Спорт
Милан останува опција за Елиф Елмас

По добивањето на нови сопственици, Милан продолжува да биде поврзуван со повеќе потенцијални трансфери, од кои еден е тој на македонскиот репрезентативец на Наполи, Елиф Елмас, тврди „Тутомеркато“.
22-годишниот Елмас може да игра на позицијата на централен играч од средниот ред, но и понапред зад напаѓачите или на левото крило, и тоа е опција која одговара на побарувањата на тренерот на актуелниот италијански шампион, Стефано Пиоли.
Елмас, кој има договор до 2025 година, пристигна од Фенербахче во 2019 за 16.2 милиони евра, но никогаш не доби постојано место во стартниот тим на сегашниот тренер на Наполи, Лучано Спалети, иако имаше 7 гола и 6 аистенции во 46 настапи оваа сезона, повеќе во Лига Европа отколку во Серија А.
TMW – Il Milan guarda in casa Napoli: nel mirino dei rossoneri c’è Elmas https://t.co/fJQ6rKTw0S
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) June 3, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Два гола и една асистенција за Миовски во шкотската Премиерлига

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува да „тресе“ за Абердин во шкотската Премиерлига, откако го предводеше својот тим до 4:0 победа над Рос каунти со два гола и една асистенција за само 54 минути на теренот.
Миовски го отвори резултатот во 21. минута, во 48. минута му асистираше на Мекгрет за 3:0, за во 54. минута да го постигне и својот втор гол за фантастична победа.
Ова е само прва победа за Абердин во првите пет кола од новиот шампионат и тие се на претпоследното место на табелата со 5 освоени поени.
BM 9⃣ is our Halliburton Man of the Match 🔥#StandFree pic.twitter.com/9aCeLOquVN
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) September 24, 2023
Aberdeen are in cruise control at Pittodrie! 🎯
⏱️ 48' Jamie McGrath nets the third
⏱️ 52' Bojan Miovski makes it four#BBCFootball pic.twitter.com/hsExGMEQue— BBC Sport Scotland (@BBCSportScot) September 24, 2023
Спорт
Прва лига: Шкендија на врвот, Струга ТЛ подобра од Работнички, Гостивар го победи Вардар

Шкендија ја победи Македонија ЃП со 1:0 и сега е осамена на врвот на табелата во Првата фудбалска лига. Ералдо Чинари беше стрелец на победничкиот гол во 59.минута од дуелот.
Брера и Силекс ремизираа во Струмица, 1:1. Марко Ѓорѓиевски се погрижи за 0:1, а Анѓелески во 58.минута не реализира пенал за гостите. Брера успеа да израмни и да освои бод со голот на Трајков во 76.минута.
Струга Трим Лум го победи Работнички со 1:0. Бесарт Ибраими не успеа да искористи пенал, но младиот дефанзивец Идризи го постигна голот за триумф во 50.минута од мечот.
Шкупи со пресврт дојде до триумф од 2:3 на гости против Воска. Домаќините експресно поведоа преку Марушиќ, но потоа голманот Велии направи грешка што ја искористи Суад Сахити.
Дуду во 33.минута се погрижи за пресврт од 1:2, а Арби Воша зголеми на 1:3. Марушиќ од пенал намали на 2:3 во 82.минута.
Гостивар го победи Вардар на СЦ „Борис Трајковски“ во Маџари со 0:2 и го испрати на дното на табелата. Новото засилување Кенхинде со удар со глава донесе предност за гостиварци, а Гоба на крајот го потврди триумфот.
Тиквеш во Кавадарци со пресврт дојде до триумф од 2:1 против Брегалница. Штипјани до предност дојдоа во 28. минута со голот на Колин Андерсон. Сепак, по грешката на Лвалива, Спахиу израмни на 1:1 во 59. минута. Брегалница не искористи пенал преку Венегас во 69.минута, а Иван Ивановски постигна победнички гол за Тиквеш.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито на северен Лондон, нова мизерија за Челси!

Големото дерби на северен Лондон, повторно донесе искри, голови и неизвесност, за на крајот Арсенал и Тотенхем да се задоволат со 2:2 реми. Челси на Маурисио Почетино пак, никако да излезе од кризата по 0:1 поразот од Астон вила, додека Ливерпул и Брајтон продолжија со своите победи во шестото коло на Премиерлигата.
Арсенал дојдоа во водство во 22. минута со автоголот на Кристијан Ромеро, но гостите бргу се вратија во игра, откако Сон Хеунг-Мин израмни во 42. минута. Во второто полувреме, „топчиите“ пак беа во предност со голот на Букајо Сака во 54. минута од пенал, за експресно во 55. минута Сон пак да израмни.
На „Стемфорд Бриџ“ пак, имаше само очај за домашните навивачи. Мало Густо во 58. минута доби директен црвен картон, а Астон вила го искористи тоа и дојде до водство преку Оли Воткинс во 73. минута од мечот. По пет кола, тимот на Маурисио Почетино е на 14. место на табелата со само една победа.
На „Енфилд“, Ливерпул поведе преку голот од пенал на Мохамед Салах во 16. минута, но Вест хем израмнија преку Џеред Боуен во 42. минута од мечот. Уругваецот Дарвин Нуњез ја продолжи добрата форма со победничкиот гол во 60. минута од мечот, за Диого Жота во 85. минута да ги потврди трите поени.
ПРЕМИЕРЛИГА, 6.КОЛО
Челси – Астон вила 0:1
Арсенал – Тотенхем 2:2
Ливерпул – Вест хем 3:1
Брајтон – Борнмут 3:1