Спорт
Металург против Криенс во второто коло
Ракометарите на Металург во второто квалификациско коло во Лигат Европа ќе играат против швајцарскиот тим Криенс од Луцерн. Победникот од овој дво-меч ќе избори пласман во фазата по групи во ова натпреварување.
Криенс од клупата го предводи Горан Перковац. Овој тим во првото коло со две победи ја елиминираше Дубрава.
Металург ќе биде домаќин на првиот меч на 22 септември, а реваншот во Луцерн ќе се одигра на 29 септември.
Инаку во оваа фаза од натпреварувањето два натпревари ќе привлечат посебно внимание, откако ждрепката ги спои Скјерн и Монпелје односно Констанца и Спортинг Лисабон.
фото/rkmetalurg.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фермин ќе паузира две недели
Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените во следните две недели поради повреда на листот, десната нога, објави каталонскиот клуб.
22-годишниот играч од средниот ред, европски и олимписки шампион со Шпанија, се очекува да ги пропушти следните три натпревари на каталонскиот клуб во лигата против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис, а неговото враќање се очекува да биде во натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт на 9 декември.
Откако ги повреди препоните на крајот на септември, тој се врати во тимот како плејмејкер пред сонародникот Дани Олмо. Тој постигна пет гола и четири асистенции во шест натпревари.
По поразот од 3:0 против Челзи во Лигата на шампионите, Барселона, која е втора во шпанското првенство со 31 бод, еден помалку од првопласираниот Реал, игра против Алавес во сабота.
Спорт
КК Партизан едногласно ја одби оставката на Жељко Обрадовиќ
Извршниот и Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Партизан одлучија да го поддржат трофејниот тренер, Жељко Обрадовиќ, да ја продолжи својата мисија.
Српските медиуми пишуваат, дека на состанокот, по предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, оставката на Жељко Обрадовиќ била едногласно одбиена и му била дадена безрезервна поддршка да остане шеф на тренерскиот штаб на црно-белиот тим.
Клупските челници се согласиле дека Обрадовиќ ја има нивната доверба и дека неговата работа не е доведена во прашање.
Со оглед на овој исход од состанокот, јасно е дека во следните часови и денови, црно-белите нема да се занимаваат со преговори со потенцијалниот наследник на најтрофејниот тренер од Евролигата, туку напротив – ќе се обидат на секој начин да ја променат неговата одлука и да го убедат да ја продолжи работата што ја започнал, што би ги израдувало многу фанови.
По состанокот на тоа тело, клубот од Хумска 1 се обрати до јавноста со соопштение на официјалните канали во текст насловен како „Партизан против оставката на Жељко Обрадовиќ“.
Partizan Mozzart Bet protiv ostavke Željka Obradovića!
🔗 https://t.co/uL4O0V3Hpw#KKPartizan pic.twitter.com/Y6Bxdumjp0
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) November 27, 2025
Спорт
Арне Слот доби ултиматум, Ливерпул го контактирале Јирген Клоп
По дебаклот на Ливерпул и поразот дома од ПСВ, 1:4, англиските медиуми пишуваат дека на „Енфилд“ бил одржан итен состанок на Управниот одбор на кој била решена судбината на тренерот Арне Слот.
Според информациите на „Телеграф“, холандскиот стручњак сè уште ја има довербата на челниците на клубот, но таа не е безусловна. Слот добил ултиматум – мора да освои максимум девет бода во следните три натпревари. Во спротивно, соработката ќе биде прекината.
Ливерпул следниот натпревар ќе го игра во недела, кога ќе гостува кај Вест Хем, потоа на 3 декември ќе го пречека Сандерленд, а третиот натпревар во серијата ќе го одигра на 6 декември на гости кај Лидс.
„Црвените“ одиграа одлично минатата сезона под водство на Слот, а тимот дополнително се засили во текот на летото. Сепак, резултатите изостанаа – поразот од ПСВ беше нивни деветти во последните 12 натпревари, а одбраната игра далеку под очекувањата.
Според англиските медиуми, челниците на Ливерпул го контактирале Јирген Клоп за да проверат дали постои можност тој да се врати, барем како привремено решение. Тие се подготвени да му понудат краткорочна соработка без долгорочен договор, свесни дека тој е сè уште прв избор на повеќето навивачи.
Проектот на Ливерпул под водство на Арне Слот е неизвесен, а следните седум дена ќе покажат дали Холанѓанецот ќе преживее на клупата на повеќекратните европски шампиони. Доколку не ги добие сите три натпревари, Управата ќе му врачи отказ.
Foto/ EPA

