Спорт
Меси сака да се врати во Барселона
Аргентинецот Лионел Меси од Пари Сен Жермен сака да се врати во Барселона и е подготвен да има помала плата во каталонскиот клуб.
Меси играше за Барселона од 2000 до 2021 година, а потоа се пресели во ПСЖ поради финансиските проблеми во кои се наоѓаше и сеуште се наоѓа каталонскиот клуб.
Тој има договор со „светците“ до крајот на сезоната, но се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, иако има понуда да остане во Париз.
„Дејли Мејл“, пренесува дека легендарниот аргентински фудбалер одлучил повторно да живее со семејството во Барселона. Каталонскиот клуб на почетокот на преговорите ќе му понуди на Аргентинецот двегодишен договор според кој ќе заработува 12 милиони евра по сезона.
„Меси е свесен за финансиските проблеми на Барселона и ја разбира тешката ситуација во клубот каде што се прослави и ја помина речиси целата своја кариера. Аргентинецот јасно покажува дека е подготвен да ги одбие мегаломанските понуди од Саудиска Арабија, само поради лојалноста. Меси е уверен дека се уште може да игра на врвно ниво, а за неколку години можеби ќе биде подготвен за настап на некоја „егзотична“ фудбалска дестинација“, пишува „Дејли Мејл“.
Меси оваа сезона одигра 36 натпревари за ПСЖ и постигна 20 гола
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Двократен светски шампион загина во страшна несреќа
Трагична вест од Франција го потресе светото на екстремните спортови. Пјер Волник (37), еден од најдобрите „wingsuit“ спортисти на денешницата, почина за време на скок од Мон Блан, највисокиот врв на Алпите.
Според достапните информации, падобранот на Волник не се отворил за време на летот, поради што тој удрил на земјата со голема брзина во областа Бозон. Итните служби брзо пристигнале на местото на несреќата, но само можеле да ка констатираат смртта.
Волник беше двократен светски шампион во „wingsuit“, ги освои титулите во 2022 и 2024 година, а оваа сезона се сметаше за главен фаворит за новата светска круна. Тој се смета за еден од најталентираните и најискусните натпреварувачи во овој исклучително опасен спорт.
Pierre Wolnik (37) – 🇫🇷 skoczek spadochronowy, dwukrotny mistrz świata w locie swobodnym. Mężczyzna zginął w masywie Mont Blanc, kiedy to po skoku z helikoptera w kombinezonie wingsuit nie otworzył się jego spadochron. pic.twitter.com/UjR389URNO
— Kto umarł? (@KtoUmarl) February 10, 2026
Од него се прости и претседателот на Француската федерација за падобранство, Ив-Мари Гијо, кој го опиша како врвен спортист, исклучителен професионалец и личност „која секогаш зрачеше со позитивна енергија“.
Истрагата за причините за несреќата е во тек, а смртта на Пјер Волник остави длабок белег во заедницата на екстремни спортови ширум светот.
Спорт
Нестварен натпревар на Вембањама против ЛА Лејкерс
Виктор Вембањама одигра неверојатна прва четвртина против Лос Анџелес Лејкерс, а до полувремето веќе имаше 37 поени, а остатокот од натпреварот го помина претежно на клупата гледајќи ја убедливата победа на својот тим.
Сан Антонио Спарс ги победија Лејкерси, кои се растурени од повредите, со 136:108 во натпревар во кој водеа од првата до последната минута.
Во овој натпревар, Лејкерси беа без Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Остин Ривс, Деандре Ајтон и Маркус Смарт.
Логично е дека Вембањама доминираше во првата четвртина, во која постигна 25 поени за осум минути, односно три поени повеќе од комплетната стартна петорка на Лејкерс.
На полувремето имаше 37 поени и осум скока, а потоа доби шанса за подолг одмор. Тој одигра само 26 минути, а тоа му беше доволно за да постигне 40 поени и 12 скока.
Ооа беше шестиот натпревар на Французинот, кој постигна 40 или повеќе поени за Спарс. Во својата трета сезона, тој веќе ја престигна клупската легенда и еден од најдобрите крилни центри во НБА на сите времиња, Тим Данкан. Данкан помина 19 години со Спарс и освои пет титули со нив. Тој постигна 40 или повеќе поени пет пати во својата кариера, а одигра 1.236 натпревари повеќе од 22-годишниот Французин.
Лук Кенард и Дру Тим постигнаа по 14 поени за Лејкерс, а синот на Леброн Џејмс, Брони, добро ги искористи минутите. Тој постигна 12 поени и беше најдобриот асистент на Лејкерс со шест додавања за соиграчите.
Спорт
Де Зерби повеќе не е тренер на Марсеј
Италијанскиот стручњак, Роберто Де Зерби, одлучи да поднесе неотповиклива оставка над клупата на поранешниот европски шампион, Олимпик Марсеј.
Де Зерби седна со челниците на Марсеј и ги информираше за својата одлука, а според медиумите во Франција, немало никакви конфликти во тимот.
Италијанецот одлучи да го размрда тимот на овој начин по убедливиот пораз од Пари Сен Жермен. Марсеј, 5:0 во француското првенство.
Тимот од познатото француско пристаниште не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите оваа година, а моментално се наоѓа на четвртото место во француското првенство, со 12 бода помалку од лидерот ПСЖ.
Де Зерби беше на клупата на Марсеј од 1 јули 2024 година.
Foto/ depositphotos

