Спорт
Меси сигурно останува, заврши можноста да си замине од Барса
Капитенот Лионел Меси сигурно не заминува од Барселона ова лето откога Аргентинецот реши да не ја искористи клаузулата во својот договор, која му дозволуваше да си замине пред крајот на договорот следниот јуни.
Како дел од четиригодишното продолжување на договорот во 2017, Меси вметна опција да си замине од клубот бесплатно на крајот на секоја сезона доколку го информира клубот за својата намера пред 1 јуни секоја година.
Шпекулациите за неговото заминување од „Камп ноу“ повторно се појавија пред неколку месеци кога поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати, изјави дека е можно „неаѕурите“ да се обидат да го донесат. Преку социјалните мрежи самиот Меси го демантира ова и потврди дека планира да остане во Барселона барем до летото 2021 година.
За тоа дали ќе продолжи по крајот на овој договор, останува да се види, особено по јавните критики што ги упати кон водството на клубот и актуелниот тренер Кике Сетиен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фермин ќе паузира две недели
Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените во следните две недели поради повреда на листот, десната нога, објави каталонскиот клуб.
22-годишниот играч од средниот ред, европски и олимписки шампион со Шпанија, се очекува да ги пропушти следните три натпревари на каталонскиот клуб во лигата против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис, а неговото враќање се очекува да биде во натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт на 9 декември.
Откако ги повреди препоните на крајот на септември, тој се врати во тимот како плејмејкер пред сонародникот Дани Олмо. Тој постигна пет гола и четири асистенции во шест натпревари.
По поразот од 3:0 против Челзи во Лигата на шампионите, Барселона, која е втора во шпанското првенство со 31 бод, еден помалку од првопласираниот Реал, игра против Алавес во сабота.
Спорт
КК Партизан едногласно ја одби оставката на Жељко Обрадовиќ
Извршниот и Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Партизан одлучија да го поддржат трофејниот тренер, Жељко Обрадовиќ, да ја продолжи својата мисија.
Српските медиуми пишуваат, дека на состанокот, по предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, оставката на Жељко Обрадовиќ била едногласно одбиена и му била дадена безрезервна поддршка да остане шеф на тренерскиот штаб на црно-белиот тим.
Клупските челници се согласиле дека Обрадовиќ ја има нивната доверба и дека неговата работа не е доведена во прашање.
Со оглед на овој исход од состанокот, јасно е дека во следните часови и денови, црно-белите нема да се занимаваат со преговори со потенцијалниот наследник на најтрофејниот тренер од Евролигата, туку напротив – ќе се обидат на секој начин да ја променат неговата одлука и да го убедат да ја продолжи работата што ја започнал, што би ги израдувало многу фанови.
По состанокот на тоа тело, клубот од Хумска 1 се обрати до јавноста со соопштение на официјалните канали во текст насловен како „Партизан против оставката на Жељко Обрадовиќ“.
Partizan Mozzart Bet protiv ostavke Željka Obradovića!
🔗 https://t.co/uL4O0V3Hpw#KKPartizan pic.twitter.com/Y6Bxdumjp0
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) November 27, 2025
Спорт
Арне Слот доби ултиматум, Ливерпул го контактирале Јирген Клоп
По дебаклот на Ливерпул и поразот дома од ПСВ, 1:4, англиските медиуми пишуваат дека на „Енфилд“ бил одржан итен состанок на Управниот одбор на кој била решена судбината на тренерот Арне Слот.
Според информациите на „Телеграф“, холандскиот стручњак сè уште ја има довербата на челниците на клубот, но таа не е безусловна. Слот добил ултиматум – мора да освои максимум девет бода во следните три натпревари. Во спротивно, соработката ќе биде прекината.
Ливерпул следниот натпревар ќе го игра во недела, кога ќе гостува кај Вест Хем, потоа на 3 декември ќе го пречека Сандерленд, а третиот натпревар во серијата ќе го одигра на 6 декември на гости кај Лидс.
„Црвените“ одиграа одлично минатата сезона под водство на Слот, а тимот дополнително се засили во текот на летото. Сепак, резултатите изостанаа – поразот од ПСВ беше нивни деветти во последните 12 натпревари, а одбраната игра далеку под очекувањата.
Според англиските медиуми, челниците на Ливерпул го контактирале Јирген Клоп за да проверат дали постои можност тој да се врати, барем како привремено решение. Тие се подготвени да му понудат краткорочна соработка без долгорочен договор, свесни дека тој е сè уште прв избор на повеќето навивачи.
Проектот на Ливерпул под водство на Арне Слот е неизвесен, а следните седум дена ќе покажат дали Холанѓанецот ќе преживее на клупата на повеќекратните европски шампиони. Доколку не ги добие сите три натпревари, Управата ќе му врачи отказ.
Foto/ EPA

