Контакт

Спорт

Милан рутинирано со „фенерџијата“ – сега се највисоко во Серија А

Објавено пред

Фудбалерите на Милан лесно, рутинирано, според очекуваното со 2-0 славеа на денешниот меч против Салернитана во рамки на 16. коло во Серија А.

dobivaj vesti na viber

„Фенерџијата“ на табелата во италијанското првенство имаше само 30% од поседот на топката и упати само 1 удар во рамки на голот на повратникот Мењан.

Од друга страна, „Росонерите“ рутинирано, без многу трошење енергија со два гола уште во воведните 18 минути се чини го решија победникот, па до крајот ги штедеа силите за дуелот против Ливерпул идната седмица во ЛШ.

Стрелци на погодоците на тимот од „Сан Сиро“ беа Кеси во 5. и Салемакерс во 18 минута.

Со овој триумф, Милан барем до вечер кога Наполи игра дома против Аталанта е лидер на табелата со 38 поени, два повеќе од пулените на Лучијано Спалети.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Олимпик Марсеј му приреди победничко деби на Тудор

Објавено пред

Олимпик Марсеј победнички го стартуваше новиот шампионат на Франција, со надеж дека може да му парира на ПСЖ. Фудбалерите му приредија победничко деби на тренерот Игор Тудор на „Велодром“ откако со 4:1 го совладаа Реимс.

dobivaj vesti na viber

Фаес си даде автогол на самиот старт на мечот, а Нуно Тавареш зголеми на 2:0 пред полувремето.

Во вториот дел, Луис Суарез беше стрелец на два гола, а почесниот погодок за гостите беше дело на Фоларин Балогун.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Левандовски постигна првенец, Барса блескаше на „Гампер куп“

Објавено пред

Барселона е подготвена за почетокот на новата сезона во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Традиоционално, последниот тест е „Гампер куп“ на „Камп Ноу“, а вечерва каталонскиот гигант го совлада Унам Пумас со 6:0.

dobivaj vesti na viber

Полскиот голгетер Роберт Левандовски погоди во третата минута и го постигна првенецот, а Педри зголеми на 2:0 само две минути подоцна. До крајот на првиот дел погодија и Осман Дембеле и повторно Педри.

Во второто полувреме Обамејанг и Френки де Јонг дадоа глазура на убедливиот триумф.



Прикажи повеќе...

Спорт

Мората го растури Јувентус, Алегри го сака назад во Торино

Објавено пред

Атлетико Мадрид во пријателски натпревар го декласираше Јувентус со 4:0, а првите три гола ги постигна поранешниот, а можеби и иден играч на Јувентус, Алваро Мората.

dobivaj vesti na viber

Тој во десеттата минута првпат ја погоди мрежата на „старата дама“. На 2:0 зголеми во 43. минута, а хет-трикот го комплетираше во 62. минута.

Конечниот резултат го постави Куња во 92. минута.



Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, се обидува да го врати Мората во Торино, а тој го потсети за каков врвен напаѓач се работи. Сепак, Атлетико ќе се согласи на договор само доколку комплетно го продаде 29-годишниот шпански фудбалер.

Мората последните две сезони ги мина на позајмица во Јувентус, а особено беше успешен во последната. Атлетико бара околу 35 милиони евра за Мората.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 часа

(Видео) Експлозија во близина на аеродромот Хитроу во Англија

Силна експлозија одекна околу 17 часот по локално време во близина на аеродромот Хитроу во Англија. По експлозијата, чија причина...

Свет8 часа

Трамп: Америка повеќе никој не ја почитува, ние сме народ кој стана шега

Светската заедница ја загуби почитта кон американскиот народ и Америка, изјави Доналд Трамп. Тој исто така изрази загриженост дека другите...

Топ10 часа

Повредено дете во приватна градинка во Скопје, родителот не бил информиран

На 06.08.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17.00 часот откако...

