Спорт
Милан го враќа Алваро Мората во Серија А?

Италијанскиот калчолигаш Милан продолжува со напорите да привлече напаѓач за засилување на офанзивната моќ на тимот. Маркус Турам ја одбил понудата на „росонерите“ и ќе се пресели во градскиот ривал Интер, но „росонерите“ сега имаат две нови опции за избор. Тоа се Алваро Мората и Џанлука Скамака.
Мората има искуство во Серија А од неговите две периоди во Јувентус.
Репрезентативецот на Шпанија се поврзува со Атлетико Мадрид и сака да остане во тимот на Диего Симеоне, но евентуалната понуда од Милан може да ги промени неговите планови.
На радарот на „црвено-црните“ е и Скамака, кој имаше тешка прва сезона во Вест Хем. Поранешниот играч на Сасуоло ги договорил личните услови со Рома, но нема договор меѓу двата клуба бидејќи „чеканите“ не сакаат да го пуштат на позајмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Евертон со победа се збогува со „Гудисон“

Фудбалерите на Евертон го победија Саутемптон (2:0) и се збогуваа со „Гудисон Парк“, каде што во иднина ќе игра само женскиот дел од клубот.
„Карамелите“ играа на овој стадион 133 години, одиграа вкупно 2.327 натпревари, а од следната сезона ќе настапуваат на новиот, со капацитет од 53.000 седишта, кој ќе го носи името на компанијата „Хил Дикинсон“.
Двоен стрелец за домашниот тим во натпреварот со „Светците“ беше Илиман Ндијаје, кој прво постигна гол во шестата минута, а потоа и во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Саутемптон можеше да постигне почесен гол до крајот од натпреварот, но Џордан Пикфорд ги спречи обидите на Рос Стјуарт и Камерон Арчер.
Оваа средба немаше позначаен резултат, Евертон е сè уште на 13-то место со 45 бода, едно коло пред крајот, додека Саутемптон одамна испадна од лигата и собра само 12 бода.
Евертон ќе ја затвори сезоната со гостувањето кај Њукасл, додека Саутемптон ќе го пречека Арсенал.
Спорт
Флик против Виљареал ќе излезе со историска стартна постава

Барселона денес го пречекува Виљареал на својот стадион во рамките на 37-то, претпоследно коло од Ла Лига. Натпреварот нем никаква жаност за Каталонците бидејќи тие веќе ја обезбедија титулата, додека Виљареал со триумф, во пресрет на последната рунда ќе си обезбеди место во Лигата на шампионите.
Тренерот Ханси Флик потврди дека ќе има ротација во тимот и ја најави можноста за почетен состав кој би можел да влезе во клупската историја.
Каталонскиот гигант ја обезбеди титулата на две кола до крајот, со победа од 2:0 над градскиот ривал Еспањол. Откако, во петокот го прослави освојувањето на шампионската титула, како и трофеите во Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија, Флик на прес-конференција објави промени во тимот.
Тој откри дека размислува да го започне тимот исклучиво со играчи кои произлегле од Ла Масија, познатата младинска академија на Барселона.
„Разговаравме за потенцијалниот состав со сите 11 играчи од Ла Масија. Постои шанса да го направам тоа, но сè уште не сум донел конечна одлука“, рече германскиот стратег.
Доколку оваа ротација навистина се случи, Барселона прв пат во клупската историја, во официјален натпревар, по започнале со сите единаесет играчи во стартниот состав кои се продукти на Ла Масија.
Спорт
Де Брујне: Можеби ќе останам во Англија

Манчестер сити ќе ја заврши сезоната без трофеј, исто така ќе остане и без капитенот Кевин Де Брујне, кој сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата.
Веќе е познато дека белгискиот фудбалер ќе го напушти Сити и ќе започне ново поглавје во својата кариера, но сè уште не е познато каде ќе биде тоа. Чикаго Фаер и Наполи покажуваат интерес, меѓутоа, постои интерес и од клубови од Англија.
Де Брујне, зборуваше за на оваа тема по поразот во финалето на ФА Купот против Кристал Палас (1:0).
„Дали ќе останам во Англија? Зависи од тоа кој би дошол со понуда… Имам семејство, деца, морам да донесам одлука штоќе им одговара на сите. Одлуката е комплексна“, рече Де Брујне.
Постои интерес од северно-американската МЛС лига, а Де Брујне вели дека сè уште сака да игра фудбал на највисоко ниво.
„Разговарам со други клубови, да. Сакам да играм добар фудбал, каква и да е одлуката.“
Де Брујне го напушта Сити по десет години на стадионот „Етихад“.