Спорт
Милер и Левандовски ја средија Арминија
Фудбалерите на Баерн Минхен забележаа лесна победа на гостувањето во Билефелд. Тандемот Роберт Левандовски-Томас Милер постигна по два гола во триумфот над Арминија 4:1.
Прв мрежата на Арминија ја затресе Милер во осмата минута, Левандовски му одговори со својот прв гол 18 минути подоцна. Во првата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел Левендовски го постигна својот втор гол.
Милер се „израмни“ со Левандовски во 51 минута кога со неговиот втор гол Баерн дојде до 4:0.
Единствениот гол за Арминија е дело на Доан во 58 минута.
Баерн натпреварот го заврши со десет играчи на теренот, во 76 минута беше исклучен Корентан Толисо.
Баерн со десет поени го дели второто место со Борусија Дортмунд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Миовски стрелец, Ренџерс поразени од Ференцварош
Глазгов Ренџерс загубија во Будимпешта од Ференцварош (2:1), во шестото коло, во Лига Европа.
Пкотскиот великан водеше со спектакуларниот гол на Бојан Миовски во 27-та минута. Македонскиот репрезентативец влегува во форма, откако беше стрелец изминатиот викенд, во Премиер лигата на Шкотска.
Ференцварош до крајот на полувремето изедначи, во петтата минута од судиското надополнување на времето погоди Отвос. Победата на Унгарците им ја донесе Варга во 72-та минута.
По шест рунди Ренџерс се на 33-то место со само еден бод и реално без шанси за пласман во нокаут фазата, додека Ференцварош со 14 бодови се наоѓа на четвртото место.
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Шкендија го победи Слован Братислава
Фудбалерите на Шкендија го победија Слован од Братислава со 2:0 (2:0), во петото коло во Конференциската лига. Шкендија дојде до втората победа и вкупно седмиот бод, што и донесе скок на 18-то место на табелата. Шкендија сега има реални шанси да се пласира во нокаут фазата.
Шкендија го скрши Слован во втората половина од првото полувреме. Во 33-та минута Бајриќ си постигна авто гол, а во првата минута од судиското надополнување на времето, водстото го дуплираше Спахиу.
Покрај освоените три бода, Шкендија за овој триумф ќари и 400.000 евра, колку што УЕФА ја вреднува победата во Конференциската лига.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
„Луѓе немаат за леб, се водат војни, а Винисиус заработува милијарди“
Селекторот на ватерполо репрезентацијата на Хрватска, Ивица Туцак, во подкастот „Lood“ зборуваше за социјалните неправди и искривените вредности во спортот.
Трофејниот тренер ја апострофираше диспропорцијата помеѓу заработката на фудбалерите и другите професии, а коментираше и за моменталната состојба во светот.
„Седам со, можам да кажам, мојот пријател, докторот Стипе Јадријевиќ. Што прави тој човек во животот, низ што поминува. Спасува луѓе, отстранува црн дроб, трансплантации. А овој човек има милијарди евра затоа што најдобро ја шутира топката, тоа е ужасно“, рече Туцак и продолжи.
„Како ќе заврши сето ова, оваа лудост во која живееме. Ваму војни, глупости, убиства… Овде овој човек игра фудбал и заработува сто милијарди. Некој Винисиус, со сета почит кон момчето, човекот… заработува толку пари. Па од каде ова, не ме замарајте! Што почна да се случува? Ајде, милион, два, пет… или десет нешто. Јас самиот сум спортист и знам што е потребно за да се биде успешен. Но, овој заработува милијарда, а некаде луѓето умираат од глад. Предмет на потсмев на времето во кое живееме.“
Foto/ freerangestock