Македонија13 часа

Почина жената од Неготино, која беше претепана од партнерот

Почина 46-годишната жена од Неготино која беше претепна од партнерот П.Н.(51) исто од Неготино. Таа беше во кома пет дена,...

Свет14 часа

Израел прифати хуманитарен прекин на огнот, но Исламски џихад одби

Израел се согласи на хуманитарен прекин на огнот на предлог на Египет, но палестинската организација Исламски џихад ја одби понудата,...

Македонија15 часа

(Видео) Каевски: СДСМ реализира стратешки цели, ВМРО-ДПМНЕ блокира и го дели народот

Преку успешните, одговорни, државотворни политики на СДСМ, државата ги исполнува стратешките цели поставени уште на Денот на независноста. Република Северна...

Македонија16 часа

(Видео) Арсовски: Оставка од министерката Стојчевска заради цензурата на културата која се обидува да ја направи

Бисера Стојчевска трет ден ниту им се извинува на граѓаните, ниту пак има намера да си даде оставка. Ставајќи се...

Регион16 часа

Првите проблеми во истрагата: Уништен е тахнографот и не може да се прочита брзината на возење на полскиот автобус

Уништен е тахографот на полскиот автобус, кој вчера излета од автоптот А4 кај Загреб при што загинаа 12 лица, објави...

Регион16 часа

Приведена па ослободена руската новинарка Дарија Асламова

Институциите во Приштина ја ослободија притворената новинарка на „Комсомолска Правда“, Дарија Асламова, која синоќа беше однесена на Косово и Метохија,...

Свет18 часа

Зеленски: Амнести интернешнл молчи за нуклеарниот терор на руската армија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја обвини Амнести Интернешнл дека молчи за нуклеарниот терор на руската армија. „ За жал,...

Свет18 часа

Расте бројот на загинати во Појасот Газа, убиен еден од лидерите на Исламски џихад

Израелската армија уби еден од водачите на палестинската група Исламски џихад во Појасот Газа, соопштија денеска израелските власти. Станува збор...

Свет19 часа

Европски медиуми: Америка ја вовлекува неволната Европа во конфликт со Кина

Некои аналитичари во ЕУ сметаат дека Америка во суштина ја вовлекува Европа во конфликт со Кина против нејзината волја и...

Македонија1 ден

Димитров: Зачести употребата на терминот „северномакедонци“, мора редовно да се реагира на секоја погрешна употреба

Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин “северномакедонци” од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го...

Регион1 ден

Објавени првите резултати од увидот: Возачот изгубил контрола над автобусот од Полска

Увидот за сообраќајната несреќа во која загинаа 12 луѓе на автопатот кај Брезница, Хрватска, утврди дека возачот изгубил контрола над...

Македонија1 ден

Подољак ѝ се заблагодари на Македонија за донацијата од тенкови: Пријателот се познава во неволја

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак се заблагодари на донацијата што Украина ја доби од Македонија. Донацијата што Македонија ѝ...

Топ1 ден

Жена изгоре во пожар во куќа во Стар Дојран

Утрово во пожар во куќа на улицата „Маршал Тито“ во Стар Дојран, изгоре жена. Пожарот бил изгаснат од екипа на...

Регион1 ден

Ердоган откри за што се разговарал со Путин: Повторно му понудив средба со Зеленски

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека му предложил на рускиот претседател Владимир Путин да ја организира неговата средба со...

Топ2 дена

Обид за убиство на затвореник во „Идризово“, во тешка состојба е однесен во болница

Неколку минути по полноќ, обид за убиство на затвореник имало во затворот „Идризово“. Со две рани и во тешка состојба,...

Свет2 дена

Ентони Блинкен: Кина се оддалечува од мирно решавање на проблемот

Последните дејствија на Кина во Тајван се поблиску до принуда и употреба на сила отколку до практиката на мирно решавање...

Свет2 дена

Пекинг: Меѓународната заедница мора да одговори на притисокот на САД

Кинеските власти сметаат дека е неопходно меѓународната заедница да се обедини против „непромислениот“ притисок на САД и нивното мешање во...