Контакт

Спорт

Мик и Никита ќе возат и наредната сезона

Објавено пред

Ф1 тимот Хас и во наредната сезона ќе настапи со истите возачи, Мик Шумахер и Никита Мазепин. Овие двајва сезонава дебитираа во Ф1 шампионатот, претходно се натпреваруваа во Формула 2.

Шумахер и Мазепин, во досегашниот тек од сезоната, не освоиле ниту еден бод. Оправдување може да им биде тоа што тимот не е конкурентен, бидејќи ги штеди ресурсите за наредната сезона, кога во сила ќе стапат новите правила.

„Тековната година им овозможи да учат. И се радуваме на 2022 година во која Мик и Никита ќе добијат конкурентен болид и ќе можат да ги покажат своите квалитети“, рекол шефот на Хас, Гантер Штајнер.

Наредната трка во првенството ќе се вози во недела, на патеката во Сочи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Солскјер вели дека погрешно го разбрале за Рашфорд

Објавено пред

Оле Гунар Солскјер мораше да ја дообјасни својот коментар до Маркус Рашфорд за „фудбалот да му биде приоритет“ седејќи покрај англискиот напаѓач на прес-конференција пред мечот од Лигата на шампионите.

Рашфорд даде гол во својот прв меч оваа сезона кога влезе 25 минути при 4:2 поразот од Лестер, но во англиските медиуми главна тема беше коментарот на Солскјер дека Рашфорд, покрај своите кампањи за борба против детската сиромаштија, мора да се фокусира и на фудбалот.

Сега тој вели дека медиумите намерно направиле голема работа од еден мал коментар.

„Првин да го тргнеме слонот од собата. Сите се гордееме за тоа што го направи Маркус. Вие направивте наслови од еден мал коментар и не сакав фокусот да биде на тоа“, вели Солскјер.

Солскјер: Дојде време Рашфорд да се фокусира на фудбалот

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Двегодишна суспензија за фудбалерот што го клоцна судијата во глава!

Објавено пред

„Спорт клуб Сао Пауло“ му го раскина договорот на бразилскиот фудбалер Вилијам Рибеиро кога тој доби двегодишна суспензија бидејќи нападна судија и го клоцна во главата додека тој беше на земјата.

30-годишиот Рибеиро го смести судијата Родриго Кривелјаро во болница по нападот и сега нема да може да игра професионално до 2023 година. Тој беше лут откога на мечот со Гуарани-РС доби жолт картон за груб фаул по што го нокаутира и го клоцна во главата. Кривелјаро подоцна беше итно однесен во болница.

Прикажи повеќе...

Спорт

Руни е заинтересиран да го преземе кормилото на Њукасл

Објавено пред

Навивачите, но и фудбалрите на клубот од „Сент Џејмс парк“ се исклучително незадоволни од работата на актуелниот менаџер на Њукасл – Стив Брус.

Медиумите на Островот пренесуваат дека дошло до судир во соблекувалната меѓу Џамал Ласелс и Ајзак Хајден и дека Управата мора итно да реагира за да ја смири наталожената тензија во клубот.

Се споменува дека е можно, додека меѓу „чавките“ не дојде некое големо тренерско име, новите сопственици би можело да посегнат по привремено решение.

Менаџерот на Дерби Каунти, легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни е заинтересиран да го напушти „бродот што тоне“ и да седне на клупата на Њукасл, пренесуваат тамошните медиуми.

Дерби е во големи финансиски проблеми, практично пред банкрот.

Нема сомнение дека легендата на англискиот фудбал е некој би привлекол внимание со самото тоа што би добил можност да води клуб во Премиерлигата, но проблемот е во неговото скромно тренерско искуство.

Оттука, се чини дека челниците на Њукасл ќе побараат постабилно решение. Се споменуваат имињата на Паоло Фонсека, Стивен Џерард и Унаи Емери.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија3 часа

Регистрирани нови 472 случаја на коронавирус, починаа 8 лица

Денес се регистрирани 472 нови лабораториски позитивни случаја на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 од...

Македонија3 часа

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија4 часа

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија5 часа

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија7 часа

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија8 часа

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија9 часа

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија10 часа

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија10 часа

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Европа12 часа

Турција нареди нови апсења, 33 војници се меѓу 158 осомничени во врска со Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени, вклучително и 33 припадници на војската, во опсежна операција насочена против лица наводно...

Регион12 часа

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде објавен денеска во Стразбур

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан. Пакетот за проширување вклучува...

Свет13 часа

Северна Кореја лансираше ракета во морето

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата е лансирана во морето источно од полуостровот, соопшти армијата...

Македонија23 часа

По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг од локалните избори избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат првичните податоци на Државната изборна комисија. Во...

Македонија23 часа

ДИК: Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов во првиот круг

Според податоците што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, скопјани во вториот круг за челник...

Македонија1 ден

19 починати и 107 заболени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на...

Македонија1 ден

Шилегов очекува победа во вториот изборен круг

Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за Град Скопје, вели дека влегува во изборната трка во втор круг, со изедначен број...

Македонија1 ден

Арсовска: Во вториот круг влегувам со голема предност, време е за модерно и современо Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска со повик до скопјани и во вториот круг да ја поддржат на...

Македонија1 ден

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа – Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

Во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021...

Досие