Спорт
Михајловиќ ќе го наследи Ван Бронхорст?

Синиша Михајловиќ ќе го наследни Џовани Ван Бронхорст на клупата на Глазгов Ренџерс. Оваа информација ја пренесоа италијанските медиуми повикувајќи, неименуван извор од опкружувањето на Михајловиќ.
Минатата сезона беше успешна за Ван Бронхорст, кој во ноември 2021 година пристигна на „Ајброкс“. Тогаш го наследи Стивен Џерард. Холанѓанецот го освои Купот на Шкотска и играше финале во Лига Европа.
Сепак оваа сезона неговиот тим не се прослави, шест порази со негативен рекорд во Лигата на шампионите и минусот од девет бода во однос на Селтик во Премиер лигата му го потпишаа отказот.
Михајловиќ три и пол години беше тренер на Болоња, отказ доби во септември.
Наводно против кандидат на Михајловиќ ќе му боде актуелниот тренер на Макаби Хаифа, Барак Бахар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Симеоне пред Ливерпул: Играме на стадион што го сакам

Ливерпул вечерва ќе го пречека Атлетико Мадрид од 21 часот во Лигата на шампионите.
На прес конференцијата пред натпреварот, тренерот на тимот од Мадрид, Диего Чоло Симеоне рече дека неговиот тим ќе даде се од себе против „исклучителниот Ливерпул“.
„Јорганџиите“ ќе му се спротивстават на Ливерпул без пет исклучително важни играчи.
„Треба да гледаме позитивно, играчите што ќе играат ќе имаат можност да покажат што можат. Дел од фудбалот е тоа што ви недостасуваат некои играчи. Ние се фокусираме на играчите што ги имаме“, е практичен Симеоне.
„Ќе играме против исклучителен тим на величествен стадион, против менаџер кој го однесе тимот на следното ниво. Тие беа многу добри во Лигата на шампионите минатата сезона. Ја освоија Премиер лигата. Имаме тежок противник, но ќе се обидеме да им го отежниме колку што можеме“, додаде тој.
„Ливерпул е директен, многу брз во транзицијата, игра многу јасно, има одлични играчи на сите позиции. Едноставноста на играта не е нешто што секој го гледа, но ви покажува како работат и колку се добри нивните играчи“, заклучи тој.
Симеоне нема да може да смета на Хулио Алварез, Тијаго Алмада, Хозе Марија Хименез, Алекс Баена и Џони Кардосо.
Спорт
Јунајтед би можел да го отпушти Аморим за само 12 милиони

Се зборува многу за иднината на Рубен Аморим на клупата на Манчестер јунајтед. И таа, и покрај зборовите на поддршка од Џим Ратклиф, би можела да биде решена со една клаузула во неговиот договор.
По поразот во градското дерби против Манчестер сити (3:0), Аморим изјави дека нема да ја менува својата филозофија и тактика. И кратко рече „сменете ме“.
Статистиката е неумолива – Аморим е најлошиот менаџер на Јунајтед по Втората светска војна во однос на победите. Во 47 натпревари што ги водеше од клупата, тој забележа само 17 победи.
„Клубот од Олд Трафорд има долгорочен план, и иако има незадоволство од моменталните резултати, нема да има ненадејни реакции или редовни прегледи на иднината на тренерот по секој пораз, без разлика колку е гласна бучавата однадвор“ – стигна порака од клубот два дена подоцна.
Оние што го следат Јунајтед се сигурни дека пва е само купување време. Како што објавија британските медиуми, Аморим има клаузула во договорот според која клубот ќе мора да му плати 12 милиони фунти ако добие отказ во текот на првата година од договорот. А Аморим го потпиша договорот на 1 ноември 2024 година.
И тоа е секако најевтината опција за Јунајтед, освен ако навистина не веруваат дека сè ќе се промени драстично во сезона во која не играат европски натпреварувања, во која беа елиминирани од Лига купот во втората рунда и во која имаат четири бода по четири кола во Премиер лигата.
Секако, прашањето е дали има други клаузули, и каква е клаузулата за раскинување воопшто и колку Јунајтед би му должел на Аморим ако го отпуштеа по првата година.
Foto/ EPA
Спорт
Бенфика го отпушти Бруно Лаж

Фудбалскиот клуб Бенфика го отпушти тренерот Бруно Лаж по шокантниот пораз од Карабаг во првото коло од Лигата на шампионите.
Бенфика претрпе пораз во Лисабон по пресврт, иако по 16 минути игра домашниот тим водеше со 2:0.
Карабаг во Лисабон испиша историја на азербејџанскиот фудбал. Стана првиот клуб од Азербејџан што ги освои сите три бода во натпревар од Лигата на шампионите- и тоа на своето деби во елитното континентално фудбалско натпреварување.
„Постигнавме договор со Бруно Лаж, тој повеќе не е тренер на Бенфика. Сакам да му се заблагодарам за сè што се обиде да направи, за целата посветеност што ја покажа оваа година“, рече првиот човек на клубот, легендарниот Руи Кошта и додаде:
„За жал, дојде време за промена. Што се однесува до новиот тренер, очекуваме тој да биде на клупата уште во сабота, на Вила дас Авеш.“
Ова беше втор мандат на Бруно Лаж во Бенфика, кој започна во септември 2024 година.
Минатата сезона Бенфика го освои Лига купот. Оваа сезона, Бенфика го освои португалскиот Суперкуп и забележа три победи и едно реми во првенството.
„Орлите“ поминаа низ две квалификациски фази за Лигата на шампионите, ги елиминираа Ница и Фенербахче.
Токму неодамнешниот тренер на турскиот клуб, Жозе Мурињо, е моментално главен кандидат да го замени Лаж на клупата на Бенфика.
Лаж претходно ја водеше Бенфика од јануари 2019 до јуни 2020 година, откако ги тренираше и јуниорскиот и Б-тимот на клубот. 49-годишникот работеше и како главен тренер во Вулверхемптон и Ботафого.
Foto/ EPA