Спорт
Микел Хансен не сака да игра на СП
Еден од најдобрите светски ракометари, Микел Хансен, би можел да го пропушти Светското првенство во Египет. Хансен не се согласува со одлуката натпреварите да се играат пред неколку илјади гледачи.
„Не смее да има навивачи. Нека ми објаснат зошто ние играчите треба да бидеме изолирани во хотелот, да патуваме во посебни авотбуси, со маски, а потоа да играме пред неколку илјади луѓе“, се прашува Хансен и продолжил.
„Ризикот е голем за сите. Ќе размислам дали ќе играм на Светското првенство“.
Данска одбраната на светската титулата ќе ја почне во групата во која уште се и Аргентина, Бахреин и Конго.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Динамо доби конкурент во трката за потписот на Ливаковиќ
Доминик Ливаковиќ (30) моментално седи на клупата на Џирона, каде што пристигна како позајмен играч од Фенербахче.
Хрватскиот репрезентативен голман одлучи да ја напушти Шпанија откако не одигра ниту еден натпревар во досегашниот дел од сезоната и треба да се врати во Турција за време на јануарскиот преоден рок. Се пишуваше дека потоа ќе се врати во Динамо. Италијанскиот инсајдер Николо Скира објави нови информации поврзани со Ливаковиќ. Според него сериозен интерес за Ливаковиќ покажа Џенова, на чија клупа од пред еден месец седи Даниеле Де Роси.
Клучно за Динамо или за Џенова е тој да не игра до јануари бидејќи ако игра за Џирона, ќе го изгуби правото да игра до крајот на сезоната.
Причината за ова е што фудбалер може да се регистрира за три клуба во една сезона, но може да игра само за два во наведениот период.
Foto/ EPA
Спорт
Трипл-даблот на Вестбрук недоволен за Сакраменто, исто како и 40-те поени на Едвардс за Минесота
Изминатата ноќ во НБА беа одиграни само три натпревари, а Индијана, Феникс и Сан Антонио победија.
Индијана го победи Сакраменто со 116:105 на домашен терен, и така ја оствари својата шеста победа во сезоната. Индијана победи во четири од последните шест натпревари откако ја започна сезоната со 2/16.
Најдобри во победничкиот тим беа Ендру Нембхард со 28 поени и 12 асистенции, Бенедикт Матурин со 25 и Паскал Сиакам со 23 поени.
Новиот трипл-дабл на Расел Вестбрук не му помогна ниту на Сакраменто. Тој забележа 24 поени, 14 асистенции и 12 скока, негов четврти трипл-дабл во сезоната и 207-ми во кариерата. Рас е лидер во историјата на лигата со 207 трипл-дабл натпревари, 181 има Оскар Робертсон, а 175 Никола Јокиќ.
По овој пораз, Кингс имаат биланс од шест победи и 18 порази.
Феникс победи на гости против Минесота со 108:105. Марк Вилијамс со 22, Колин Гилеспи со 19 и Дилон Брукс со 18 поени беа најефикасни kaj Феникс. Од другата страна, се истакна Ентони Едвардс, кој го заврши натпреварот со 40 поени. Центарот Руди Гпбер беше исклучен поради неспортски потег.
Кошаркарите на Сан Антонио го победија Њу Орлеанс со 135:132 како гости. Спарс до победата ги предводеа Харисон Барнс со 24 и Дилан Харпер со 22 поени, додека најдобар играч во поразениот тим беше Дерик Квин со 33 поени и десет скока и асистенции. Квин го забележа првиот трипл-дабл во кариерата. За овој млад играч неодамна, по меѓусебниот дуел, комплименти подели Никола Јокиќ.
Сан Антонио сега има скор од 16 победи и седум порази, додека Њу Орлеанс остана на само три триумфи со 22 порази.
Спорт
Џејми Карагер: Салах го трука клубот „под автобус“
Мохамед Салах и натаму е главна тема во спортската јавност на Островото. Изјавата што ја даде по мечот во Лидс, ја продлабочија кризата во која се наоѓа Ливерпул. Како одговор на неговата изјава, менаџерот Арне Слот, одлучи Салах да не патува со тимот на натпреварот од ЛШ, воМилано против Интер.
Долгогодишниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, верува дека единствениот виновник за кризата што ги тресе „црвените“ е Мохамед Салах.
„Мислам дека со изјавата што ја даде по натпреварот направи голема штета. Секогаш кога Мо Салах ќе застане во микс-зоната, што го направи четири пати за осум години, тоа е планирано меѓу него и неговиот менаџер да се направи максимална штета и да се зајакне неговата позиција. Чекаше лош резултат и го избра тој момент да го нападне менаџерот“.
Карагер особено го коментираше делот од изјавата во која Салах вели дека клубот го „фрлил под автобус“.
„Тој се обиде двапати да го фрли клубот под автобус во последните 12 месеци – заедно со менаџерот, во време кога треба да прави сè што може за да му помогне на клубот да се справи со најлошата серија резултати од 1950-тите“, изјави прославениот стопер за „Скај Спортс“.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN

