Спорт
Михајловиќ го победи и коронавирусот, утре се враќа на работа

Синиша Михајловиќ утре ќе се врати на теренот со Болоња, откако по последниот тест е негативен на корона вирус, совладувајќи ја болеста.
По позитивниот тест на 23 август, српскиот тренер работеше на „далечина“ со својот тим – тој беше затворен во својата хотелска соба во Пинцоло.
„Жал ми е што не сум на тренинзите со тимот. Пред една година беше леукемијата, сега е КОВИД, но моите момци работат добро и без мене. Ќе се ослободам од оваа ситуација, исто како од леукемијата“, изјави пред неколку дена Михајловиќ.
Sinisa Mihajlovic è guarito dal Covid-19! Domani il ritorno in campo dal suo Bologna https://t.co/z54yYyDcqk
— SportPress24 (@SPress24) September 7, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пикси мора да ја победи Албанија ако сака да остане селектор

Драган Стојковиќ Пикси нема да добие отказ по дебаклот против Англија во квалификациите за СП. Србија загуби со 0:5 во Белград, што предизвика негодување кај навивачите и спортската јавност, поради тактиката и изборит на играчите за дуелот со Англичаните.
„Натпреварот со Англија беше разочарувачки, не само по резултатот (0:5), туку и по сè што беше прикажано. Сега, за само три недели, имаме собир за најважниот натпревар во квалификациите, за натпреварот со Албанија, кој директно ќе одлучи кој ќе оди во плејофот за Светското првенство. Тој натпревар е наш апсолутен приоритет во моментов. Имаме играчи кои не заборавиле да играат фудбал, играат во сериозни клубови, во сериозни лиги, порано ја правеа нацијата среќна и верувам дека можат да го сторат тоа и овој пат.
Што се однесува до тренерот Драган Стојковиќ, имаме јасни очекувања од него, а тоа е нашата репрезентација да игра на највисоко можно ниво со јасна победничка амбиција, од првата до последната минута. По тој натпревар, телата на Федерацијата и Извршниот одбор ќе ги разгледаат извештаите на спортскиот сектор за претходниот период и соодветно ќе донесат одлуки во доменот на нивната надлежност“, рече генералниот секретар на ФСС, Бранко Радуљко.
Во квалификациската група за Светското првенство, Србија е на третото место со седум бода од четири натпревари. Заостанува зад Англија, која има максимални 15 бода, и Албанија со осум бода од пет натпревари.
Екипата на Пикси ќе го игра својот следен натпревар на 11 октомври против Албанија, а три дена подоцна ќе гостува кај Андора.
Спорт
Мело за Де Бур: Никој не можеше да го поднесе

Поранешниот фудбалер на Интер, Фелипе Мело (42), жестоко го нападна својот поранешен тренер Франк де Бур (55).Бразилецот рече дека „никогаш не го разбирал фдбалот“ и дека „никој во соблекувалната не можел да го поднесе“.
Де Бур го презеде Интер во сезоната 2016/17, но беше отпуштен по само 14 натпревари. Мело одигра само четири натпревари под негово водство и, како што вели, има лоши спомени од тој период.
„Тој никогаш ништо не разбирал за фудбалот. Тој едноставно не е способен“, изјави Мело во интервју за „Газета дело Спорт“.
„Тој дури зборуваше лошо за Габигол, нарекувајќи го Габи-без гол. Тој не знаеше италијански, а никој во соблекувалната не можеше да го поднесе. На крајот на краиштата, тој издржа три месеци, а потоа продолжи да предизвикува катастрофи насекаде. Фала му на Бога што Пиоли дојде таа година.“
По Интер, Де Бур ги водеше Кристал Палас, Атланта Јунајтед, холандската репрезентација и Ал Џазира, но никаде не успеа долго да се задржи.
Фелипе Мело одигра вкупно 38 натпревари за Интер, постига еден гол. Во Серија А, тој играше и за Јувентус и Фиорентина.
Спорт
Челси се соочува со 74 обвиненија за недозволени исптати на менаџери

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го обвини Челзи за 74 наводни прекршувања на правилата поврзани со плаќања на менаџери помеѓу 2009 и 2022 година. Обвиненијата првенствено се однесуваат на настани што се случиле помеѓу сезоните 2010/11 и 2015/16.
Наводните прекршувања се однесуваат на менаџери, посредници и инвестиции од трети страни во играчи, а клубот има рок до 19 септември да одговори.
Рускиот олигарх Роман Абрамович го контролираше клубот од 2003 до 2022 година. Минатата година, тој го продаде клубот на конзорциум предводен од американскиот инвеститор Тод Бејли и приватната инвестициска фирма „Клирлејк Капитал“.
„За време на темелен процес на длабинска анализа пред да се заврши купувањето, групата сопственици стана свесна за потенцијално нецелосни финансиски извештаи во врска со претходните трансакции и други потенцијални прекршувања на правилата на ФА“, се вели во соопштението на Челзи.
„Веднаш по завршувањето на купувањето, клубот независно ги пријави овие прашања до сите релевантни регулатори, вклучително и Фудбалската асоцијација. Клубот покажа невидена транспарентност во текот на целиот овој процес, вклучително и давање сеопфатен пристап до досиејата и историските податоци на клубот.“
Самата истрага ќе покаже колку сето ова ќе му помогне на клубот.