Контакт

Спорт

Милан го доби бурното дерби против Рома

Објавено пред

Милан по фуриозниот старт на мечот, изддржа за 3:1 победа над Рома во првото големо дерби во 2022 во италијанската Серија А, резултат кој ги доближува на само еден поен од лидерите Интер (иако шампионите имаат натпревар помалку).

„Росонерите“ дојдоа во водство уште во 8. минута кога по играњето на Теми Абрахам со рака во шестнаесетникот, Оливие Жиру беше прецизен од белата точка.  Девет минути подоцна, Бразилецот Жуниор Месијас зголеми на 2:0, најавувајќи убедлива победа на домаќините, меѓутоа, Рома се врати во игра со голот на Абрахам во финишот на првото полувреме (40.).

По ова следуваше убав фудбал на двете страни, со многу шанси, погодени стативи, и одличните одбрани на Мајк Мањан на голот на Милан, пред Рома да остане со играч помалку во 74. минута, кога Рик Карсдорп доби втор жолт картон. Златан Ибрахимовиќ доби шанса како замена и во 82. минута го пронајде Рафаел Леао за тој да зголеми на 3:1.

Рома го заврши мечот со девет играчи, откако Џанлука Манчини во 93. минута доби црвен картон за фаулот во шестнаесетникот, за обидот на Златан Ибрахимовиќ да биде одбранет од Руи Патрисио.



(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Екваторска Гвинеја е последниот четврт-финалист по нова пенал-драма

Објавено пред

По вториот меч денеска кој заврши без голови по 120 минути игра, го добивме последниот четврт-финалист на Африканскиот куп на нации, откако аутсајдерот Екваторска Гвинеја по осум пенал серии беше подобра од Мали.

Мали беше фаворит пред мечот, но не успеа да искористи повеќе шанси пред голот на ривалите, за во пенал серијата, да утнат три обиди. За Екваторска Гвинеја следува дуелот со можеби најголемиот фаворит во четврт-финалето, репрезентацијата на Сенегал.

Пенал серијата можете да ја погледнете ТУКА.

АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ 2022, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Буркина Фасо – Тунис

Сенегал – Екваторска Гвинеја

Гамбија – Камерун

Египет – Мароко

 

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Франција со епски камбек против Данска за прво место и полуфинале

Објавено пред

Франција направи апсолутно неверојатен камбек во дербито против Данска стигнувајќи до 30:29 (12:17) победа за го освои првото место во групата пред Данците и да се пласира во полуфиналето на Европското првенство во Унгарија и Словачка, и во исто време да ги уништи надежите на Исланд за борба за медали.

На Франција и беше потребно барем реми (за второ место во групата пред Исланд), но Данците имаа совршен почеток на мечот за фантастично водство од пет гола на полувреме (17:12). Голманите на Франција беа далеку под своето ниво, откако Винсен Жерар и Весли Пардан имаа само една одбрана од 18 удари на нивниот гол, додека од другата страна, Кевин Мелер имаше над 40 отсто одбрани (осум од 20).  Французите во второто полувреме, конечно, успеаја да дојдат на гол разлика во 54. минута од мечот, за првпат да поведат во 58. минута (30:29), за фантастична победа.

Дика Мем, човекот кој го постигна победничкиот гол, заедно со Иго Деска беше најефикасен за „триколорите“ со 8 гола, додека Никлас Вест Киркелеке имаше 10 гола за Данците.

Со победата, Французите се на првото место во групата 1 и во полуфиналето ќе играат со Шведска, додека за Данците останува предизвикот против актуелниот шампион Шпанија.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Раиконен не сфаќа зошто имал толку фанови во Ф1

Објавено пред

Кими Раиконен вели дека не сфаќа зошто станал еден од најомилените Формула 1-возачи кај фановите иако признава дека е можно тоа да се случи бидејќи бил постојано чуден.

42-годишниот светски шампион од 2007 година стави крај на својата богата кариера на крајот на минатата сезона и веќе нема планови за тркање, туку сака да помине повеќе време со своето семејство. Во интервју за „Моторспорт.ком“, Финецот вели дека не му целосно јасно зошто толку фанови го сакале.

„Не знам зошто им се допаѓам. Можеби поради тоа каков сум. Постојано чуден, како сакате да го опишете тоа. За мене, тоа е нормално однесување, но однадвор можеби бев чуден и не за секого. Но, ја направив кариерата според мои очекувања во поголемиот дел“, вели Раиконен.

Тој додава дека поголем проблем ќе му било да се однесува како што сакале другите отколку да го задржи својот имиџ.

„Можеш да го правиш тоа што луѓето го бараат од тебе или што сакаат да го правам, но само одредено време. Но, не мислам дека е здраво на подолги патеки“, додава Раиконен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија9 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија12 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија12 часа

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ13 часа

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија14 часа

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ16 часа

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија16 часа

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ16 часа

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија17 часа

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет19 часа

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија19 часа

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет19 часа

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет20 часа

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Свет20 часа

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 350 милиони

Вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 ширум светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти...

Регион1 ден

Возачот е виновен за автобуската несреќа на „Струма“, заклучи бугарското Обвинителство

Бугарското Обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион1 ден

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија1 ден

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет1 ден

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија2 дена

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Досие