Спорт
(Видео) Милан без мака го победи Лече
Милан лесно со 3:0 го совлада Лече во 31. коло од италијанската Серија А и се зацврсти на второто место на табелата.
„Росонерите“ практично ја завршија целата работа во првите 20 минути. Поведоа во шестата минута со голот на Кристијан Пулишиќ, а се беше практично решено во 20. минута кога Жиру беше прецизен по асистенцијата на Адли.
Работата на домаќинот уште повеќе ја олесни Никола Крстовиќ, кој по невнимателен старт доби директен црвен картон.
Точка на победата стави Рафаел Леао во 57. минута, а повторно асистент беше Адли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Списокот на клубови на кои должи Барселона е голем, само на Лидс, Сити, Севиља и Баерн треба да плати 114 милиони евра
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта му плати на Дани Олмо 55 милиони евра минатото лето, една година пред тоа потроши 40 милиони на Витор Роке (кој повеќе не е во клубот), ќе потроши 70+ милиони на Нико Вилијамс, а клубот што го води „должи како Грција“.
Набргу откако во јавноста се појави информација дека, пазете, „Барселона се согласила да го плати долгот на Френки Де Јонг од 15 милиони евра“, дознавме и дека долговите кон клубовите од кои се донесени играчите ја преминале границата од 100 милиони евра.
Како Барса сè уште може да носи и регистрира играчи и за каков финансиски фер-плеј се работи, никому не му е јасно.
Во основа, Лидс јунајтед ги чека првите рати на име обештетување за Рафиња во висина од 42,5 милиони евра од 2022 година. За трансферот на Феран Торес треба да се уплатат 26 милиони евра на сметката на Манчестер Сити (13 милиони веднаш, 13 на рати). На Севиља должи 24,5 милиони евра за Жил Кунде, на Баерн 21 милион за Роберт Левандовски.
Долга е листата на клубови на кои должи, но сумата што Лапорта треба да ја плати само на Лидс, Сити, Севиља и Баерн е 114 милиони евра. Во текстот што го објави каталонски „Спорт“ не се наведува дали е платено нешто од обештетувањето за трансферот на Олмо од Лајпциг.
Да не зборуваме дека сето ова се случува во моментот на целосна реконструкција на стадионот „Камп Ноу“, кој требаше да чини околу 900 милиони евра, но веројатно ќе „пробие“ милијарда.
Спорт
„Кражба“ на летниот преоден рок, легендарниот Италијанец истакнува: „Би ги уапсил сите во Манчестер Јунајтед!“
Паоло Ди Канио смета дека најголемата „кражба“ на овој преоден рок е трансферот на Скот Мектоминеј во Наполи.
Овој фудбалер беше продаден за 30 милиони евра, а кај Конте во Наполи игра одлично. На осум натпревари постигна два гола, додаде и асистенција.
„Би отишол во Манчестер Јунајтед и би ги уапсил сите директори“, изјави Паоло Ди Канио.
Покрај тоа, Наполи во моментов е лидер во Серија А со 16 освоени бодови.
„Како можеш да се откажеш од Мектоминеј? Наполи има и играч како Нерес, кој е резерва, а Гилмур се докажа во Брајтон“, изјави Ди Канио.
Сепак, следува многу тежок распоред за Наполи, по Емполи на 20 октомври на гости, овој клуб ќе игра против големите ривали, Милан, Аталанта и Интер.
Спорт
(Видео) Никогаш поемотивен Ѓоковиќ за пензионирањето на Надал: „Шок – дел од мене замина со него“
Новак Ѓоковиќ ги продолжи победите на Мастерсот во Шангај.
Четвртиот светски рекет имаше многу работа, но на крајот го совлада 19-годишниот Чех Јакуб Меншик со 6:7 (4), 6:1, 6:4.
Новак на теренот остана 140 минути, а по мечот беше прашан уште еднаш да ја прокоментира одлуката на Рафаел Надал да се пензионира.
“A big part of me left with them” 🥹
Novak Djokovic on Nadal’s retirement announcement @DjokerNole #RolexShanghaiMasters pic.twitter.com/Y5UtOThfg8
— Tennis TV (@TennisTV) October 11, 2024
„Оставив објава на Инстаграм, мислев на секој збор што го напишав. Тој е мојот најголем ривал, тоа имаше најголемо влијание врз мене и мојата кариера. Знаевме дека тој момент ќе дојде наскоро, порано или подоцна, но повторно, тоа е шок. Истот како и со Роџер и Енди, тоа е шок. Не знам што да мислам за тоа, голем дел од мене отиде со него. Лоши вести за светот на тенисот, тој беше инспирација за милиони деца ширум светот. Мора да биде горд на својата кариера“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер во сабота во полуфиналето ќе игра по десетти пат против Американецот Тејлор Фриц.