барса
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Охрид го елиминира Вардар од Купот, Шкендија Арачиново подобра од Работнички
Второлигашите Охрид и Пкендија Арачиново, се пласираа во полуфиналето во Купот на Македонија. Охрид по изведувањето пенали го елиминира лидерот во Првата лига, Вардар, а Шкендија славеше во дуелот со Работнички.
Охрид сензационално го елиминира бранителот на трофејот во Купот на Македонија. Охриѓани во 91-та минута се изборија за пенали, а потоа славеа со 4.3.
Охрид заслужено го елиминира големиот фаворит откако во текот на натпреварот имаше подобри шанси. Врадар поведе во 60-та минута преку Николов, а изедначи во 91-та минута Матески.
Пенал серијата започна со промашувањата на Николов (Вардар) и Спиркоски (Охрид). Во втората и третата серија пеналџиите беа сигурни, во четвртата Данев не реализира, а Илиески потоа беше сигурен за голема победа на Охрид.
Шкендија Арачинов, во втората денешна средна славеше над Работнички со 3:1. Овој резултат и не е толку голема сензација, со оглед како сезонава играат „романтичарите“.
Спорт
Свечено отворена обновената сала во Градски парк, по пет децении Работнички доби нов дом
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ја отвори целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата.
Во рамки на свеченоста се одигра ревијален натпревар меѓу младинскиот состав на КК „Работнички“ и шампионите од Лига Центар од ООУ „Кочо Рацин“, проследен со настапи на хип-хоп групи и богата спортска програма.
На отворањето, покрај бројните гости и советниците на Општина Центар, присуствуваа и ветераните на КК „Работнички“, Огнен Герасимовски, Драган Радосављевиќ, Рики Ѓорчевски, Стерули Андоновски, Томе Димишковски, Миро Крстевски, Тихо Матевски, и Перо Антиќ, на кои им беше доделено признанието „Феникс“, симболот на Општина Центар, птицата што се раѓа од пепел, како знак на обнова, истрајност и нов почеток.

„Се што правам како градоначалник, го работам со најдобра верба и мисла за нашите центарци. Со упорност, со скромност, со многу енергија и љубов, создадовме уште една победа, која им припаѓа на сите во Центар, без исклучок и поделби. И оваа сала е резултат на нашиот пристап, дека заедно можеме да направиме се. Без политика, без делби, напротив, обединети и сложни во успесите и резултатите“, рече Герасимовски.
Обраќајќи им се на младите центарци кои ги исполнија трибините, Герасимовски порача дека салата е наменета токму за нив, за генерациите што допрва ќе создаваат нови спортски успеси и ќе го носат духот на „Работнички“.
,,Драги ученици, новата сала е секогаш отворена за вас. За спорт, за натпревар, за другарување, за споделување на вистински вредности во животот. Од срце ве поканувам да ја користите, да бидете присутни, да бидете здрави и конкурентни, да создавате резултати, да се радувате на своите и заедничките успеси! Во оваа сала ќе ги гледаме нашите нови шампиони, ќе ја пишуваме новата историја”, порача Герасимовски.
Салата е реконструирана според стандардите на ФИБА, со целосно обновен паркет, нова фасада, современо ЛЕД-осветлување, енергетски ефикасен систем за греење, ладење и вентилација, нови соблекувални, санитарни јазли и нови столчиња на трибините.
Со обновата на објектот во Градски парк, најтрофејниот клуб доби дом достоен за своето име и традиција, место каде што ќе се редат нови победи и ќе се гради иднината на спортот во Центар.
Спорт
Хакими на суд ќе се брани од обвинението за силување
Дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, вели дека е подготвен да се појави пред судот по обвинението за силување.
Дваесет и четиригодишна девојка го обвини Хакими дека ја силувал во неговиот дом во Париз во 2023 година. Тој ги негира овие обвинувања.
Јавниот обвинител ја започна прелиминарната истрага во март 2023 година.
„Денес, обвинението за силување е доволно за да се оправда судењето. Тоа е неправедно кон оние кои се лажно обвинети, но и кон вистинските жртви.“
„Мирно го чекам судењето, тоа ќе ја изнесе вистината пред јавноста“, напиша Хакими на својот онлајн профил на социјалната мрежа „X“.
Ноќта помеѓу 24 и 25 февруари 2023 година, девојката разменила пораки со својата пријателка додека одела кон куќата на Хакими, по еден месец преписка, со фудбалерот на Инстаграм.
Како што изјавила, таа го сметале дека состанокот како можност да го заборави раскинувањето. Ѝ кажала на својата пријателка дека е нервозна, дека не е сигурна дека сето ова е за неа.
Неколку дена подоцна, таа го пријавила Хакими за силување.
„Ова судење се базира исклучиво на зборот на жена која ја попречувала истрагата во текот на целиот процес, одбивајќи медицински прегледи и ДНК тестирање, одбивајќи да даде пристап до нејзиниот мобилен телефон и одбивајќи да именува клучен сведок“, изјави Фани Колин, адвокатка на Хаким.
Сè уште не е познато кога ќе започне судењето.
Foto/ depositphotos

