Спорт
Меси се врати во Париз (Фото)

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, светски шампион со Аргентина, денеска се врати во тренинг центарот на тимот, соопшти францускиот клуб.
Меси во понеделникот го напушти родниот град Росарио и вчера со семејството слета во Париз.
По големото славје по освоената титула на Мундијалот во Катар, аргентинскиот фудбалер доби неколкудневен одмор со семејството пред да им се приклучи на соиграчите.
Тој е последниот мундијалски играч кој се вратил во клубот.
Килијан Мбапе, неговиот противник во финалето, како и Ашраф Хакими, кој го освои четвртото место со Мароко, се вратија во Париз на 21. декември, само три дена по завршувањето на турнирот.
Welcome back Leo! ❤️💙✨pic.twitter.com/x3C7HOkLsR
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) January 4, 2023
👋 𝑩𝒐𝒏𝒋𝒐𝒖𝒓 𝑳𝒆𝒐
Leo Messi is back at the Training Center this morning after winning the World Cup! 🔙❤️💙#BravoLeo pic.twitter.com/La2mOfcDor
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) January 4, 2023
Lionel Messi was given a guard of honour by PSG on his return to training ❤️🐐pic.twitter.com/67GCo2PMxo
— SPORTbible (@sportbible) January 4, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Обамејанг шоу против Гамбија – Постигна четири гола и доби црвен картон

Со убедлива победа на гости против Сејшелите, фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се доближија до пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули следната година.
Брегот на Слоновата Коска се први на табелата во групата Ф, попладнево победија со 7:0 против Сејшелите со головите на Сангаре (7-11м), Агбаду (17), Диаките (32), Гесанд (39), Диоманде (55), Адингра (67) и Кеси (90).
„Слоновите“ сега имаат 23 бода, еден повеќе од Габон, кој ја победи Гамбија со 4:3 како гостин во натпревар полн со пресврти. Габон водеше со 1:0 и 2:1, Гамбија направи пресврт на 3:2, но на крајот Габон сепак победи со 4:3.
Сите четири гола за Габон ги постигна ветеранот Пјер-Емерик Обамејанг (20, 42, 62, 78), но беше исклучен во 85-та минута поради втор жолт картон, додека стрелци за Гамбија беа Минтех (23) и Сидибех (45+2, 47).
За четири дена, Брегот на Слоновата Коска ќе има можност да го обезбеди Светското првенство со победа дома против Кенија, додека Габон, со победа против Бурунди, ќе мора да чека кикс на „Слоновите“, за да го обезбеди своето историско прво патување на Светското првенство.
Спорт
Младата репрезентација со пресврт до победа над Ерменија

Младата македонска фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.
Попладнево во Скопје, Македонија ја победи соодветната селекција на Ерменија со 2:1. Херој на победата беше стрелецот на двата гола, Димитар Трајков.
Македонските надежи со пресврт во второто полувреме дојдоа до првите бодови во Е групата. Ерменците имаа предност од 38-та минута кога погоди Ховханисијан.
Пресвртот го режираше напаѓачот на Работнички, Трајков, со головите во 54-та и 83-та минута.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
(Видео) Бразил ја декласира Јужна Кореја

Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул.
Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции.
Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77).
Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат на теренот.
Foto/ EPA