Спорт
MG MOTOR со премиум-сервисна поддршка за сопствениците во Македонија

Гранд Ауто овластениот импортер за возилата MG MOTOR во склоп на својот автомобилски центар нуди најсовремени механички и лимаро-фарбарски пост-продажни услуги. Автомобилите на MG MOTOR во Македонија доаѓаат со 7 годишна гаранција и одлични услови за одржување на возилата.
Во сервисот на Гранд Ауто лицата се обучени по најсовремените стандарди од бензинските до електричните возила кои се во понудата, сервисот користи специјален алат и оригинални резервни делови кои исто така доаѓаат со гаранција.
Сега сопствениците на нови MG Motor возила може да се потпрат на Гранд Ауто како свој долгогодишен партнер.
Погледнете ја видео презентацијата во 60 секунди на следниот линк:
https://www.facebook.com/reel/1466605884011914
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ботафого го победи Сиетл, голманот Рамос спречи пораз на Порто

Порто и Палмеирас ремизираа без голови во А групата, а Ботафого во Б групата, го победи Сиетл со 2:1, во првото коло на Светското клупско првенство.
Фудбалерите на Порто не успеаја да ја потврдат доминацијата на Европејците на почетокот од Светското клупско првенство.
„Змејовите“ едвај избегнаа пораз против бразилскиот Палмеирас (0:0) во вториот натпревар од Групата А.
Бразилците покажаа заби, доминираа во овој натпревар, но португалскиот голман Клаудио Рамос беше непремостлива пречка.
Гоманот, кој со години му е резерва на Диого Кошта, имаше неколку неверојатни одбрани и му помогна на Порто да освои бод.
По првото коло во А групата, сите четири екипи во групата имаат по еден бод, бидејќи Интер Мајами и египетскиот Ал Ахли ремизираа без голови на отворањето на турнирот.
Вториот бразилски претставник, Ботафого, го отвори првенството со важна победа.
По голема борба, црно-белите го „скршија“ Сиетл со 2:1 во група во која апсолутни фаворити се Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид. Бразилскиот тим стигна до огромни три бода со головите на Жаир Куња и Игор Жезуз во првото полувреме.
На 15 минути пред крајот на натпреварот, Кристијан Ролдан им даде надеж на „Сондерс“ дека можеби ќе успеат да освојат бод, имаа целосна контрола на крајот, но не успеаја да стигнат до израмнување.
28’ |⚽| GOOOOAL, Jair Cunha heads it in for Botafogo's first goal of the FIFA Club World Cup 🔥
WATCH @Botafogo – @SoundersFC in the @FIFACWC now | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/NigUINEZvH
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 16, 2025
44’ |⚽| GOOOOAL, another header from Botafogo, Igor Jesus makes it 2!
WATCH @Botafogo – @SoundersFC in the @FIFACWC now | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/n7B4LQwhTZ
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 16, 2025
Со оваа победа, Ботафого се стави во добра позиција да се бори за место во втората фаза во веројатно директен дуел со Атлетико, по поразот на „јорганџиите“ од ПСЖ.
Спорт
Галатасарај ќе започне преговори за Чалханоглу

Фудбалскиот клуб Галатасарај е сериозно заинтересиран за фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу. Капитенот на турската репрезентација има договор со Интер до јуни 2027 година.
Турските медиуми, во денешните изданија пишуваат дека се очекува доаѓањето на агентот на турскиот фудбалер Гордон Стипиќ во Истанбул за да се започнат преговорите. Засега не е познато колкаво обесштетување ќе побара Интер за Чалханоглу.
Специјализираната веб-страница „Трансфермаркт“ проценува дека вредноста на Чалханоглу на пазарот е 35 милиони евра, па се очекува дека Интер ќе бара толку.
Патем, Интер имаше лоша сезона, во самиот финиш ја загуби титулата во Серија А, која ја освои Наполи, додека во финалето на Лигата на шампионите загуби од Пари Сен Жермен.
Спорт
Јунајтед се заинтересирани за голманот на Астон Вила

Манчестер јунајтед е заинтересиран за голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, тврдат британските медиуми.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, не е задоволен од формата на Андре Онана, и затоа решил да ангажира нов голман.
Мартинез има договор со Астон Вила до 30 јуни 2029 година. Сепак, некои британски медиуми објавија дека започнале преговори меѓу претставниците на Манчестер јунајтед и Астон Вила во врска со трансферот на аргентинскиот голман во тимот од „Олд Трафорд“.
Мартинез пристигна во Астон Вила во 2020 година од Арсенал. Тој беше член на лондонскиот клуб од 2012 година, а пред да се приклучи на клубот од Бирмингем, играше на позајмица во Оксфорд, Шефилд Венздеј, Ротерам, Вулверхемптон, Хетафе и Рединг.