Спорт
Меси заработува најмногу во Америка
Американската асоцијација на играчи од МЛС (MLSPA) ја објави својата годишна листа на плати, а трета година по ред, Лионел Меси, ѕвездата на Интер Мајами, е на врвот.
Аргентинскиот магионичар го држи првото место со годишна плата од 20,45 милиони долари. Оваа сума не го вклучува неговото неодамнешно продолжување на договорот.
На второто место е Сон Хјеонг Мин, ас на Лос Анџелес, кој годишно заработува 11,15 милиони, додека клупскиот колега на Меси, Серхио Бускетс, е трет со 8,78 милиони долари. Четврти е Мигел Алмирон од Атланта со 7,87 милиони долари, додека петти е Ирвинг Лозано со 7,63 милиони долари.
Кога се гледа колку клубовите трошат за плати, Интер Мајами е далеку пред сите други.
Клубот офд Флорида на плати годишно издвојува 48,97 милиони долари, што е за 18,87 милиони долари повеќе од она што го издвојува Лос Анџелес. На третото место е Аталанта со 28,5 милиони долари.
Сепак, Интер Мајами ќе ослободи значаен дел од буџетот следната сезона, речиси 15 милиони долари, поради пензионирањето на Серхио Бускетс и Џорди Алба, што отвора простор за доведување нови ѕвезди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дејан Манасков приведен по натпреварот во Охрид
ГРК Охрид во дербито на 17-то коло, во Супер лигата, го победи актуелниот првак Еурофарм Пелистер со 29:25.
Триумфот на екипата на Борис Ројевиќ, падна во сенка поради инцидентите што се случија по завршувањето на натпреварот.
Дејан Манасков е уапсен поради напад на помошниот тренер на ГРК Охрид веднаш полсе мечот.
„На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола.
Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Исто така, гостите ја искршиле вратата од соблекувалната, десното крило Богдан Радивојевиќ имал вербална пресметка со тренерот на ГРК Охрид, а инциденти имало и и во центарот на градот.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
Спорт
Лејкерс победија во Феникс, Дончиќ беше толку лош што некои побараа ФБИ да го истражи натпреварот
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Феникс Санс со 116:114, во натпревар во кој испуштија предност од 20 поени предност во последните седум ипол минути. На крајот, Феникс дојде од 79:99, до предност 114:113, а потоа Леброн Џејмс, погоди две од три слободни фрлања и го блокираше обидот на Колин Гилеспи.
Искусниот Џејмс постигна 26 поени, но имаше и осум изгубени топки. Остави подобар впечаток од Лука Дончиќ, кој беше најдобар стрелец на натпреварот со 29 поени, со ужасен процент на реализиција.
Словенецот промашуваше во серија, погоди само две тројки од 14 обиди, а вкупно погоди седум пати од 25 обиди. Беше прецизен само од линијата за слободни фрлања, каде што погоди 13 од 14 обиди. Имаше и шест изгубени топки.
Некои корисници на социјалните мрежи одат дотаму што го повикаа ФБИ да го истражи настапот на Дончиќ. За потсетување, ФБИ се справува со НБА и некои играчи за местење натпревари.
За разлика од Дончиќ, Деандре Ајтон беше исклучително прецизен. Тој стигна до 20 поени со речиси совршени 10/11 од поле. Тој исто така имаше 13 скока против тимот што го избра како прв пик на драфтот во 2018 година и каде што помина пет сезони.
Сансите, кои успеаја да се вратат по серијата од 0:24, беа предводени од Девин Букер со 27 поени, шест скока и седум асистенции и Марк Вилијамс со 20 поени, шест скока и три блокади.
Foto/ EPA
Спорт
Кари уфрли 12 тројки, Вориорс загубија во Портланд
Портланд Треил Блејзерс ги победија Голден Стејт Вориорс со 136:131, во неверојатно возбудлив натпревар, и покрај спектакуларната игра на Стефен Кари, кој постигна 48 поени. Џерами Грант и Шејдон Шарп ги предводеа домаќините, двајцата постигнаа по 35 поени.
Заедно со фантастичното дуо, Дени Авдија одигра клучна улога во победата на Блејзерс со 26 поени, осум асистенции и седум скока. Со оваа победа, Портланд ја прекина лошата серија, забележувајќи ја втората победа во последните осум натпревари.
Домаќините беа исклучително прецизни од далечина, погодувајќи 20 од 39 тројки (51,3%), при што Грант постигна седум, а Шарп пет.
Од друга страна, Стеф Кари одигра еден од своите најдобри натпревари, погодувајќи 12 од 19 тројки, само една тројка помалку од неговиот личен рекорд. Му недостигаше само еден поен за да го израмни својот сезонски рекорд. Кари има просек од неверојатни 43,5 поени во последните два натпревари, откако се врати од повреда на квадрицепсот.
Џими Батлер додаде 16 поени и седум скока за Вориорс, додека Дрејмонд Грин имаше 14 поени, осум скока и седум асистенции, но имаше и осум од 18-те изгубени топки на својот тим. И покрај поразот, Голден Стејт исто така имаше одлична шутерска вечер со 24 тројки од 47 обиди.
Foto/ Depositphotos

