Спорт
Милевски го одреди почетниот тим: Елмас – Трајковски – Миовски е напаѓачкото трио

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го одреди почетниот состав за вечерашниот натпревар против Малта, прв во квалификациите за ЕВРО 2024.
На голот е Столе Димитриевски, во одбраната ќе играат Дарко Велковски, Висар Муслиу и Ѓоко Зајков. На десната бековска позиција е Стефан Ристовски, а на левата странична позиција ќе игра Езгјан Алиоски.
Во средниот ред се Јани Атасов и Енис Барди, а во нападот ќе играат Александар Трајковски, Елиф Елмас и Бојан Миовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Зверев доминираше против Димитров за четврт-финале на Ролан Гарос

Германскиот тенисер Александер Зверев го совлада Бугаринот Григор Димитров со 3:0 во сетови (6:1, 6:4, 6:3) и се пласира во четврт-финалето на Ролан Гарос. Во следната рунда за ривал ќе го има Томас Мартин Ечевери.
Димитров освои само еден гем во првиот сет. Зверев продолжи со добра игра и во вториот сет, добивајќи го со 6:4 во гемови.
Во третиот сет му препушти три гема на Димитров.
Спорт
(ВИДЕО) Штутгарт останува во Бундеслигата, го доби и вториот дуел против Хамбургер

Штутгарт го задржа бундеслигашкиот статус откако во плеј-офот за опстанок во елитата го победи Хамбургер на вториот меч, на гости со 1:3. „Швабите“ имаа предност од 3:0 по првиот натпревар на „Мерцедес Бенц арена“, па на крајот убедливо го совладаа ривалот со вкупен резултат, 1:6.
El drama del #Hamburgo fue total.
⚽️ Los hinchas celebraron un ascenso que no fue.
⚽️ En la Promoción perdieron 1-6 (0-3 y hoy 1-3) ante el #Stuttgart.
⚽️ El arquero regaló así el 1-2 hoy.
⚽️ Jugará por sexto año seguido en la B alemana.#RelojMufa pic.twitter.com/qP2hLOdQnK— Rodrigo Eyzaguirre (@RodEyzaguirre) June 5, 2023
Вечерва, Сони Кител му даде надеж на Хамбургер со голот во шестата минута, но во вториот дел Штутгарт направи пресврт. Двоен стрелец беше Енцо Милот.
Тој погоди во 48.минута за израмнување, а потоа ја искористи неверојатната грешка на домашниот голман Даниел Фернандеш за да направи пресврт во 64.минута.
Силас во судиското продолжение го потврди триумфот на Штутгарт и останувањето во елитата.
Спорт
Манчестер Јунајтед нуди 50 милиони фунти за Мејсон Маунт

Манчестер Јунајтед ќе ги отвори преговорите за играчот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт, со понуда од 50 милиони фунти, откриваат медиумите на Островот. Сумата е многу помала од 70 милиони фунти што ги побараа лондончани.
На „Олд Трафорд“ сепак одлучија дека ова е добра стартна позиција за вистински почеток на преговорите меѓу двата клуба.
24-годишниот Англичанец, кој е под договор на уште една сезона со својот сегашен клуб, веќе ги договорил личните услови со 20-кратниот шампион. Трансферот нема многу да се одложува бидејќи двата клуба сакаат тој да биде финализиран до крајот на месецот.
За Челси ова е важно, бидејќи по потрошените 600 милиони фунти за трансфери во последните два прозорци, клубот е притиснат од ограничувањата на финансискиот фер-плеј и до 30 јуни средства мора да влезат во касата за да се избалансираат сметките.