Спорт
Меси: Се чувствувам како дете, Аргентина ме мотивира

Лионел Меси блескаше во убедливата победа над Боливија, во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство.
Аргетнина ја прегази Боливија на „Монументал“ со 6:0, Меси постигна хет-трик и забележа две асистенции.
– Уживам, многу сум среќен. Ме води ова чувство. Без разлика на годините, се чувствувам како дете. Многу ми е конфорно со овој тим. Се додека се чувствувам добро и продолжам да пружам вакви партии, ќе уживам – изјави Меси.
Иако има 37 години, еден од најдобрите во историјата на фудбалот сè уште нема намера да се пензионира.
– Немам одредено датум, само сакам да уживам во ова. Мотивиран сум повеќе од кога било да играм за Аргентина. Ја чувствувам љубовта на народот. Уживам кога знам дека секој натпревар може да ми биде последен.
Меси против Боливија го забележа 10-ти хет-трик во репрезентативната кариера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Салах и Собослај за триумф на Ливерпул кај Манчестер сити

Фубалерите на Ливерпул направија голем чекор кон освојувањето на шампонската титула во Премиер лигата, откако во дербито славеа во Манчестер, против Сити со 0:2. Ливерпул, со натпревар од Арсенал имаа плус од 11 поени во однос на најблискиот конкурент. Сити до крајот на сезоната ќе се бори за место во топ 4, во моментот ја дели четвртата позиција со Њукасл.
Манчестер сити против најдобриот тим во Англија уште еднаш ги демонстрираше сите проблеми и недостаоци што ги има во играат оваа сезона. „Граѓаните“ го контролираа поседот, но без конкретна идеја во завршната третина од теренот.
Ливерпул на „Етихад“ уште еднаш демонстрираше моќ со својот директен фудбал. „Црвените“ постигнаа два гола, имаа уште две добри шанси и еден поништен гол поради минимален офсајд.
Двајца играчи се издвоија во победата на Ливерпул, Мохамед Салах и Доминик Собослај, со по гол и асистенција.
Слах го постигна првиот гол во 14.минута, негов 25 во Премиер лигата, а Собослај во 37.минута ја претвори во гол 16.асистенција на Египјанецот оваа сезона.
За три дена во 27.коло Манчестер сити ќе гостува кај Тотенхем, а Ливерпул ќе го пречека Њукасл.
Спорт
Кен претрпел „трауматска повреда на мозокот“

Мојзе Кен се наоѓа во болницата во Верона, од каде пристигнаа првите информации за неговата здравствена состојба.
„Фиорентина соопштува дека фудбалерот Мојзе Кен заработил трауматска повреда на мозокот (trauma cranico) на натпреварот со Верона. Фудбалерот е во болница каде се прават тестови“, се наведува во краткото соопштение на официјалниот сајт на Виола.
Трауматска повреда на мозокот е промена на функцијата на мозокот или друга евидентна мозочна патологија предизвикана од надворешна сила.
На дуелот со Верона денеска на „Бентегоди“, најдобриот стрелец на Фиорентина оваа сезона, доби силен удар со колено во главата, по што стана и се обиде да продолжи, но набрзо изгуби свест и падна на тревата.
Лекарските тимови бргу реагираа, го изнесоа фудбалерот на носилки, а потоа го транспортираа до болницата во Верона.
Спорт
(Видео) Голчиште на Модриќ, Реал лесно ја реши Џирона

Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Џирона (2:0) на „Сантијаго Бернабеу“ во натпревар од 25.коло на Ла Лига. На овој начин Реал одговори на вчерашните победи на Барселона и Атлетико. По 25 рунди Барселона и Реал имаат по 54, а Атлетико 53 бодови. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски за Џирна настапи од 75.минута.
Лајт мотив на овој натпревар, во кој Реал ја оправда улогата на фаворит, е голот на 39-годишниот Лука Модриќ. Во 41. минута Модриќ ја прими топката на гради, фати волеј и од 25 метри го совлада Газанига.
Играчот од средниот ред, кој во септември ќе наполни 40 години, досега има постигнато 130 гола во сениорскиот фудбал, 103 за Динамо, Тотенхем и Реал Мадрид и уште 27 за националниот тим.
Во вториот дел одлична шанса имаше Винисиус во 58. минута, топката заврши во гредата. Бразилецот малку подоцна повторно се закани, но неговиот удар заврши преку голот.
Винисиус успеа да постигне гол во 83. минута, по асистенција на Килијан Мбапе.
Џирона е во криза, ова им е седми пораз во последните осум натпревари во сите натпреварувања, тимот на Мичел го зазема само 12. место со 31 бод.