Контакт

Спорт

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Објавено пред

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар во Софија, помеѓу Бугарија и Англија (0-:6), објави агенцијата Ројтерс.

Бугарските навивачи покрај расистичките навреди го користеа и нацистичкиот поздрав. Поради ваквите испади премиерот на Бугарија Бојко Борисов го повикал Михајлов да поднесе оставка.

Жестоки казни поради случувањата на стадионот „Васил Левски“ најавил првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Фудбалскиот сојуз на Бугарија во актуелниот квалификациски циклус веќе бил казнуван поради расистички испади на навивачите. Поради тоа се очекува Бугарите за инцидентите со Англија да бидат жестокот казнети.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Подолски се враќа дома – во Горник Забрже?

Објавено пред

Германскиот фудбалски интернационалец Лукас Подолски (34) се чини дека нема да има подобра шанса да си ги исполни детските соништа – да заигра за клубот за кој навише во младоста – полски Горник Забрже.

Свесни за тоа се и челниците на клубот, па се обиделе да го наговорат Подолски веќе во јануари да потпише договор со клубот.

Полските медиуми информираат дека јапонски Висел Кобе, чиј член е Подолски, нема намера да му го продолжи договорот, кој истекува на последниот ден од 2019 година.

Фудбалерот изрази желба да се врати во Европа по две години поминати во Јапонија.

Неколкупати досега светскиот шампион со „панцирите“ од 2014 година изјавува дека му е желба во Забрже да ја заврши кариерата, место во непосредна близина каде што е роден.

„Никогаш нема да речам категорично – не, но на сите им е јасно дека многу фактори мора да се поклопат за да дојде до мој ангажман во Горник“, изјави Подолски минатата година.

Полските медиуми известуваат дека тој е многу приврзан за својата прва татковина, па често оди во посета на семејството. Голгетерот планира во Полска да го прошири и својот бизнис – угостителството. Тој поседува неколку ресторани и пабови во Келн, клубот со кој доби светска слава.

Прикажи повеќе...

Спорт

Капело: Заниоло е како Савичевиќ!

Објавено пред

Италијанскиот стручњак Фабио Капело го спореди фудбалерот на Рома, Никола Заниоло, со црногорскиот фудбалер Дејан Савичевиќ. Капело со Црногорецот соработуваше во Милан од 1992 до 1996 година.

„Игра на истата позиција како некогаш Савичевиќ. Пред голот, од десната страна, што беше местото на Заниоло на дуелот против Ерменија. Има голем талент како Дејан, слична сила и исти технички квалитети“, изјави Капело за „Кориере дела спорт“.

Младиот Италијанец игра во одлична форма, даде 6 гола на последните 7 меча за „волчицата“ од Рим и за „аѕурите“ откако Капело го критикува на почетокот на сезоната.

„Мојот совет е како дедо на внук. Му благодарам што реагира по моите зборови. Демонстрира дека би можел да биде врвен играч кога ќе созрее. Доколку тоа не се случи, ќе биде голема штета оти е голем талент“, рече екстренерот на Милан, Реал Мадрид и на Јувентус.

Прикажи повеќе...

Спорт

Федерер: Имам 38 години, но уште сакам да учам од момците

Објавено пред

Додека се Ѓоковиќ и Надал во Мадрид на Дејвис-куп финалето, Федерер и Зверев се во Аргентина, каде што играат егзибициски меч во арена со 15.500 гледачи.

Прашањата на новинарите пред мечот најчесто беа упатени кон Швајцарецот за тоа до кога планира да се натпреварува.

„Не верував дека ќе играм во овие години. Порано предвидував дека нема шанси да играм на 38 или 39 години, но еве ме, и понатаму сум тука. Среќен сум што и понатаму сум во игра. Имав две одлични години од физички аспект, морам да бидам задоволен. Секоја генерација тенисери носи нешто ново, нешто поврзано со силината на ударите, движењата, тактички елементи. И понатаму имам чувство дека можам да напредувам, секогаш може нешто ново да научам“, вели Федерер.

Третиот светски тенисер во моментот вели дека не знае кога ќе се повлече од активното играње тенис.

„Нема правила. Се однесувате според чувствата, не знам дали тоа ќе го објавам набргу, подоцна или изненадно, кога ќе одлучам. Сè зависи од моето здравје, семејството, малку и од резултатите“, заклучи Швајцарецот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа4 часа

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија5 часа

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија6 часа

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија6 часа

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија7 часа

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија8 часа

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија8 часа

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука9 часа

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија9 часа

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа10 часа

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет10 часа

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Македонија10 часа

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион21 час

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија22 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа23 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија1 ден

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет1 ден

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија1 ден

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Досие