Спорт
Милевски го „загуби“ и Етеми за мечевите со Украина и со Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, нема да може да смета на офанзивецот на Истанбулспор, Ваљон Етеми за квалификациските натпревари против Украина и против Англија. Тој е повреден и нема да може да одговори на повикот.
„Ваљон Етеми поради повреда не е во можност да се стави на располагање на А репрезентацијата на Македонија за претстојниот собир и натпреварите против Украина и Англија од квалификациите за ЕП 2024″, информираат од ФФМ.
За овој собир отпаднаа и Бојан Миовски и Дарко Чурлинов поради здравствени проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мекларен в недела може да ја обезбеди титулата меѓу конструкторите

Тимот на Мекларен може да ја освои шампионската титула на трката во недела за Големата награда на Сингапур.
Мекларен можеше да ја освои шампионската титула кај конструкторите во 2025 година во Азербејџан, на градската патека во Баку, но го имаа најлошиот викенд во сезоната со освоени само шест бода.
Тие победија на 12 трки во сезоната, седум пати возачите на папаја тимот беа на првите две позиции и со причина се први фаворити за освојување на шампионската титула.
Мекларен освоија 623 бода, додека Мерцедес има 290, Ферари 286, а Ред Бул 272, и јасно е дека патот до десеттата шампионска титула на Мекларен во историјата на тимот е веќе познат.
До крајот на сезоната останаа седум трки и три спринт трки, во игра се вкупно 346 бода, додека предноста на Мекларен во однос на Мерцедес е 333 бода, а 337 бода во однос на Ферари.
Доколку Мекларен освои 13 бода на трката во Сингапур, официјално ќе ја освојат титулата меѓу конструкторите за 2025 година.
Ова значи дека е доволно само еден од возачите, Пјастри или Норис да заврши меѓу првите тројца на трката за Големата награда на Сингапур.
Мекларен во досегашниот тек од сезоната, на само две трки, во Канада и Азербејџан, немаше возач меѓу најдобрите тројца.
Спорт
Целосно е срушен култниот стадион во Сарагоса

Култниот стадион „Ла Ромареда“ во Сарагоса, дом на истоимениот фудбалски клуб, е срушен за да се направи место за модерна арена пред Светското првенство во 2030 година.
На овој начин во историјата замина стадионот изграден пред 68 години. Капацитетот на „Ла Ромаледа“ изесуваше 33.000 седишта.
Сите четири трибини се срамнети со земја, а изградбата на новиот објект се очекува да започне во наредните месеци. Планирано е реновираниот стадион да има капацитет од 42.500 гледачи, што ќе ги исполни сите критериуми за големи натпреварувања. Шпанските медиуми објавија дека изградбата ќе чини 140 милиони евра.
Проектот е поддржан од компанијата „ИДОМ“, а директорот за спорт и настани, Сезар Аскарате, ја откри визијата зад новиот дизајн.
„Фокусирајќи се на неговите текови, го обликувавме стадионот и покривот, моделирајќи ги како флуидни и динамични елементи“, рече Аскарате.
„Ла Ромареда“ се наоѓа во срцето на Сарагоса и е дом на Реал Сарагоса, клуб кој се натпреварува во втората лига на шпанскиот фудбал. Додека работите се во тек, тимот ќе ги игра своите домашни натпревари на стадионот „Иберкаха“.
Стариот стадион останува запишан во историјата како домаќин на три натпревари на Светското првенство во 1982 година, каде што играа репрезентациите на Шпанија, Југославија, Северна Ирска и Хондурас.
Спорт
Само Атлетико е во фокусот на Хулијан Алварез

Хулијан Алварез е голема желба на Барселона, но Аргентинецот воопшто не размислува за гласините за неговиот трансфер.
Додека цела Европа зборува за него откако блесна против Реал Мадрид и во Лигата на шампионите против Ајнтрахт, Аргентинецот е смирен и фокусиран само на својот тим и теренот.
„Јас сум целосно смирен. Секогаш ќе има шпекулации, имаше и минатата сезона. Сепак, сезоната штотуку започна и јас сум фокусиран само на мојот напредок, да му помогнам на мојот тим во борбата за освојување трофеи. Тоа е единственото нешто за кое размислувам и не ме интересира што пишуваат на социјалните мрежи“, рече Алварез.
„Мојот фокус е само Атлетико Мадрид и Светското првенство следното лето“, додаде Алварез.
Да ве потсетиме дека Алварез е најголемата желба на Џоан Лапорта пред претседателските избори наредното лето.
„Знам дека Хулијан е навивач на Барселона и порано или подоцна ќе заврши во Каталонија“, рече тој.
Реалноста е сепак поинаква, Барселона се уште има проблеми со финансискиот фер-плеј, евентуалниот трансфер на Алварез би изнесувал, според некои медиуми 200 милиони евра.
Од оваа перспектива Барселона тешко дека може да си го дозволи ова, плус Алварез има договор со Атлетико до 2030 година и клаузула за откуп од 500 милиони евра.
Foto/ EPA