Спорт
Милевски го објави списокот за Грузија и Бугарија
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за последните два натпревари против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември) од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации.
За пресметките со Грузијс во Тблиси и Бугарија в Скопје, селекторот Милевски повика 27 фудбалери:
Голмани:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);
Одбрана:
Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифак, Саудиска Арабија), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Езѓан АЛИОСКИ (Фенербахче, Турција), Тодор ТОДОРОВСКИ (Сумгаит, Азербејџан), Стефан АШКОВСКИ (Ламиа, Грција), Никола СЕРАФИМОВ (МОЛ Види, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Ворскла, Украина), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев)
Среден ред:
Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Трабзонспор, Турција), Аријан АДЕМИ (Динамо Загреб, Хрватска), Енис ФАЗЛАГИЌ (Дунајска Стреда, Словачка), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Хрватска), Стефан СПИРОВСКИ (Пјуник, Ерменија)
Напад:
Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (Абердин, Шкотска), Дарко ЧУРЛИНОВ (Барнли, Англија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Дориан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија)
Собирот репрезентацијата е закажан за за 19. септември (понеделник) во 12:00 часот во х. Хилтон во Скопје.
Во групата од Лига на нации, македонската репрезентација со седум бодови од четири натпревари е на второто место. Грузија е лидер со десет бодови. Бугарија е трета со три, Губралтар има бод од досегашните четири меча.
Извор/ ffm.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ватерполистите на Србија го освоија европското првенство
Класик во финалето на Европското првенство во ватерполо, во натпреварот за титулата најдобар на Стариот континент, Србија ја победи Унгарија по голема борба, 10:7. Србија шести пат во својата историја ја освои европската титула.
Со гранитна одбрана и фантастичен борбен дух, Србија се врати на европскиот ватерполо трон. По нерешениот резултат во првото полувреме (5:5), Србија прва стигна до предност од два гола на почетокот на третата четвртина, кога Василије Мартиновиќ го искористи напад со играч повеќе и постигна гол за 7:5. Унгарија потоа го намали резултатот на 7:6, што беше резултат со кој селекциите влегоа во решавачката четвртина.
На четири минути и 13 секунди пред крајот, Србија повторно дојде предност од два гола, а на три минути пред крајот, Ѓорѓе Лазиќ го зголеми резултатот на 9:6, во тој момент најголема предност, а прашањето за победникот дефинитивно го реши Мандиќ со гол за 10:6 една минута и 46 секунди пред крајот на натпреварот.
Голманот на Србија, Милан Глушац, дебитант на големите натпреварувања е вистинскиот херој на својата репрезентација. Во финишот на финалетоцелата „Арена“ скандираше „МВП, МВП“. Младиот голман заслужи да добие овации на отворена сцена, одбрани 11 од 18 шутеви на унгарските ватерполисти, за процент на успешност од 61,1 отсто.
Стрелците на Србија ги предводеше Душан Мандиќ со четири гола, на споритвната страна гол помалку постигна Венгел Вигвари.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Убедлив триумф на Јувентус во дуелот со актуелниот првак
Фудбалерите на Јувентус убедливо го победија шампионот на Италија, Наполи со 3:0 (1:0), во дерби натпреварот од 22-то коло на Серија А. Во центарот на вниманието беа тренерите Антонио Конте и Лучано Спалети, играа против своите поранешни клубови.
„Старата дама“, го искористи фактот дека Наполи пристигна ослабен и оствари убедлив триумф. Шампионот на Италија за прв пат оваа сезона прими три гола во еден натпревар од Серија А.
Канаѓанецот Џонатан Давид ја најави победата во 22-та минута по асистенцијата од Мануел Локатели.
Во вторите 45 минути, уште два пати беше совладан Алекс Мерет, кој бранеше наместо повредениот Вања Милинковиќ Савиќ.
Во финишот на натпреварот, Јувентус постигна два гола, Вториот е дело на Кенан Јилдиз по додавање на Фабио Мирети, кој штотуку влезе во играта. А потоа и најубавиот гол на натпреварот, фантастичен удар на Филип Костиќ за конечни 3:0.
Kostic finds the back of the net! Juventus with a powerful strike!#JUVNAP #SerieA #Footballpic.twitter.com/gKrHrXcwcl
— goalpostX (@GoalpostX) January 25, 2026
Наполи сега има девет поени помалку на табелата од лидерот Интер и се чини дека полека го губат чекорот во шампионската трка.
Foto/
Спорт
Исланд ја декласира Шведска на ЕП
Ракометарите на Исланд ја победија Шведска со 35:27 во второто коло од втората фаза на Европското првенство.
Исланѓаните, се рехабилитираа по поразот од Хрватска и им го нанесоа првиот пораз на турнирот на Швеѓаните. Во моментов во Групата 2, Исланд, Шведска и Словенија имаат по четири бода и се на врвот на табелата. Хрватска е четврта со два бода и натпревар помалку.
Исланд водеше во текот на целото прво полувреме. Швеѓаните се држеа до 9:7, но Исланѓаните потоа направија серија од 5:1 и стекнаа голема предност од шест гола.
На шполувреме Исланд водеше 18:12, но со одлична игра на почетокот од второто полувреме, Шведска се врати на само еден гол негатива во 42-та минута.
Исланд успеа да го одбие тој налет, со три последователни гола, стекна предност од четири гола (26:22). Во 52-та минута, Шведска губеше со 28:25, но потоа Исланд постигна пет последователни гола и се одвои на огромни +8.
Исланд до победата го предводеше брилијантниот Виго Кристјансон со 11 гола. Бјарки Мар Елисон додаде шест гола, а Один Тор Рикхардсон пет гола. Голманот Виктор Гисли Халгримсон одбрани 12 удари. Албин Лагергрен постигна пет гола за поразениот тим.
Foto/ EPA

