Спорт
Милевски повика 27 фудбалери за дуелите со Белгија и Казахстан

Извор/ ffm.mk
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот на играчи повикани за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство против Белгија на 6. јуни во Скопјe и Казахстан на 9. јуни во Астана.
На списокот на селекторот Благоја Милевски, единствениот дебитант е Стефан Деспотовски од ОФК Белград.
Дефанзивците Дарко Велковски и Никола Серафимов, како и играчот од средниот ред Лирим Чамили, ќе пропуштат два натпревари од квалификациите за Светското првенство поради повреди.
Список на повикани фудбалери:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонец испиша историја во Америка: Дејан Милошевски добитник на највисока Панамериканска судиска лиценца

Дејан Милошевски – Македонец кој живее во САД и е почесен карате амбасадор на Македонија, стана првиот Македонец со добиена највисока континентална судиска лиценца Referee A од Панамериканската федерација. Станува збор за едно од најпрестижните континентални признанија во светот на карате судењето, кое обично се добива по многу години искуство, и преку пет последователни лиценци – судија Ц,Б,А, Рефери Б и Рефери А.
Милошевски беше дел од американската судиска делегација составена од 21 судии, кои ја претставуваа САД на ова историско првенство.
Милошевски дополнително, ја освои и лиценцата за кати, со што стана единствениот Македонец во историјата со европска и панамериканска судиска лиценца.
„Се подготвував со страст и визија. Сакав да бидам најдобар и да покажам од каде доаѓам. Судев неколку финалиња и со гордост кажував: Јас сум од Македонија. После овој шампионат, секој член на PKF ќе знае за Македонија“, изјави Милошевски.
Изминатата недела, на најголемото Панамериканско карате првенство досега, организирано од ПКФ – Панамериканската Карате Федерација, беше забележан рекорден број натпреварувачи 563 натпреварувачи од 28 земји, а за прв пат беа вклучени категориите У21 и Пара Карате.
Спорт
Падна договор: Иванишевиќ има нова работа!

По краткорочната соработка со Јелена Рибакина, Горан Иванишевиќ се враќа на АТП турнејата!
Иванишевиќ се договорил со Стефанос Циципас за пробна работа, а нивниот прв заеднички турнир веќе ќе биде во Хале.
Иванишевиќ ќе биде единствениот тренер, а во минатото одлично зборуваше за потенцијалот на Циципас.
Гркoт, двократен вицешампион на грен слем, веќе подолго време е во пад, а на последните четири грен слем турнири вкупно има само две победи.
Циципас има 26 години и има уште многу време пред него да се врати таму каде што беше – најдобар пласман му е третото место, а во кариерата освои 12 титули.
Иванишевиќ пред Рибакина и Новак Ѓоковиќ работеше и со Марин Чилиќ и Милош Раониќ.
Спорт
Дмитровиќ ќе биде новиот голман на Црвена звезда

По Родриго и Милош Вељковиќ, засилување на Црвена Звезда ќе биде и голманот Марко Дмитровиќ, објавува „Моцартспорт“.
Искусниот српски голман и поранешен репрезентативец на Србија ги договорил личните услови и како слободен играч ќе потпише договор со Црвена звезда.
Дмитровиќ бранеше за Леганес, но не успеа да избори опстанок во Примера. Неговиот договор со Леганес заврши автоматски по испаѓањето на овој клуб во Сегунда.
Инаку, Дмитровиќ потекнува од школата на Црвена звезда, но поради силната конкуренција не доби шанса да дебитира за првиот тим, па својата кариера ја изгради во странство, во Ујпешт, Чарлтон, Алкоркон, Еибар, Севилја и Леганес
Бранеше 19 пати за српската репрезентација.